Здраво Јас сум 9 недела од бременост до ивф,дали некоја се разбора за овие резултати,гинекологот ми рече добри се супер сма јас сум исплашена не знам дали треба да одам на интернист
Колкаво е бебето? Ако имало нешто штом си напоменала ќе превземеја сигурно. Кај нас покрај тоа имаше и лупење на кожата и поспаност, од кога почна да пие тарапија друго дете е. Така да не се загрижувај.
Луѓе, дајте препорачајте некој поевтин преглед за тироидна (ехо+хормони+антитела) ! На групер има ама не сум од Скопје, во клиниката ми рекоа дека треба 2 пати да одам: еднаш за да ме боцнат, друг ден за преглед со лекарот. Некако не ми е исплатливо тоа, плус по жешково да се моткам два пати до Скопје и назад... Пак ќе ми дојде скапо, џабе попустот. За на државно да не се ни обидувам, нема термини, така?
На државно матичната ми вика нема шанси. Др. Костурски има амбуланта во Охрид и Битола, ако ти одговара. Боцкаат сабајле, поручек кај докторот. Јас 1500ден. плаќам, хормони и ехо. За антитела не се сеќавам, 2 пати годишно проверувам. Има број на интернет, ако те интересира ќе ти објаснат по телефон.
Едно прашање, од раѓање му ја проверија тироидната во ред беше. Дали знаеш после колку време треба да провериме пак?
Хормони и антитела треба секоја лабораторија да ги прави, дури и државна, не разбирам што би било проблематично. Упат дали од матичен, дали од гинеколог не знам.
Проблематично е е тоа што во одредени болници има многу малку специјалисти, а многу пациенти, па матичните не можат да добијат термин. Е сега за ова мислам членката треба да наведи отприлика кој регион, пошто има специјалисти на државно што примаат пациенти за контрола без упат. @theunforgiven за кој град прашуваш?
За лабораторија зборев. За во лабораторија треба упат, ти земаат крв, ти проверуваат хормони и антитела, не треба специјалист. Или нешто не разбирам
За термини за нуклеарна медицина на државно мислев. За на приватно можи и без упат од матичен мислам.
Сакаш да кажеш дека на државно, само на хуклеарна во Скопје се испитуваат тироидни хормони и антитела?
Испитуваат и Битола, ама формално термин за нуклеарна не можеш да добиеш скоро никогаш. Сепак примаат и без термин. За со упат од гениколог претпоставувам и по други државни болници проверуваат крв, ама не знам за ехо како би било во тој случај.
@theunforgiven побара опција за поефтино, предлогов е да провери крвни параметри на државна лабораторија, ехото после како сака. Ама ваљда на нуклеарна се најстручни за ехо Не знам, некој фактички поупатен нека каже, јас чисто економско-медицински пристапив
Штип, на пример. Ама Штип нема државно. Само приватно, и тоа не знам колку пати месечно доаѓа докторка од Скопје во една приватна ординација. Јас можам и во Скопје, исто така. Имам воспоставена дијагноза, ова како контрола ќе му дојде. Сакам и хормони и антитела и ехо.
Мора да даде ендокринолог за со упат испитување антитела. Значи матичен закажува как ендокринолог, ендокринолог дава упат за антитела. Во Ск најчесто во Идадија, Букурешт, 8ми или Клиника земаат. Класика социјализам, еден ден се чека цел за резултати, па одиш ги земаш ( не праќаат на маил), па ендокринолог да ги види. Затоа јас на приварно се изнададов пари ама раат сум не се акам по клиники.
А интернист? Колку што имам разбрано, интернисти ги решаваат овие работи во помалите градови во МК. А поголем е изгледа само Скопје
Најдобро за тироидна е нуклеарна медицина. Јас кога ми се појавија првите симптоми барав исклучиво приватно доктор по нуклеарна медицина, а не ендокринолог.
Pozdrav, Ve molam za mislenje dali nekoj ima praveno operacija na tiroidna kaj dr.Natasa Toleska Dimitrovska od klinika za torakalna hirurgija