Приоритетен упат за ехо нека и даде матичниот. Нека одмара до тогаш и нека не пие кафе, кока кола, нека се храни здраво, да не се нервира и да не е под стрес. Ова нормално е така или како уцена треба да се сфати??? Нели со крвна слика од приватен се оди на матичен, би требало и ова така да смее?? Подобро е што побрзо ехо и крвна слика за т3 т4 и другите не ги знам и терапија. После може нема да е многу пари приватно? Битно нека отиде особата било каде за што побрзо ехо, зошто да се чека? Ме изнервира докторот, можеш ли да прашаш во друга тема дали е така правилото и дали е хумано е тоа??
На четири месеци ни открија тешко голташе, сега слабо клава на килажа а сме 16 месеци растиме ама не се дебелиме.
Здраво девојки, Дали некоја има дијагноза хипертиреоза, TSH 0.1 и има останато бремена? Моментално сум на 2×50мг пропилтиурацил. Како се носите со бременоста и кои се ризиците?
Пред шест недели тсх ми беше 0,002 и пиев сабајле и навечер по 10 мг thiamazol значи вкупно 20мг дневно. Сега, после шест недели, тсх ми е 22,6 и ми рекоа да пијам 10мг thiamazol само од сабајле. Дали е ок вака? И како така толку брзо 22,6? А претходно три недели пиев 20мг thiamazol ама и после три недели си остана тсх 0,002. И сега после шест втора контрола 22,6.
Здраво,имам проблем последниве неколку дена со вознемиреност,панични напади, провери крвна слика и тироидна тсх хормон,хормонот испадна 20.4 докторот ми рече дека е мн високо и дека сите симптоми се од овој хормон дали имате искуство со вакви симптоми проследено од овај хормон
Тсх ми беше 0,002 и пиев 20 мг тиамацол, па ми беше тсх 22,6 и почнав да пијам по 10 мг тиамацол веќе една недела и денес ги имам истите симптоми како 0,002 кога ми беше страв, паника… Можно е за една недела од 22,6 да се спушти под граница?????
Не сум сигурна дека за една недела ќе иде толку нагло долу. Може ја привикнуваш новата доза, затоа такво чувство. Кога сум била 0,002, ми намалувале доза и ми закажувале за месец дена контрола, затоа мислам една недела е малку. Хипо/хаши сум јас.
Јас денес прв пат испитав и тиреоглобулин и Anti TG, имам Хашимото и Хипо, зимата последен пат ми беше нормално ТСХ под 3, сега ми е пак качено 5,85, а почнавме за бебе да пробаме и се изнервирав дека мислев нормално ми е пошто си пијам редовно терапија, анитителата TPO само се качуваат од зимата 300 сега се 600, најмногу ме загрижи ова тиреоглобулин дека е покачено , на нет читам нешто значело рак на жлездата денес жива не сум, а утре на одмор одам. Аnti TG де нормални, дали знае некој од што е покачено ова, дали стварно значи дека има некои тумори и сл? Кога ќе се вратам ќе одам и на ехо ама до тогаш се во тоа ќе ми е мислата, стварно сум загрижена посебно дека последниве месеци имам ужасни тешкотии со дишењето и постојано како фрчење кога дишам, ептен сум исплашена.
Кој може да сподели искуство,пред некое време ми се случи да се вознмирам наеднаш,да се испотам,жештина како да ќе се онесвестам,ми се гадеше и стомакот ме тераше за вц и тоа дијареа почесто, неубаво чувство во мене како за да плачам грдо вознемиреност чувствував, незнаев што ми се случува бев на лекар испитав крвна слика се супер ,тсх хормон ми испадна 20.4 бев на доктор направив и тпо испаднаа 1300 антителата , Хашимото,на ехо докт ме виде рече дека е изменета и структурата на тироидна малце,ми даде терапија Еутирокс од 50 па на контрола по еден месец пак,дали ви се случило вакви симптоми со слични резултати,значи симптомите слично како панични напади ми беа мн грдо чувство,сега се случуваат пак ама не често ќе ве замолам за искуство
Истите симптоми со тсх 0,002, отидов на лекар поради страв и панични напади мислев анксиозност дека имам Сега ми е тсх 22,6 и се препотувам цело време едвај издржувам Цело време тоа чувство го имам како крај да е
Да,кај тебе е хипо значи повеќе ти лачи а кај мене не лачи ама ги имав симтомите како за хипо, обратно,дали пиеш терапија и колку време треба да ти се средиле симптомите
И кај тебе е хипо со тсх 20,4 Јас 0,002 и пиев 3 недели Thiamazol 20mg дневно и остана 0,002, после 6 недели рипна на 22,6 и пијам 10 мг Thiamazol дневно. Контрола за еден месец. Моментално по симптомиве и изгледа како 50 да ми е тсх, не знам дали е ок да се продолжи со пола доза Thiamazol, така рече замената матичен ама сомнително ми е, секој ден сум се подебела, се потам се повеќе и цело време ми се спие Симптомите ми ги снема за 2-3 дена ама по 6 недели ми се појавија нови симптоми
Потење не е симптом на хипо,на хипер е. Со хипо ти студи. Резултатив не е ко што треба повтори го заедно и со другите параметри(антитела)
Со хипер не можев да поднесам топло, со хипо се потам цело време Ќе направам пак крвна слика, не сум добра, ама другите симптоми на хипо ги имам, тажно ми е се како во депресија да сум, многу сум здебелена, цело време сум изморена и ми се спие, и во вц не мож да одам
Нема врска јас ги имам обратни симптоми со 20 тсх и 1300 тпо ,јас одев мн во вц дијареа,жештини гадење и вознемиреност паника ми дадоја Еутирокс,бидејќи е Хашимото имало и случаи со мешани симптоми
Дали некој има искуство со ЕНДОНОРМ капсули за тироидната жлезда,на природна база нехормонски биле од тревки,биле многу ефикасни...