Ова се моите симптоми, но мене само циста ми најдоа, а двата хормони нормални, е сега нешто ве читам некои антитела испитувања wtf???
Јас па немам скоро никој од симптомиве освен умор, е за тоа навистина се чувствувам многу уморна и како претепана. Кога и да станам за некој сат многу ми се спие. Тоа ми претставува голем проблем...
Има некој што пиел или пие Thiamazol за бош муабет? Вчера вечер и сабајле заборавив да се напијам и одма ми се вратија симптомите. Се напив на пладне па малку подобро ми е.
@gjoker4e Јас пијам ПТУ 50мг/ден еднаш во денот, ги земам рано наутро на гладна, па се спремам за на работа/низ дома работам (во викенд) да поминат 2 часа после јадам/пијам. ПТУ се пoјаки од Thiamazol, но со помала штета за плодот (јас бев бремена кога ми ги дадоа да ги пијам, еве веќе 3 години ги пијам). Искрено не сум редовна, и сум за ќотек. Од Ноември до Мај сега, ги пијам повремено си се тестирав дали можам без нив, ама не. Кога ги пијам сум посмирена и немам јаки тахикардии...треба да испратам резултат кај докторот за терапија нова дали треба да се смени. Мој совет не ги прекинувај ако ти се препишани од лекар. Спојлер: PTU vs Methimazole https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/17389704/ " MMI 15 mg/d is suitable for mild and moderate GD, whereas MMI 30 mg/d is advisable for severe cases. PTU is not recommended for initial use."
Тоа секако да не ги прекинуваш ако се од лекар препишани. Исто така, за хипер особено, не се прекинуваат нагло, и не се прекинуваат среде лето. Зошто - не знам, ама мене Јосифовска така ми има кажано. Чак шо во еден период пиев,(лето, колку да не ги прекинам среде лето) по нивна препорака секако, да кажам Тиризол 1/4 х2 пати неделно. Затоа што во мкд немаше соодветна милиграмажа, па иако не е идеално така, сепак најприближно ок. Ги прекинав за конечно во октомври Советувајте се секако. Добро си постапила шом си се вратила кон лекарскиот совет.
Здраво девојки! Како помалку упатена во оваа област ме интересира дали може да губам на килограми од кога почнав со еутирокс. Почнав да ги пијам во бременост тсх ми беше околу 3ипол, 4,зависи варираше. Може не е до нив незнам, цел живот мака мачам да симнам килограми има некои 5, 6 месеци каде пијам еутирокс од 25мг и гледам килограмите одат на доле.
Мене сите доктори ми тврдеа дека морам да слабеам после започнувањето терапија со Еутирокс, ама еве години никако да ослабам, и ко што кажа погоре @Lavender4 треба селотејп на уста ставање и тоа е. Некои паталци викаат дека ако ти е погодена терапијата слабееш ама дека треба строго пазење на исхрана треба, зборувам за нас што сме хипо, бидејќи метаболизмот ни работи успорено и склони сме кон дебелеење.
Девојки, доколку имате правено скен на тироидна на патофиза ве молам пишете ми лп имам неколку прашања. Благодарам
Девојки Ве молам за одговор. Дали ако еднаш имам испитано антитела и се во ред треба повторно да испитувам? Дали е тоа нешто што може да се смени во текот на животот?
Здраво, претходно со упат од гинеколог испитав тироидни хормони на клиника за гинекологија, дали ги пракаат на клиничка биохемија, и дали само од гинеколог може да земам упат? И каде да испитам антитела дали само приватно или може и со упат?