Zdravo da mi preporacate dobar doktor za tiroidna vo skopje..maz mi e hiper i ima problemi so ocite vi blagodaram odnapred
Некој совет за слабеење со хипотиреоза и хашимото? Пробувам се и сешто и без резултат секој пат тежината оди само нагоре.
Пробај ја, на почеток има период на елиминација, не внесуваш глутен, млечни производи, јајца, семиња, алкохол, зрнеста храна.. Исхраната се базира на месо, риба, зеленчук (исклучок се nightshades - компир, патлиџан, модар патлиџан), овошје. Со тек на време почнуваш да внесуваш постепено од забранетите намирници и гледаш што му смета на организмот. Глутен и млечни не е препорачливо да се воведува, бидејќи кај повеќето со автоимуно заболување сметаат. Пребарај AIP diet ќе најдеш примери што смееш што да јадеш, а што не.
Јас еден месец ги пијам новите Еутирокс со розева пеперутка, во аптека не ми кажаа ништо кога прашав зошто не се веќе во старото паковање, од тебе сега читам дека се без лактоза и дека ако ги пиеш новите нема враќање на старите. На контрола сум во септември, баш ќе видам дали има некаква разлика во резултатите.... Фала што посочи
Јас два месеци ги пијам тие без лактоза, мислев амбалажата им е само сменета. Промена немам, правев и контрола, тсх во нормала. Во аптека баш ништо не ми напоменале.
Денес бев правев ехо на т.жлезда , немав ништо се беше уредно. Испитував хормони и антитела па ме интересира доколку нешто не е во ред со хормоните а ехото било во ред, ќе ми дадат да пијам терапија? Прв пат во животов испитувам тироидна , косата ми паѓа веќе неколку месеци па затоа и се решив да испитам
Здраво девојки,да се приклучам во групава...од утрово пијам еутирокс од 50мг.први симптоми после апчето ми се потење на стапалата,дланките,поспаност,почесто мокрење...се надевам се е нормално,инаку катастрофа ми е тиродната дури несакам да ги разберам сега за сега резултатите бидејќи имав многу голем стрес пред 20 дена го загубив татко ми и избегавам дополнително да се потресувам,барем сега за сега,се надевам ќе се оправам лека полека....после колку време се чувствувате вие подобро од првото апче? Недела,две,пет?да знам што да очекувам бидејќи сум со мало бебе кое бара многу внимание а не сум способна до толку
Прими сочувство за татко ти, го доживеав и јас тој стрес и болка пред 7 месеци Со тек на време ќе се враќаш во нормала. Инаку и јас пијам еутирокс 50, и искрено осетив големо подобрување уште по третото апче, се осетив многу поенергична. За нецел месец ипол го намалив тсх од скоро 7 на 1.69. Негативни симптоми не сум приметила никакви.
Фала срце за одговорот,многу ми значи секој позитивен збор во целава ситуација,прими и ти сочувство,болката е ужасна знам