Здраво би сакала да прашам пред 2 месеци ми е утврдено хепатит б сега е добро аст и алт , правев и TSH 1,52 i ft4 1,43 дали имам потреба од понатамошни испитувања
Бев на контрола. Ми рекоа дека нема врска промената на менструацијата со еутироксот. Јас два дена на своја рака прекинав да земам за да видам дали ќе се повлечи крварењето, но не се повлече. Ми рече никако да не прекинувам терапија. Разговарав и со мојот гинеколог, ми рече можно е од пореметувањето на тироидната жлезда, но сепак ќе треба да одам на гинеколошки преглед кога ќе ми сопре крварењето. Кога ќе одам ќе ти кажам што ќе ми речат. Поздрав, се надевам дека се ќе дојде на свое место.
Женски ако може помош.Другарка има проблем со тахикардија и отиде и на ехо жлезда да и видат и најдоа мала циста е сега овие се резултати од хормони.Дали има проблем со жлездата и ако има дали спаѓа во хипо или хипер?Јас сум со хипо хашимото ама овие резултати од таа лабараторија не ми се баш јасни и не знам што да и кажам
Антителата против тироидна пероксидаза и се покачени, најчесто се кај Хашимото покачени, а тироидните хормони ѝ се нормални
Здраво, да прашам ако може да ми кажете за резултативе правени се на клиничка биохемија, дали се нормални антителата, докторката не ми одговори на меил
Како што веќе имам кажано, за контроли за Хашимото досега се водев во мојот град, но сега бидејќи живеам во Скопје, сакам да се префрлам тука. Процедурата нели е или матичен да ти даде упат за ендокринолог, или прво да одиш кај интернист, па да те препрати кај специјалист за нуклеарна медицина. Јас го одбрав вториот начин, затоа што и претходно се водев кај специјалист за нуклеарна медицина, а прочитав и тука дека тоа е подобро за тироидната (некој може да ми објасни која би била разликата меѓу ендокринолог и специјалист?). Е сега, јас бев кај интернистот, ме прегледа и ми рече кај мене бил чист случај, не морало да одам кај специјалист, таму се пуштале само ако имале потреба за примање на јод и сл. Ми рече да пијам дневно по 2000 единици витамин Д, затоа што јас и онака сум дефицитарна, ама демек и општо било препорачано за тие со Хашимото. Селен ми рече да пијам 2 месеци, па 2 месеци пауза. Не беше безобразна или сл, ми одговараше на прашањата, ама ставот ѝ беше дека не морам да се замарам до толку, дека ако треба нешто, ќе ми каже таа, демек не ми требаат секакви информации. Имав впечаток како да сака побрзо да ме помине... И сега прашањето ми е: што да правам? Да барам одма од матичниот да ме препушти кај друг интернист со надеж дека тој ќе ме препушти кај специјалист, да почекам до следна контрола (за 6 месеци), па тогаш да се закажам кај друг интернист и да се надевам дека ќе ме препушти, нешто друго? Не знам дали некој има искуство со правење редовни контроли кај интернист; мене и сестрата кај матичниот ми рече да не се водам кај интернист, да барам упат за специјалист на прегледот кај интернистот...
ТоЈ специјалистот што го бараш, ендокринолог ли се вика? Лично знам дека ситуацијата треба да се следи, главно крвна слика и ехо, ама ако е се во рамки на нормала, за хашимото како такво нема некоја специјална терапија, освен Д и селен, ко што ти кажале. Зар сите ендокринолози во Скопје се на клиника и толку е тешко да се најде некој- прашање за жителите на Скопје.
Jas sum hashimoto dolgo vreme, so normalni tiroidni hormoni, terapija e samo seleni vit D. Taka da ne se zamaraj sega so specijalisti, probaj so selenot i vit d i po 3 meseci proveri pak preku krv
Ve molam da mi preporacate dobar doktor za lekuvanje na pacient so hasimoto? Dosegasnata doktorka zamina vo stranstvo i potrebno mi e doktor da prodolzi pacientot da se lekuva. Blagodaram.
Здраво. Поради ин витро испитував хормони и тсх ми беше 3.2. Доктор ми рече дека е во граница на нормала, но за забременување требало да биде 2.5 или помалку и ми даде Еутирокс од 25 да пијам. После една недела некаде почна да ми паѓа коса. Месец и половина ги пијам а косата паѓа ли паѓа. Јас за 2.месеци без коса ке бидам ако продолжи вака. Прамени ми испаѓаат Дали некој од вас има таков проблем и како се справувате?❤️
Ми треба совет. Се работи за блиска особа, веќе цела година ја лечат од алергија, косата и паѓаше, црвенила назад по вратот и нагоре накај главата. Тоа се смири па по некое време повторно почна. После осеќаше преголем замор, кашлица, срцебиење, и последно потеше мн па зради тоа прегледа тероидна. Резултат испадна 0.007, а крвна слика направена пред месец железо 7.5. Додека чека термин за снимање на ехо, кажете ми дали има простор за паника и што да се превземе? Прашавме и за снимање на ехо на приватен но матичниот и рече ако оди на приватен тој после неможи да превзема ништо и цела терапија и се што треба ќе треба да ја плаќа на приватно
Провери си тсх.. Може не е поврзано со тироидната, но чим си почнала прв пат терапија, провери како ти прија... Да не си отишла и со толку мала доза во хипер.