Здраво исто ми варира и мене многу тсх ми беше 0,01 па ми се качи на 15,сеа ми е 4 исто ми викаат дека е на стрес. Ист проблем имам и со кг никогаш не сум имала ваков проблем, ама откако ми го открија тсх или качувам и неможам да симнам или тапкам во место, а слушам и други што имаат тсх имаат исто така проблем. бар да имаме успешно ивф па др. Незнам што да кажам.
Здраво Имам бебе на кое на 11 ден му е контатирано хипотиреоза со многу високи вредности на ТСХ,и веднаш е започната терапија со Еуротирокс...Дали има некој да сподели слично искуство, воведување на Еуротирокс кај новороденче? Како напредувало бебето?
Душо барај и второ и трето мислење. . Незз што да ти кажам сум чула за деца од 11 па нагоре што се на еутирокс а за бебе незз, нека пише некој со искуство... му даваш ли веке на бебето еутирокс
Ви благодарам...Секако се побарани повеќе мислења од доктори и од 11 ден му е вовден Еутирокс....ако има некоја мајка која се соочила со ова ве молам пишете ми го вашето искуство.
За ова имаше зборувано доктор на тв пред некој ден. Дали за време на бременоста испитавте тироидна? Дали е можно да сте имале покачено ТСХ додека сте биле бремени а да не сте знаеле? Како и да е според она што го слушав не е доживотно и се средува.
Познавам (сега се во странство)од раѓање беше на еутирокс.Ништо страшно,сега е здрав прав дечко на 13 год.само што зема терапија.Не се плаши.сосема нормално се развиват ,растат.
Драги, имам тешка анксиозност неколку месеци, па на препорака од психијатарот направив испитувања на тироидната. Сите се во ред. Ме плаши само ова фт3, граница е 3.91 а мене ми е 3.76. Докторот ми вели дека е во ред и нема потреба да паничам. Што мислите вие? Имате слични искуства со горни граници? Треба да се прати почесто? Само фт3 е блиску граница, сѐ друго е на средна вредност.
Билјарка, те молам за помош, гледам дека си упатена во ова. Прв пат во животот правев испитувања на тироидна. Резултатите се во нормала, но, ова фт3 е блиску граница. Граница е до 3.9 мене ми е 3.7. Anti. Tro 0.78 00-5.60 Cortisol 15.2 5- 25.36 Ft3 3.70 1.58- 3.91 Ft4 0.94 0.70- 1.48 TSH 0.5207 0.3500 - 4.9400
Ве молам за мислење дали да продолжам со други испитувања? Прв пат сум во ова и многу сум исплашена. Поради анксиозноста, психијатарот ме упати на овие испитувања. Во живот не ми текнало дека имам проблем со тироидната. Резултативе не излегуваат од нормалата, но, Фт3 е блиску горна граница, додека Фт4 е мирно. Се изначитав дека можело и само со повисоко Фт3 да има хипер, додека двајцава интернисти кај бев ми велат дека резултатите се нормални и не ме праќаат кај ендокринолог. Ве молам за мислење оти гледам дека сте поприлично упатени. Anti. Tro 0.78 - - - - - - - 00. -5.60 Cortisol 15.2 - - - - - - - -5. - 25.36 Ft3 3.70 - - - - - - - 1.58 - 3.91 Ft4 0.94 - - - - - - - 0.70- 1.48 TSH 0.5207 - - - - - - 0.3500 - 4.9400
Според резултативе во ред си, сепак ТСХ малку пониско од идеалната средна вредност. Следи го 2 пати годишно, за вакви резултати терапија обично не даваат. Мое нестручно мислење- ништо загрижувачки .
A Ft4 i Ft3 obicno se povisuvaat zaedno? Ft3 e povisok dodeka Ft4 ne. Mnogu konfuzno mi e se'. Sto da pravam za da go pokacam ova TSH? A imam blagi simptomi na aktivna tiroidna. Anksiozna sum, dlankite cesto mi se potni. Od dete sum vakva. A prv pat ja proveruvam.
Може со тек на време да прогресира, не мора, нема правила. Едното од овие фт се конвертира во организмот во другото, дали ф3 во ф4 или обратно не се сеќавам. Како се покачува ТСХ немам поим, главно за хипо сум истражувала. Пробај да најдеш регулирање со храна и витамини, што би требало, што не би требало да внесуваш. Стандарна препорака- не конзумирај течности од пластика, избегнувај непотребна хемија во домашна хигиена и козметика.
Бев кај неколку доктори, сите ми велат дека се сосема нормални и дека идеално е ако се во граници. ТСХ варирало секој ден. Битно е да е во граници ми рекоа. Антитела нема. Ги молев да ми дадат упат за понатамошни испитувања, не ми дадоа. Сѐ е во ред со вашата тироидна ми рекоа. Немате хормон на среќа во мозокот ми рече една докторка. Физиолшки сте здрава. Сите истово ми го рекоа.
Така де, физиолошки си здрава. Тсх варира во текот на денот, два пати во денот да мериш различно ќе биде (ама немој да мериш нема потреба, доволна е контрола за 6 месеци до година ).
Здраво, јас сум хипо/хашимото но сеуште не сум почнача со терапија, чекам докторката да ми прати. Бев на 4.Јуни на патофизиологија на преглед и докторката ми рече резултати после среда. Прашањето ми е како ги праќаат резултатите и дали во нив ќе има терапија и датум за контрола? Мн кратко траеше прегледот и не ни прашав на кој начин ќе ги дознаам резултатите и терапијата.