Два месеци на терапија , пијам и селен ама некако што и да правам како во место да стојам со килажата ....
Ќе се среди килажата кога ќе почнеш со терапија. Веројатно е вода .Округла си во лицето? Подуена?! Јас бев ко месечина. Ништо не е страшно ќе ти направат и други аналузи тироидни антитела и ќе си пиеш еутироксче наутро и толку.
Ако нагло е зголемена килажата можно е само да си подуена, тоа со терапија одма ќе се среди. И те молам не слушај за суплементите, затоа што јодот знае и да ја влоши состојбата особено кај автоимуното заболување на тироидната. @naturallmess мислам дека ти е рано за резултати да видиш, почекај уште неколку месеци. Сепак и еутироксот не е магично апче за намалување тежина, особено ако цел живот си имала непосакувана тежина. Јас за пример отсекогаш сум била многу слаба, и кога наеднаш ми се зголеми килажата, тоа беше баш поради тироидната. Немав сила ни да вежбам, ни да пешачам, ни да дишам како што треба. Со еутироскот ми се регулираше енергијата и можев активно да вежбам повторно, без да се задишувам уште во првите минути. Биди стрплива, особено имајќи во предвид дека пред неколку месеци и си родила, а можеби и доиш. Дај си време на себеси, не се форсирај, ќе се среди се
Па искрено да, се чувствувам во лицето подуена тркалезна форма, еве сега понеделник ќе одам на доктор специјално за ова ќе испитам се и ќе ми каже што понатаму и каква терапија. Со терапија со здрава исхрана и нормално со физичка активност се надевам навистина дека ќе ја вратам килажата во нормала. Најмногу долу во колковите карлицата сум здебелена најгрдиот дел.. Се надевам ќе се среди се.
И јас пред да откријам за хипо оти имам се здебелив 12 кг. , а исто јадев и се понашав како и претходно, од кога почнав да земам еутирокс ослабев некои 3-4 кг, а останатото со исхрана кога стварно почнав да внимавам што јадам и почнав да вежбам, не се секирај ќе се среди
Девојки бев јас денес на специјалист ме виде на ехо и немам никакво задебелување на тироидната се било во нормала. Е сега ми падна чудно што ми даде левотироксин на пола доза 25 а немам направено хормонски статус. Ми рече пиј ги еден месец наутро пола час пред јадење и после на 20ти јануари дојди пак да видиме и ќе направиме анализа и на другите хормони. Чудно ми е што без таа анализа добив терапија. Не ми обрна многу внимание, едвај неколку минути бидејќи имаше многу гужва. Што мислите вие?
A zosto na lice mesto ne si go pitala kako terapija bez labaratorija i hormonski status? I da imalo guzva ovoa ne e prodavanje na kola, za zivot se rabote, treba malce sovest
Без проверени хормони и антитела, за тсх 7 да се дава терапија е глупост. Напрај си рутина на вежбање/ движење и здрава исхрана, од суплементи може селен и витамин Д. Јод не, дури не се испитаат антитела како прво, и како второ, ако почнеш да земаш јод, тсх ќе скокне, баш заради зголемениот внес на јод. За месец дена, ако немаш некоја настинка, веројатно или што и да е, би требало тсх да се нормализира. Тсх е многу варијабилен хормон, реагира на многу фактори, не разбирам како така даваат терапија само врз база на тсх. А многу ги има, и мене ми се има случено, ама тоа е само индикатор дека ти треба друг доктор. Разбрав дека тежината ти е главен проблем, за тежината пробај со исхрана и физичка активност. По месец, два, комплет проверка на хормони, мада можеш и веднаш, да видиш на што си, ама терапија, вака на празно, јас не би.
Се што рекла Билјарката потврдувам и јас. Секогаш дупло се проверува тсх да не станува збор за моментална флуктуација. Јас не би ја почнувала терапијата без уште еден хормонски статус. Не се брзај, и така тазе ти е овој извештај, почекај три недели, месец дена и појди кај друг доктор.
Dali nekoja ima pieno foliod? Se koristam i za bremeni zeni, no i kako suplement za jod za da mu pomognam na tiroidata poveke tiroksin da laci.
Ми рекоа дека се гледал само Тсх за тиродината и ми дадоа Еуротирокс сега еден месец по 25, ми велат и од дома и матичниот и таа специјалистката. Е сега да ве прашам дали при терапија со еуротирокс може да се пие алкохол? Како е работата? Доаѓа нова година друштво и да не пијам нема логика не знам што да правам, мислење? Дали има некаква врска ако на нова година пијам?
@angelche16 нема врска алкохолот со еутироксот, слободно пиј. Сепак пак ќе кажам, без дупла проверка на хормоните, терапија не би почнувала. Мене ортопед ме има распрашувано колку пати сум се проверила пред да ми биде воспоставена дијагнозата, што не е поврзана воопшто со ендокринологија. На крајот секако твоја е одлуката.
Девојче од кај се докториве, од кој град, многу ме интересира. И тој што не е доктор знае дека не се дава терапија само со проверка на TSH. Тој што те прегледуваше и ти даде терапија општ интернист ли е или специјалист ендокринолог?? Јас не знам како вака се дава терапија без да се проверат тироидните хормони и како ја одредил дозата. Стварно веќе од вакви матични и специјалисти да му е страв на човек да оди на доктор.
На патофиза бев пациент 20 год.Ме водеше проф.Васкова. Освен првиот пат кога ми проверија анти тпо и анти тг ,редовно се водеа само по тсх,фт4 исто така многу ретко,сега и т3 проверуваат, порано и тоа воопшто не проверуваа.Ги чувам резултатите,преглед +тсх.околу 80 ден беше Според нив не се менува толку често тсх односно потребни се 2 месеци ,така и ги правевме котролите при промена на доза.
Ама девојчето првпат испитува, не е во ред само според тоа да и дадат терапија и да ја дозираат. Јас пред неколку години испитував тсх во болница кај нас ми беше покачено. Потоа ме препратија на патофиза во Скопје, ми проверија се таму и тсх беше во нормални граници и тироидни хормони се беше во ред.
Да, за прв пат треба се да испитаат, претпоставувам интернист ја гледал. 25 е почетна, многу ниска терапија,може да ја пие и на следен месец упат за на патофиза. девојчево има покачени кг.не знам колку ама со тироидна сум видела и 18 кг за 3 месеци,и тсх од 6 на 35 ,не се чека секогаш.