Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.138
    Допаѓања:
    180.958
    Значи немој случајно да сте земале селен па да остане еутироксот неиспиен:D
    Ако е нешто што се решава со селен, зошто да се зема еутирокс? Ако случајно се што е потребно е селен, ќе покажат резултатите дека е висока дозата тироксин, и може да се намали или укине. Не дека знам за таков случај, ама хипотетички- вај нот:wasntme:
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.877
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Селенот штом се гледа како алтернативна терапија значи дека се пие по шема, не кому колку ќе му текне и да си прави уште комбинации на своја рака. Има луѓе кои се стручни и ќе одредат што треба и во колкави количини. Ова е нешто сериозно и не треба да се игра Ај ќе пробаме вака, вај нот.
     
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Јас сакав да прашам дали на контролите ги проверувате и антителата? На претходната контрола (прва ми беше) специјалистот по нуклеарна медицина ми рече дека нема потреба да се проверуваат затоа што секогаш ќе ги има, па ги проверуваме само TSH и FT4, но и ми ја гледа тироидната на ехо.

    Исто, не ми предложи ништо друго, јас од што читав тука прашав за селен, па ми рече ако сакам можам да пијам (некое време, не знам колку треба да е тоа, дали треба и кога да правам паузи?) од 100 mcg, а допрва ќе го прашувам и за цинк и магнезиум, гледам дека и тоа пиете, а не сакав вака да земам на слободна рака :?:.

    Го прашав и за безглутенската исхрана, ми рече дека на некои им помагало, дознале од форуми (си реков сигурно од Фемина :lol:), ама како би знаела ако не проверуваме антитела :?:.
     
  4. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    И да си ок со антитела од безглутенска исхрана само бенефит може да имаш.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.138
    Допаѓања:
    180.958
    Не е никаква алтернативна терапија, комплементарна е:).
     
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Во која смисла и да си ок со антителата? Знам дека за Хашимото безглутенската храна наводно се смета како анти-инфламаторна (т.е. дека не го возбудува имуниот систем уште повеќе) поради поврзаноста на цревата со болеста (не би знаела подетално да кажам, знам само ова :D), а не е необична и истовремената појава на целијакија и Хашимото, но не сум прочитала дека има врска ако имаш само хипотироидизам на пример.
     
  7. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Сама си одговори :D
    и да немаш хашимото нема да си направиш проблем ако практикуваш безглутенската исхрана
    За општо здравје не само за тироидни проблеми е ок овој тип на исхрана:D
     
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Знам дека и без никаков здравствен проблем можам слободно да имам безглутенска исхрана, ама како што знам, глутенот не е проблем и нема потреба да се одбегнува кај луѓе што немаат целијакија, алергија или нетолеранција на глутен, па затоа и прашував на што точно мислиш. Во секој случај, не би се нафатила на безглутенска храна без апсолутно да морам и навистина да ми помага :D.
     
    На kravce и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Хашимото е автоимуно заболување, и е посебно од хипотироидизамот. Јас барем посебно би ги издвоила, затоа што не сите со Хашимото имаат и хипотироидизам (барем во почетната фаза) и не сите со хипотироидизам имаат Хашимото.
    Хипотироидизамот се лечи со надоместување на хормонот, a селенот некои научни истражувања велат дека придонесува за намалување на антителата кај Хашимото, затоа што е антиимфламаторен. Ако го лечиме само недостатокот на хормонот, а не внимаваме на автоимуното заболување, не знам како ќе си помогнеме себеси. Еутироксот не е лек за Хашимото, туку за хипотироидизам.
    Мојот доктор ми препорача не помалку од 150мг селен дневно како суплемент, дури и рече подобро од бразилски ореви, затоа што не се знае колку точно имаат тие во дневниот внес што би ги примала. Стабилен внес на селен би рекла. Јас пијам од 200 веќе година дена (ми беше мачно да купувам селен од 100 и од 50 башка па да ги комбинирам, немаше од 150). Во нив има и цинк 15мг и некои други ситни витаминчиња во незначителна количина. Не знам кои би биле негативните ефекти од примање селен во количина половина од дневната максимално дозволена (400мг) 2ипол години пијам селен без прекин, немам никаква реакција сега за сега.
    Од друга страна, непотребно исфрлање на глутен од исхраната знае да има негативен ефект врз здравјето. Има многу растителни влакна во пченицата, со исфрлање глутен се исфрлаат и доста витамини и минерали. Иако глутенската интолеранција се врзува со Хашимото, без посебни испитувања не би се одрекла од неа толку брзо, и не би го прифатила тоа како единствено решение за помагање при Хашимото.
    Некои истражувања велат дека јаглехидратите имаат големо влијание врз воспалителните процеси предизвикани од Хашимото, некои зеленчуци, просо, некои овошја... Јас би рекла се што е во преголема количина, и на здрав човек би му сметала. И лактозата некои истражувања велат смета на Хашимото, па може и тоа да пробате да го исфрлите.
    Решението е, да пробате и да видите што на вам ви помага. Јас се одреков од глутенот поради други воспаленија во организмот, и првиот месец видов значително подобрување на состојбата. Неколку месеци подоцна, не би можела да кажам дека исфрлање на глутенот беше решение, затоа што сум пак во почетната состојба.

    @pdb123 јас не испитувам антитела, мене ми рекоа дека некогаш ќе ми бидат повисоки, некогаш пониски, нема потреба да ги гледам само да се нервирам :)

    Знам дека многумина се борат со килограмите, јас со еутирокс и селен се вратив на почетната килажа, дури и гушата ми се повлече. Тоа беше далеку пред да пробам со безглутенската исхрана, ама тој период доста намалив и со лебот. Лактоза години одамна имам исфрлено од исхрана, ми смета, и од млечни производи користам само козјо сирење и јогурт без лактоза. Брза храна мнооогу ретко конзумирам. Можеби разликата е што во истиот период прекинав и со користење на антидепресивна/антианксиозна терапија која исто така ми предизвика зголемување на килажата. Кој знае :)
     
    На Irida, ZAHRA, Lavender4 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    Апсолутно убаво кажано.
    Во однос на безглутенската исхрана јас не сум љубител ама сметам дека секој може да си даде тест период без разлика на тоа дали има некој здравстврн проблем кој можеби е некако поврзан со тој тип на исхрана.
    Јас сум хипо хаши и никогаш до сега не сум била на безглутенската. Редовна терапија си го средив тсх хормонот кој на почеток беше 15 а антителата се тука па се тука....ама на нив веќе оддамна заборавив :D
     
  11. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Имате некое искуство со нормален TSH но висок Т4 (160, горна граница 141)? Знам дека можеби не се релевантни резултатите бидејќи овој месец имав не успешно ивф, сигурно имаат врска стимулациите и целата терапија.
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.269
    Допаѓања:
    18.388
    И јас дојдов на темава за да прашам за селен.
    Скоро 10год како имам хипотиродизам, никој не ми спомнал за селен.
    Бев на невролог заради треперење на очните капаци,ми рече дека е поврзано со тироидната жлезда..потоа праша дали пијам селен и ми рече да си земам од 50мг по две апчиња одеднаш после појадок. Така ги земате?

    Дали има некој добар ендокринолог од приватниве ординации што соработува со фондот?
     
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    а кај млада девојка, 17 години, моментално влошена состојба, 10 месеци без терапија, сега препишуваат тирозол....15 мг дневно. Хипер. Што мислите за селенот? Докторката вика не верувам многу во тие работи ама нека пие ако не...Не кажува доза.си викам 50 е доволно? Искуства?
     
  14. Maleno

    Maleno Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2018
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Zdravo kako se spravuvate so zgolemena kilaza nz sto ne probav nikako da namalm leb ne jadam , blago gricki ne hormonite mi se ok
     
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не е проблем што (не) јадеш, туку дали јадеш во калориски дефицит. Пример, ако 1800 калории дневно се калориите при кои одржуваш тежина, ти треба да јадеш помалку, без разлика каков вид на храна е. Е сега, како да утврдиш кои се калориите при кои одржуваш (или зголемуваш) тежина - можеш да најдеш формули за пресметување на интернет или уште поточно, да бележиш некое време колку калории јадеш и врз основа на тоа да заклучиш дали одржуваш или качуваш тежина. После тоа, ќе намалиш колку калории ќе јадеш, само немој драстично многу да намалуваш.
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.877
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Пробај фастинг, пр првиот оброк да ти биде во 11, последниот оброк да ти биде во 8 вечер.
     
  17. pesci

    pesci Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Феминки, ми треба само ехо на тироидна, ги имам испатано сите хормони. Каде може да одам во Скопје на приватно?
     
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.313
    Допаѓања:
    170.648
    Пол:
    Женски
    Секаде.
    Систина, Ремедика, Тиреодијагностика..
     
  19. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    За проверка на хормони, крв на гладно мора или не?
     
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Првиот пат кога отидов, како и првата контрола, земањето крв ми беше наутро, па отидов гладна. Ама сега следната контрола ми е во 2 попладне, па веројатно не се очекува да бидам гладна дотогаш :?:.
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.