Очигледно можно е. За тсх знам може да варира и во еден ден а исто е можно да му влијае настинка, терапија некоја и слично, за пролактинот не бев свесна Јас сепак би мерела во иста лабораторија, заради споредливост. Во вторава да одиш и другпат, поубави резултати ти дава
Намерно проверив и во втората лабораторија, наводно давале едни од најточните резултати. На мисла сум затоа што со првите резултати посетив специјалист кој ми препиша терапија со еутирокс, а вториве резултати ми ги виде интернист и ми препорача проверка за еден месец, но без пиење на терапија. Не знам дали да барам и трето мислење.
Лимфните жлезди се, отекуваат при настинка. Ми се случило неколку пати. Ставај топли облоги, пиј топол чај, прополис, мед. Ќе попушти за некој ден. Јас дури и со шал спиев.
Леле се преплашив искрено. Ми олесна малку. Ама Ќе си појдам утре кај матичен за посигурно, умот таму ќе ми е. Ти за се ми се наоѓаш
Денес бев конечно на рутинска контрола, докторката детално ме гледаше на ехо бидејќи и се пожалив дека одреден период ми стои како кнедла кај тироидната, дека при голтање имав болки, исто и на допир, рече дека се си е во ред со жлездата, тоа што ме болело било некој мускул Сега треба една недела да чекам резултати од Тсх, аман нека биде во ред и тој
Трета лаб. Не може да има толку разлика за толку кратко време кај тсх, не се менувал толку брзо и затоа препорачувале контрола на еден или два месеци,вака кажа ендокринологот. Мене ми се случи со Авицена и државна ендокринологија,два пати. Докторот рече трета ќе правиме. Испадна резултатот ист ко на ендокринологија.
Ќе проверам повторно резултати за две недели во државна болница, па ќе споредиме. Се надевам дека ако има некој проблем не би се влошило многу за еден месец без терапија.
Да се самоцитирам, денес зедов резултати, и Тсх машала скокнал на 8.63 во сите овие години додека пијам терапија, никогаш не ми бил повисок од 4-5, најчеста вредност ми била околу 1. Сега ќе треба да пијам повисока доза, а баш се надевав дека ќе дојде ден да не пијам Еутирокс...
Зарем можи да се среди, да не се пие? Јас колку што знам се пие цел живот, освен ако не измислат некој лек во иднина
Доживотно е за хипо, ама не знам така се надевав дека ќе дојде и тој ден, бидејќи знам луѓе што им ја откажале терапијата...
Хипо имам и јас веќе 6-7год. Се помирив дека ќе пијам терапија засекогаш. Се надевам ќе измислат лек кој ќе ја излечи тироидната жлезда во иднина. Само во тоа имам надеж, за прекинување на терапија, тешко.
Кажете како знаете дека имате хашимото? Кај мене уште никој со сигурност не знае да каже. Имав антитела 131 покачен ТСХ што варира од 2 до 8 зависи кога проверен, терапија земам 5 дена 50мг еутирокс и 2 дена 25мг еутирокс. ФТ4 сега ми е 0.92, а тсх 6.06. Бремена сум 6та недела. Ако сум Хашимото да знам одма да прекинам со фемибионот
Мене доктор ми кажа дека имам хашимото, антителата ми беа 200 и нешто тогаш. Во бременоста правев многу редовни контроли и немав никаков проблем со тироидната. Фемибион да не го мислиш, смени го одма. Земи некој други витамини за бремени жени. Јас пиев Премама.