Јас сум со хашимото автоимуна,и јас моите деца од бебиња ги носев на патофиза и на детска ендокринологија,можеш и таму,но од лично искуство би препорачала ако веке го носиш,на патофиза/нуклеарна медицина. Ептен се стручни за тироидна,ке му направат физички преглед,ако го боцнат ке му испитаат и антитела и фт3.ехо, со упат од интернист се закажува,веројатно и специјалист за орл може да даде упат. др.Поп Ѓорчева,др Тања Маказлиева,др Маја здравковска Ако нормално расте,се развива,се следи редовно од педијатар,само следете состојба,не се секирај.
Отидов на лекар со симптоми на омалаксаност, потеченост во лицето. Ни на крај памет не ми беше тироидната. Прегледав крв и така покажа. За 2 недели имам термин на радиологија. Нуклеарна медицина. Се надевам на точна терапија. Да ми се вратат хормоните во нормала. Се разобличив цела. И нефункционална сум. Од умор од се
Se nadevam ke ti se vrati sve vo normala toa stana cesta bolest u denesno vreme .... jas pred nedela dena pravev preku krv proverka na teroidna zlezda se bese ok ... samo neznam dali treba da idam na podetalno za site hormoni zasto ponekogas custvuvam pritisok vo predelot na tiroidnata zlezda ili cesenje ...
Дали е можно при намалена функција на жлездата ако е дадена повисока доза на апчиња еутирокс отколку што треба(ако не е погодена терапијата) да се чувствуваш омалаксено понекогаш посебно кога немаш работа кога дремеш по дома отколку кога работиш нешто...крвна слика направено во ред е...
Zdr devojki ke ve zamolam za mislejne, dali e dobar rezultat na tiroidna zlezda 2,46,ft4 15,atpo 10,imav pred 3meseci spontan pa sega pravam analizi za da pocnime povtorno so obidi.
Нешто не ми е јасно со овој резултат. Имаш тсх 0,9 и некој ти дал еутирокс? @meri24 во ред се резултатите, во нешто друго ти е проблемот.
Па веќе пет год пијам еутирокс кога по 2ипол кога по 50 сега од летово до сега сум 50 со 75за викенд.. откако ми е направена ова анализа
Не разбирам дали ти ја зголемиле дозата, ама според ова тсх можеле да ја остават истата, ако е идеално околу 2 ова е скоро на долна граница. Не знам дали имало друга причина, ама која друга причина еве не ми текнува.
Пред тоа бев бремена и ја пиев таа доза и се породов отидов потоа и јас се надевав на намалување на дозата меѓутоа ја остави истата... а да ти кажам јас не ги ни разбирам резултатите колку е нормално колку е под колку е над дозволеното... јас се водам како намалена функција.
5 години пиеш еутирокс и не знаеш колку е нормала? Тое е податок кој ќе го најдеш и прочиташ на нет за една минута. 5 години да не се заинтересираш да прочиташ основни работи за состојбата која ја имаш и заради која секојдневно пиеш апчиња? Браос.
Стварно незз зошто не сум се растерала можеби дека наидувам на страшни работи кога читам секогаш помислувам на најлошото... и кога ќе го прашам докторот ми вика добро е... па у себе си велам кога е добро што ми даваш апчиња
Разговарај со докторот, кажи му дека не се чувствуваш добро. Или терапијата не е погодена или и некој друг проблем покрај намалена функција, можеби антителата ти се високи, ама тоа само ти и докоторот може да решите, ти чувствуваш проблем, тој треба да испита зошто е тоа така. Ти ги пишува граничните вредности на резултатот, од 0,4 до 4 е нормално, тебе ти било 0,9 пред да ти ја појача дозата. Сега веројатно тсх е паднато уште пониско.
Значи мене ми е било нормално... ни под граница ни над... што значи ако ми е паднато ќе треба да ми ја намали ли дозата
Каде читаш дека и ја појачал дозата? Истата доза била пред резултатов ко што разбрав јас. И ако е отидена во хипер заради преголема доза на еутирокс, не би чувствувала омалаксаност, симптомите за хипер нели беа обратни од хипо? Најдобро да си провери сега колку е, ако последно била лани во Јуни.