Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Прашање до поупатените за хашимото... Дали е доволно да се одреди дали треба да се прима терапија само според резултати на ТСХ и ФТ4?
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.138
    Допаѓања:
    180.958
    За да се утврди дека е хашимото треба барем антитела испитани. Терапија за хипотироидизам зависи од вредностите на фт4 и тсх, колку се пониски односно повисоки од нормата.И од пропратни симптоми, нормално. Јас лично би следела и структура на жлезда на ехо.
     
    На Martka и Филотеа им се допаѓа ова.
  3. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Па тоа и е збунувачкото во мојов случај. На ехо изгледа како хашимото, а вредностите на тсх и фт4 се во граници на нормала. Остана да испитам антитела, но докторката рече дека тоа нема да менува ништо за терапија. Во овој случај немало потреба. А јас чувствувам симптоми... Не знам дали да одам на второ мислење?
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.138
    Допаѓања:
    180.958
    Ако се вредностите на тсх и фт4 во ред, не знам што би можело да се реши со екстра тироксин како терапија. Навистина не знам, ако некој знае нека сподели
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.025
    Пол:
    Женски
    Nikogas nemam provereno tiroidna iskreno neznam ni kako se proveruva? Imate nekoi problemi pa ve prakaat za proverka ili?
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас сум со Хашимото и малце зголемена тироидна жлезда, примам еутирокс терапија, ама тоа ради зголемениот ТСХ. Ако хормоните се во граници на нормала, не знам зошто би се примал вештачки хормон, кај мене еутироксот не направи апсолутно никаква разлика во намалување на тироидната жлезда, дури не знам ни дали е возможно да се намали.
    @Филотеа ако си во можност испитај антитела и побарај второ мислење. Сепак зависи и од возраста и висината на ТСХ. Некои доктори ќе дадат еутирокс и на тсх малку повисок од 4, затоа што сметаат дека жените е подобро во репродуктивниот период да имаат помало ниво, особено значајно за забременување.
    За Хашимото и нема некој лек, селен и цинк велат обавезно да се пие, исхрана треба да се види што ти помага што ти одмага во симптомите, а еутироксот е лек за хипотироидизам, што во моментов мислам го немаш
     
    На Martka, Филотеа и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Доколку немаш никакви тегоби и симптоми (ги имаш на нет да ги изгуглаш), немаш потреба од проверка. Но доколку сакаш да провериш, матичниот е тој што дава упат за специјалист или интернист и потоа таму ќе ти направат ехо и ќе ти дадат упат да испиташ детално тироидни хормони.
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    На kravce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Кај мене на првите 2 контроли хормоните беа во ред, а на ехо и антителата укажуваа на Хашимото. Тогаш не примав терапија.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Јас пијам еутирокс скоро 10 години -хипотиродизам.
    Забременив и родив но од бременост навака (20м како сум породена)не ме гледале на ехо. Одев кај Синиша на нуклеарна ама откако е пратеник веројатно не прегледува? Бидејќи не ми одговара на вибер...
    Сега правев ехо на дојка, ја ѕирна и тироидната, ми вика ми личи дека оди кон хашимото направи си ехо,може ќе треба да ти сменат терапија. А тсх и фт4 ми се уредни, пијам 7х7 еутирокс од 75мг.

    Хашимото е кога имаш антитела?
    Проверував пред некои 5-6год уредно беше,мислам уште еднаш од тогаш проверив.
    Што се менува во однос на терапијата и какви симптоми имаше?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Во однос на терапија не се менува ништо. Еутирокс мене иста доза ми е, само додатоци на селен, цинк и магнезиум дополнително.
    Јас бев хипо, после пораѓај хипо-хаши.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    Имаше некои симптоми или на ехо ти видоа?
     
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Гушење. Како кнедла да имав во грло. Правев ехо, и плус антитела преку крв.
     
    На Sofi.ja и Филотеа им се допаѓа ова.
  14. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    6.044
    Пол:
    Женски
    Ве молам за препорака за доктор на приватно итно е.
     
  15. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Д-р Татјана Јосифовска од Тиреодијагностика
     
    На Филотеа и La-loca им се допаѓа ова.
  16. Филотеа

    Филотеа Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Можам на своја рака да си земам селен и цинк? Кои суплементи ги користиш?
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Доколку веќе пиеш терапија не се препорачува пиење на селен, бидејќи кога се препишува тоа е врз основа на резултатите. Цинкот е ок, но за селен мора консултација и одредување на точна доза. Ова не го зборувам на памет, туку според советот кој го даде докторка од Жан Митрев која гостуваше на една утринска емисија.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.138
    Допаѓања:
    180.958
    Каква терапија и каква врска има со селенот? Еутирокс е тироксин, врска нема со антителата, селен и цинк се за регулирање на имунолошката реакција, односно намалување на антитела. Како може селенот да биде лош:?:?
     
    На Мариаа. и fana им се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Консултирај си ендокринолог.
    Јас селен пијам, па правам пауза.
    Можеш и бразилски ореви, како внес на селен.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.878
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Некои доктори препишуваат селен пред да се почне со еутирокс и во некои случаи тоа ја задоволува потребата и нема потоа потреба од терапија. Што би значело дека влијае на резултатите, па поради тоа не треба да се земаат на своја рака. Исто ги спомна и бразилските ореви.
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.