Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Princes Daja

    Princes Daja Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Nemam oslabeno ,maka macam so kilazata.Se popraviv okolu 15 kg.za 4-5 meseci.Se trudam da promenam nesto vo ishranata...pa ako uspeam ke raskazuvam
     
  2. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Откако почнав со терапијата, за три месеци ослабев 10 кг. И јас сум хипо - хаши и пред терапијата многу тешко ми одеше со слабеење (во оној период кога сум ја имала состојбата, но не сум била свесна за тоа). За доручек конзумирам безглутенска исхрана односно Тонус леб, со сосема малку кашкавал или сирење (и на тоа треба многу да се внимава). Дневно пијам 2-3 литри вода и исфрлив газирани и вештачки сокови. За ручек обавезно јадам супа (сама ја приготвувам, не е од кесичка), си готвам ориз, грав, боранија, грашок (месото го сведов на минимум). Меѓу оброците јадам парче овошје или салата од зеленчук. Се трудам вечерата да ми биде околу 18:00 часот, со парче Тонус леб и шолја чај без шеќер. Имав среќа родив три здрави и прави ќерки...ова го пишувам, оти читав дека оболена штитна може да се одрази на плодот (иако можеби кога бев 3 пати трудна и не сум имала проблем со жлездата). Оваа исхрана ми е погодена и некако горда сум на себе што успеав да симнам 10 кг со забавен метаболизам. Драго ќе ми биде ако некому барем малку му помогнам со мојот совет, но и да прочитам некои корисни совети.
     
    На vamutamu2, Esmeralda-MD и Pixi5 им се допаѓа ова.
  3. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    F1A6A3AB-1B51-4641-89FC-BADECEDE17B1.jpeg 78299897-3271-4BB8-979F-6EEE67AACC36.jpeg

    Дали има некој што се разбира, јас вака како што гледам мислам дека се е во нормала.
    Тоа долу АТА ме буни дали 35иљади е горната граница или 35..
    Ќе одам наредна недела и кај интернистот, али кај можам да седам без да прашам тука :wasntme:
     
  4. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не знам да ти ги толкувам резултатите, освен да ти кажам истото што го гледаш и ти - дека се во граници, ама можам да ти кажам дека е 35000, не 35. По нулата (а и другите резултати) можеш да видиш дека запирката ја користат за разделување на децимали, што значи дека точката ја користат за разделување на илјадарки (1,000 би било еден, а 1.000 би било илјада).
    (Тоа што кај CPS користат точка буни, ама веројатно не се работи за децимали, туку нешто друго?! :?:. Во секој случај, штом е напишано 0,000, тогаш за да е 35 ќе требало да е напишано 35,000; нема сигурно едното да го напишат со запирка, другото со точка ако беа децимали двете после запирката/точката.)
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со папиларен тип на тироиден карцином и да сподели искуство од хирург?
     
  6. girl_156

    girl_156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Здраво
    Пијам еутирокс од 175, хипо-хашимото веќе две години, почнав од 25 па стигнав до 175 еутирокс. Сите симптоми со хашимото ми се познати, но веќе една недела чуствувам болка и чешање околу вратот кај жлездата. Сакам да прашам дали некој има искуство со таков симптом?
    Благодарам однапред
     
  7. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Се надевам дека некому ќе помогнам со советов.
    Со хипотироидна не е доволно само да бидете на терапија од еутирокс за да ослабете, треба и диета.
    Ограничено или комплетно исфрлување на шеќерите и јагленохидратите од исхраната, во комбинација со контролиран внес на зеленчук, месо и млечни продукти за повеќето кои ги познавам е добитна комбинација. Исто така, според она што гледам кај блиски луѓе кето диетата се покажува како мошне ефикасна на долги стази.
    И лично мислам дека секој што има проблем со хипотироидна не треба да посетува само ендокринолог туку и диететичар. Не нутриционист, туку диететичар (има разлика). Само проблемот е што диетичарите во Македонија или ретко се наоѓаат и се скапи, или пак самите нутриционисти се декларираат како диетичари што е многу погрешно.

    П.С. Прочитав низ страниците дека ве праќаат на одделот за нуклеарна медицина поради недостиг на ендокринолог.
    Претежно таму одат луѓе со хашимото или тешки случаи со карционом на жлездата.
    Не знам зошто вас кои сте само со хипо толку често ве праќаат таму?
    Како да нема ендокринолози...
    Понекогаш нашето здравство ме остава без зборови. :|
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bjanka1992

    Bjanka1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Дали некој ги има оперирано јазлите на тироиднатс жлезда, правев ехо и значително ми се зголемени по 28мм десен и 15мм лев
    Некој со искуство??
    Благодарам♥️♥️
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @Acronia Сесре ендокринолог обично има само во Скопје, ете затоа ние од другиве градови одиме во нуклеарна медицина, долгогодишен е тој проблем, ама пак никој не се замара, и така.
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Треба петиција до тоа дудлачите, овааај градоначалниците. |(
    Да се потсетат дека Скопје не е буржуазиска метропола, и дека луѓе што живеат во други градови не се стока.
    Кажи ми ти мене како е можно 30 години никој од вашите луѓе што завршил ендокринологија да не побарал работно место во градот и да им се дало истото?
    Кој ги креира овој идиотски систем?
    Се нервирам и знам дека сум оф топик, ама криво ми е искрено.
    Значи, нуклеарна медицина не се занимава со хипотироида, аман...просто не и е тоа домен на интерес. Ама треба некој да им каже на господата, нели.
    Којзнае дали и терапиите ви се погодени?
    Еве тебе на пример ќе ти опне од 100 mg (претпоставка) еутирокс, а ти треба да пиеш помалку, и ако тебе не ти е погодена терапијата и како резултат на тоа задржуваш вишок вода во организмот или ти паѓа коса кој е одговорен за тоа?
    Или само кркај таблети, немаш гајле. Или у најдобар случај мкни се со километри, а за што?!
    За еден мочан преглед што требало да го имаш на лице место, на десеттина минути од дома.
    Не сфаќам, неолитско доба ли сме?
    Каде треба да се обратиме за да се среди проблемов?
    Ме фрустрира и сакам да ми кажеш дали постои начин да се реши.
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во помалите градови, прашање е и нуклеарна медицина дали постои.
    Некаде интернисти се занимаваат со тироидната жлезда, лудило.
    Пример, пациенти во Битола доаѓаат од Прилеп, Ресен и од другите околни градови, по неколку пати годишно.
    Не се замара никој, ни пак ќе покрене петиција некој, здравството ко што знаеш на апарати ни е.
    Јас од 2012 одам по овие врати, со секакви случаеви сум се сретнала и во мојот град и Скопје сум била, ама пак и таму не наидов на нешто уау заинтересираност, само давање пари и губење време.
    За сите овие години терапијата ми е колку да се рече еве пијам нешто.
    Не знам дали воопшто сме моќни да издејствуваме ендокринолози да се вработуваат на државно ниво, во оваа држава за ништо не се слуша гласот на граѓаните, па така и овојпат би било...
     
    На Acronia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Човек, ова не е океј.
    Мислам дека сите не загрижува фактот со терапијата.
    Еве, читаш овде членки се жалат дека немаат подобрување во однос на состојбата.
    И диети држат и пак имаат проблем со гојазност, паѓање коса, потеченост во одредени делови на телото. Па, жал ми е, стварно. :(
    Башка што еутироксот е доживотна терапија и не постои друг медикамент. Бар не знам јас лично, немам чуено досега во Македонија да се дава друга таблета. Ти имаш ли?
    Исто така, еве погоре некој спомена 'додатна терапија' со селен и јод. Ама што дека спомна? Кога нашиве доктори уво ги заболе дали уз тироидата требаат дoполнителни суплементи.
    Всушност и од сопствено искуство знам дека помагаат зошто јас сеуште не сум на терапија и со години се водам како субклиничка хипотироида ама ќе бидам можеби за скоро време, за жал.
    Секако небитна сум јас за приказнава и моето искуство, туку општо се нервирам што не е ниту малку безопасна состојба, а тука ја водат ко да е комарец. Не ја сфаќаат воопшто сериозно.
    И да, се согласувам со тебе. Нуклеарна медицина може да помогне за карцином на жлездата скраја да е. Може да помогне и за патолошка состојба како хашимото евентуално, ама за хипотироида и хипертироида?!
    Луѓево битки водат, еве читаш што се пишува на темава.
    Битки водат и не наоѓаат чаре.
    Со години не се решава проблемот бидејќи постои само една унитарна терапија за сите, а и таа не ја регулираат онака како што треба.
    Не знам, можеби ќе звучам ко старкине на фејсбук, ама стварно Господ нека ни е на помош со вакво здравство во распад. Човек да мора да оди од еден во друг град за преглед. Колку е тоа тажно.
    И не, немам идеја каде да поднесам жалба околу немањето медицински персонал во други градови. Ако имаш ти, еве кажи.
    Едно писмо по gmail aко ништо друго.
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    26.960
    Последно што слушнав дека ендокринолози не примале пациенти што не се од Скопје. I guess да не умреш треба да си од Скопје, друг аманет не мора. Страшно, се живо испопикано по Скопје :|
    П.С. Во мојов крај нема ни приватни ни државни ендокринолози.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    А што треба конкретно? Какви диети кога само еутирокс помага? За слабеење и остали проблеми кој си има мака нека слабее ама хормони се испитуваат и по тоа се одлучува колку мг. Толку. Ако сака секој да бара корен може сам да си држи диети, да отфрла што мисли дека треба да отфрли и ако има подобрување нека продолжи. Кога нема медицински факт дека одредена храна или суплементи влијаат позитивно на функцијата на тироидата што сакаш доктор да ти каже?
     
    На simoncelicius, Angie1432, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека дури после 10 години одење по тие врати докторот што ме води со години, сега на последна контрола ми спомна дека не треба да имам пиено еутирокс пред да ми земат крв за испитување на хормоните. Јас на тепка правев, некогаш пиев, некогаш не, отсега нема да пијам. Па да ми спомне некој што да јадам, не, а поминав низ раце на 100 доктори, само еднаш една помлада ми рече да исфрлам благо и се што е од бело брашно.
    Имам пишувано, во интерно одделение пред 5-6 години на мене се вежбаа практиканти, шо и да беа, со збор ме прегледуваа, и запишаа шо да испитам, односно само Тсх како и по обичај, Фт3 и Фт4 ми ги испитуваат, еднаш на две-три години, јер немало потреба, и им викам дали треба да испитам антитела, мислев немам никогаш испитано, а уствари порано во нуклеарна медицина ми испитале и запишале во картон дека имам покачени антитела, т.е хашимото, нејсе, и овие се изнасмеаа, ми викаат од кај знаеш ти што се антитела, си одговорија демек, ами на интернет сешто читате и знаете|( да се навратам на антителата, уште не знам дали имам хашимото или само сум хипо, после докторот ми рече немаш хашимото, а истиот запишал дека имам:drunk:

    Не знам што ќе се прави, во право си, не се замараат ич, препиши еутирокс и се гледаме по неколку месеци, ни да објаснат дали треба селен и јод, ништо, ни глутен дали да се исфрли, бидејќи и тоа смета за хашимото мислам.
    Јас баш од тоа што не гледав подобрување, порано на своја рака ја прекинував терапијата, и исто ми беше со и без апче, ама сега ја пијам редовно, еве почнав и со построга диета, па се надевам малку ќе се доведам во ред.

    За обраќање, не знам ни јас каде, ама не би се замарале верувај, според нив ова не е животозагрозувачка состојба, иако за многу работи е руски рулет. Тие не се замараат што им умираат родилки, или што сме со највисока стапка на смртност од ковид, та за нас....
    Инаку, ни јас немам слушнато да се дава друг лек кај нас, освен Еутирокс.
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На 77Seven77 и Acronia им се допаѓа ова.
  16. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Она што го напишав поконкретно беше наменето за девојките кои ги читам на темава како примаат редовна терапија, имаат направено калориски рестрикции, отфрлено јх, а повторно не губат килограми.
    Значи, немаат прогрес во однос на подобрување на симптомите и одговор не може да најдат зошто е така.
    Не можат, а гладуваат. Измачување е тоа.
    Така да тука дефинитивно не се согласувам со тебе.
    Бидејќи ендокринологот е дефинитивно оној кој треба да се замара.
    И баш ендокринологот е тој што треба да го најде коренот на проблемот.
    Да пронајде одговор зошто и покрај терапијата и редуцираната исхрана не се губат килограми. Да, ендокринологот, а не пациентот, и сигурно не медицинскиот персонал на одделот на нуклеарна медицина.
    Не може пациентот да се хендла самостално, не живееме во 16ти век.
     
    Последна измена: 15 март 2022
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.350
    Допаѓања:
    113.094
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Не е смешно знам :( :hug:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Рама, а дали имаш дојдено Скопје?
    Дали некој ендокринолог овде се заангажирал за твојата состојба?
    Како вака бе, дали сериозно?
    Па, срцеви проблеми..аритмии во најмала рака може да се појават како резултат на несоодветна терапија.
    Немам веќе зборови, се изнервирав.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.923
    Па ти сега ја откри темава, затоа.
    Сегде е ист булшит, и сам свој доктор.
     
    На Rama, Acronia и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Ама знам, јасно ми е.
    Само не знаев дека во повеќето градови во Македонија нема ендокринолози, и дека уствари луѓево ги влечкаат до Скопје за една консултација со ендокринолог.
    И ова плус сега Рама што го спомна за докторот е благо речено шокантно.
    Како може да не знае дали има хашимото бе?
    Ко, сериозно ли?
    Вредностите на Anti-tpo не се доволна индикација???
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.