Со хипертиреоидизам сум. Пијам пропилтиурацил 50мг. Се подготвувам за ИВ , а ТСХ ниско тсх , 0,001(0,45-4,5). После ковид цела се испореметив . Си планирав да одам на ИВ во мај . Вреди ли? Или да се средам? PRL ми е во ред , си пијам достинекс
@rebi2015 Матичната? Ниту е ова тсх кое бара терапија, ниту матичната ( што и да е, општ доктор, гинеколог) има појма. Ете го кажав. Што е поважно, тироксинот ти е супер нормален ко што видов погоре, на вакви параметри да шибаш еутирокс, во хипер ќе те однесе.
Исхрана/диета кај хипертиреоза да ми дадете некоја насока Примам propiltiuracil 100mg дневно. Кај да читам , само за хашимото има диета..односно слично се тера и за двете дијагнози као "тироидно заболување" Некој совер искуство би ми бил добредојден
Од тироидната ти е . Тсх на горна граница ти е? Јас не би се мачела со селен воопшто. Кај кој лекар одиш?
Во државна одам. Не знам каде да најдам добар лекар да закажам и второ мислење... Селенот го завршив тие 6м сега само на д витамин сум. Ми вика терапија не треба, ама ако останам трудна одма да дојдам за терапија. Или ако сакам да затруднам...
здраво колешке, јас останав бремена природно со ТСХ=0,001 и износив перфектна бременост, и родив една итрица. Да си одиш на патофиза, да си напрајш скен да видиш зошто е ТСХ толку низок. Јас имам топол чвор на тироидна жлезда, си лачи тој хормони, а тоа ја супресира работата на тироидната. Завчера правев биопсија, да видам што е, сакам да го средам прво него, па да планираме здравје наредна бременост Примам иста терапија како и ти, само што јас ја почнав после 4 месец бременост, прво почнав со најниска, 25мг. па од ко се породив, зголемив на 50мг. и уште сум на таа еве веќе 3 години. сега чекам резз од биопсијата. ако те интересира нешто плус пиши ми лп, среќно
^ прочитај погоре, јас сум со тсх=0,001 10 години, имав нормална бременост, немам варијации во тежина, апсолутно никакви. Имам само тремор на раце, потење и тахикардии. Консултација на патофиза обавезно
Прочитав ама кај тебе е нормално значи, кај мене не би требало да е нормално. Секој ден по едно кило слабеам, крвна слика направив, не знам што треба друго да направам?
Здраво феминки ако може една молба до вас, да ми кажете ваше мислење како ви изгледаат резултатите дали се добри?
Jas se operirav pred 6 meseci kaj dr.Natasa Tolevska vo drzavana na torokalna hirurgija mislam deka e najdobra vo Makedonija mnogu sum zadovolen vistinski provesionalec
Да не читаш нешто неточно или погрешно да не си сфатила? Веројатно си читала дека со намалена функција на тироидната се качува повеќе тежина, а со зголемена функција се намалува тежината. Ова е ок, ама кога TSH е ниско, тоа укажува на зголемена функција на тироидната (хипертироидизам), а кога TSH е високо, тоа укажува на намалена функција на тироидната (хипотироидизам). Што значи дека ти веројатно имаш хипертироидизам: имаш ниско TSH, односно зголемена функција на тироидната, па затоа и губиш тежина.
Фала ти што ме просветли. Сега се има логика. Сите симптоми ги имам на хипертироидизам. Најцрните сценарија ги имав во глава, сега ми е полесно, фала ти. Не дека сеуште нема простор за црни ама барем знам од каде потекнуваат симптомиве. И на упатов пишува хипертиоридизам ама јас упорно хипо гуглам и хипо читам на упатот.
Зошто имам проблем со тироидна, хипер? Поради кои причини, како настанува? И дали може да помине само од себе?