Јас имав акутен стрес (ми почна татко ми ко дете) после 8 г. ми открија топол чвор на тироидна и затоа имам ниско тсх
Здраво женски, дали на некоја и стигнале резултати од Патологија за 6-7 дена? Дали е позитивно или негативно тоа хахахаха толку брзо?
тоа значи дека си ја работат работата и ништо друго. знам кој црв те јаде, си викаш нешто опасно е па затоа толку брзо, ама не е. методата е таа исто трае без разлика на резултатот. подопушти се, сигурна сум дека се е супер. не прашуј како
Хахахахаха, сега ме пројаде пред 30 мин. а убо си бев расположена.... абе боење е боење, е сега колку на спрема колку клетки се изброени хммм..... колешки станавме? едит: брат ми вика, штом треба да платиш не е страшно, лошо е ако е бесплатно хахахахахаха
У право е брат ти За малигни пациенти ништо не се наплаќа. Иначе и јас сум со тироидната крш, само од немарност стигнав и до секојдневни вртоглавици. Здравје, ќе одам...
Јас бев во хипер. Дуре се досетам, свестам, па сигурно и некои 6 месеци... Ужасно се чувствував. Ослабев 10 кг, косата ми испопадна, веѓите ми се изретчија, тахикардии ужасни до 140 пулс , тремор на раце, и влажни раце... Причините не ги знам точно. Можно е генетика, имам во фамилија, можно е стрес, а може и куј знае што ми се деси. Значи не можев да се поднесам во самата себе. На клиника за ендокринологија ме иследуваа. Ехо уредно али хормони, не баш. Тсх итсо како погоре членката 0.001, едвај детактабилно, а ФТ4 34... а бе бомба темпирана. Ми препишаа тиризол и пропанолол, се стабилизрав малку, па за месец и пол обратно пропорционално отидов ТСХ 70...., и се здебелив +7 кг... за само месец и пол. Ама од друга страна се чувствував добро со самата себе. Па пооосле 4-5 месеци се стабилизираа хормоните. Ехото повторно уредно. Па после 1 година од стартот прекинав со терапија. Секако со лекарска препорака. Претходно постепено се намалуваше терапија , дозата. Зборот ми е Да бев со хипер само од себе не минува, мора да се следи со лекар и да се прима соодветна терапија. Хиперот метаболички удира јак ритам на сите органи...ги брза. Така да лекарите целат кон тоа да те стават во реемисија, или во хипо.
Исто и кај мене, јас сум хипер ради јазолот. И докторов ми вика, ова ти е како да живееш со 300м/с2 бетер од светлинава си...ги оптоваруваш сите органи :/
И јас 8 месеци се додека не почна страшно лошо да ми биде. Дали ова значи дека телото ми е постаро за 24 месеци или повеќе? И во лицето станав многу страшна како остарена едно 10 години и ми се лупеше и потеше во исто време. Јас цело време мислев анксиозност дека е, и кога и да прашав на форум одговорот беше анксиозност, а матичната рече дека тироидната може да даде такви симтоми па прво треба неа да ја провериме. Значи лечете се на време кај доктор, не на форум. Едвај чекам да сум нормална и утре ехото да не покаже нешто страшно.
Нема врска, не гледаат така на патологија, особено за работи за кои мора да одат под микроскоп за потврдување/отфрлање на дијагноза Едноставно си ја сработиле работата, чекањето и можноста да се завлечка е од други причини
Се прочитав ама не можам да разберам. Со лековите сеуште ти е 0.001 тсх? И сеуште имаш симптоми? Или пиеш лекарства, немаш симптоми ама тсх ти е 0,001?
Благодарам мнооогу Да пијам лекови ама минимална доза имам ПТУ, и имам симптоми ама поблаги ќе видиме што ќе каже Патологија
Devojki dali nekoja sega ispituvala antitela na tiroidna da znae kade ima reagensi? Blagodaram odnapred za odgovorite