Девојки мојот тсх се движи околу 3, 3,3, 3,6 другите хормони ми се во ред и антитела и ехо на тироидна во ред некој да ме посоветува дали треба или не треба за овие вредности терапија ми треба за инвитро докторката која ме води вика дека не треба терапија но сум можела да почнам со 0.25мг еуторикс еден месец но исто така ми вика дека можи нагло да ми падни од терапијата тсх мене стварно му е шубе и да почнам со терапија па да треба цел живот да ја пијам а исто така пак ако не почнам да си направам поголеми проблеми некој со сличен проблем ко комојот да ми кажете совет многу ќе ви бидам благодарна пошто стварно незнам што да правам.
Прашав во други теми, но и овде би... Дали знаете во врска со испитувања на тироидна кај бремени жени на клиника за ендокринологија, доволно е приоритетен упат само? Кое време се вршат прегледи и дали би препорачале некој доктор?
Кој ендокринолог би го препорачале за некој на кој сега интернист му дијагностицирал Хашимото? Не знам од каде да почнам и искрено сум страшно исплашена
Дали имаш инфо, за поликлиника срце, кој лекар е најстручен, најмногу би ти посветил внимание, да го препорачаш. Однапред фала за одговорот.
Јас бев кај Бранкица, ама искрено во воена болница Танер и Даниела повеќе би ти ги препорачала, 5 год сум кај Танер сменив кај Бранкица и таа е супер но планирам пак да се вратам кај Танер
Кај Танер, може да одам приватно или може со упат од матичен, истото би те замолила за Даниела да ми кажеш, дали мора преку матичен или може приватно. Уште еднаш многу ти благодарам за помошта и советите.
Девојки за колку време од прилика може да се спушти Тсх во граница на нормала( 0.4-4.5) од 9 , ако се зголеми терапија?
Сама ќе си споделам искуство може ќе се најде на некого. Се оперирав во Ремедика кај професорот Арсовски. Многу организирано беше, 2 дена престојував во болница. Цело време примав инфузии, болки имаше минимални. Раната ја немам видено уште, ама сигурно првично ќе ми изгледа полошо отколку што реално ќе биде. Следен чекор ми е вадење конци и да се видат резултатите од хистопатологија за терапија понатаму. Јас искрено очекував дека ќе е којзнае колку болна операцијата, и дури изненадена бев кога се разбудив од анестезијата. Во однос на како се чувствувам физички, многу ми се суши грлото и ме тера на поткашлување. Гласот на моменти ми мутира и не можам долго да зборам се заморувам, ама нормално е. Осеќам и замор доста, ама со оглед на тоа дека сум без тиорида и тоа е очекувано.
Дали некој знае 3,47 дали е нормален резултат за ТСХ доколку според лабораторијата границите се 0,3 - 6,6? Ова прашувам дали е нормално за забременување. Пијам еутирокс 5 дена по 50 мг и 2 дена по 25 мг, дали треба да се зголеми, или овој резултат е добар со оглед на тоа што границата им е до 6.6?
Освен што тсх треба да е 1-2 за бременост, дали и антителата треба да бидат во некои граници? Прават проблеми за зачнување? Како можам да ги регулирам?
Докторите викаат дека треба да биде околу 2 моето искуство е дека може да се забремени и со високо ТСХ и со над 1000 високи антитела. Покрај терапијата со еутирокс зимајте бразилски ореви или селен тоа се антиоксиданси и било кои други јаткасти производи сите убаво влијаат .
Секогаш заборавам да пишам . Два месеци пред да забременам пиев Цх алфа тоа е за мускули и зглобови али можда нешто допринело ги земав преку еден ден насабајле пред јадење.
Со години наназад пиев селен на natural wealth (од 150 микрограми), немав никакво подобрување со антителата, си стоеше во место енормната бројка. Пробав со безглутенска, џабе и тоа. Сето тоа беше по препорака на д-р Синиша. Сега последен пат бев во Тиреодијагностика, докторката препорача по две бразилски оревчиња дневно, со објаснување дека непотребна е таа голема доза селен и дека со бразилските ореви ќе се внесува само селенот, природен. Исто што ме загрижува е едно топче што ми се појави на вратот пред година-годинаипол. Се консултирав со доктор (интернист), ми рече "сигурно си била настината во скоро време, имаш и на другата страна ама не е толку површинско". Тогаш ми олекна. Одмина време, топчето си стои. Се најдов тогаш на уво нос грло, му го спомнав на докторот, "ти го забележав јас, ама не сакав да ти потенцирам оти гледам дека си исплашена. Ништо страшно, следи го, ако расте, биопсија и вади го". Ок реков... Мина пак некој период и отидов на рутинска контрола за тироидната во Тиреодијагностика. Спомнав за топчето, ме погледна на ехо, го измери и рече дека е од прилика 9мм. Ја прашав само треба ли да ме загрижува? Ми одговори само:" не, не, само не го чепкај" и изгледаше сосема опуштена и незагрижена. Не знам зошто ме загрижува толку многу, еве повеќе доктори ме видоа. Факт е дека не е од настинка, до сега после годинаипол ќе се повлечеше... Не знам. Да не сте имале слична ситуација? Да продолжам да барам мислења или да смирам топка малце?
И јас имав такво топче, ми го открија пред 2 години, исто ми кажа докторката дека нема потреба ни за биопсија. Беше помало и од твоето. Тироидните хормони ми беа добри, суплементи од типот на селен/цинк не консумирав. E сега јас во меѓувреме имав смртен случај во семејството, и татко ми имаше тежок мозочен удар и многу стресови ми дојдоа и мислам дека тоа ми беше тригер да ми се смени топчето. Кога отидов пред неполн месец на контрола топчето ми имаше калцификати и ме прати на биопсија. Се откри она непожелното, и се оперирав, ми ја отстранија тиродата. Е сега фала богу дека не значи истото тебе ќе ти се случи. Кај мене и мајка ми и сестра ми имаат такви ко топчиња/чворчиња и немаат мака. Моја препорака е да си одиш еднаш годишно на контрола и да си го следиш. Да примаш селен повремено и обавезно бар по едно бразилско оревче на ден. Најголем дел од тие топчиња не се проблематични и не го мисли многу
Оф леле. Во многу слична ситуација сум/бев. Имав преголем стрес јануари оваа година и осеќам и на око и на допир дека топчето е променето и зголемено... Сега како си во однос на тоа? Мило ми е што се открило на време сепак.