Тироидна жлезда

Discussion in 'Здравствени проблеми' started by Lilit, Dec 1, 2009.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,343

    Исто и јас имам слушнато дека е за бронхит, кашлици....или за испирање и гаргари оревчињата да стојат во алкохол
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,608
    Gender:
    Female
    Знам и јас за истиот, ама тој се прави со оревчиња и алкохол,а овој е со мед и оревчиња. Наводно, младите оревчиња содржеле големо количество јод. Не ме земајте за збор, не сум сигурна,затоа прашав дали некоја имала искуство со истиот.
    А Цаци, ти си од Куманово, знаеш гу Мицу Домаќицу (аптека Роса), епа од њума е препорука овј лек.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,343

    Абе ја њума поштуем и зимам чаеви и остали ствари.
    Ја имам книгата за лекувања со билки баш ќе видам дали има пишано нешто за тоа....
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    7,383
    Likes Received:
    262,006
    Gender:
    Female
    Така е Геа, имаат јод младите оревчиња. Јас се мислам одамна да го пробам леков ама ете ни сама не знам зошто не сум направила сеуште. Сигурно не е штетно.
     
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2011
    Messages:
    1,056
    Likes Received:
    11,608
    Gender:
    Female
    Не би тгребало да е штетно, сепак не се работи за хемија, ама не знам дали ќе може да иде во комбинација со Еутироксот. Затоа сум во недоумица. :?:
     
    Bozica1980 likes this.
  6. dr.zi

    dr.zi Нов член

    Joined:
    Jun 26, 2012
    Messages:
    11
    Likes Received:
    4
    Ендемската струма - зголемена тироидна жлезда - е често заболување кај нас, бидејќи територијата на Република Македонија поради шарпланинскиот (тетовскиот) крај спаѓа во т.н. струмогено подрачје. Тироидната жлезда е важна жлезда, која раководи со правилното функционирање на сите ендокрини жлезди во човековиот организам. Нејзината нарушена функција го доведува во прашање оптималното лачење на другите ендокрини жлезди. Во Македонија се присутни два ретки географски феномена. Шарпланинскиот (тетовскиот) регион е познат како месност со највисок воден талог во Европа (најмногу врнежи), а Овчеполскиот регион - месност со најнизок воден талог во Европа (најмалку врнежи). Во тетовскиот регион од врнежите што интензивно ја испираат почвата од присутниот јод се создаваат услови за појава на ендемска струма, која е најчеста кај месното население. Недостигот од јод во почвата, а со тоа и во прехранбените производи од тој регион пред 50-ина години беа причина што повеќе од 10 отсто од населението боледуваа од зголемена тироидна жлезда. Тогаш со закон беше наложено готварската сол да се јодира - на секој килограм готварска сол требаше да се додаде 10 милиграми калиум јодид. Со правилна хомогенизација на јодираната готварска сол и со консумирање 5 грама од неа дневно, се надоместуваше кусокот од јод, неопходен на возрасниот човек за оптимална функција на тироидната жлезда. Тогаш се поставуваше прашање дали јодираната сол треба да ја консумираат и луѓе што не живеат таму и кои се снабдуваат со потребниот јод од прехранбените производи и од водата што ја пијат. Одговорот беше - правилно хомогенизирана јодирана сол треба да користат сите луѓе, но лимитирано. Повеќе од 5 грама сол во просек дневно (100 грама за 20 дена) не се препорачува никому освен на луѓето што додека работат се потат многу. Човекот го исфрла вишокот сол преку потта. Тоа значи дека на организмот не му е потребно многу сол. Човекот дури и десетина дена да ја исфрли солта од исхраната, потта и тогаш ќе биде солена. Затоа треба да бидеме внимателни кога ја користиме едната од "белите опасности" - готварската сол. Предупредувањето се однесува најмногу на луѓето што ги досолуваат јадењата без да ги пробаат. Ако енормно користиме готварска сол, ризикуваме да го зголемиме нивото на натриумот во крвта, а можеме и да се отруеме од преголемо количество јод. Со користење на правилно јодираната тузланска (камена) или морска сол во препорачани дози се намали процентот на заболените од гушавоста не само во тетовскиот, туку и во другите региони во земјава. Демне друга опасност - труење со многу јод (ако солта не е правилно хомогенизирана) или, пак, ако премногу ја консумираме. Ако рецепторите за вкус, кои се наоѓаат во папилите во јазикот, се оштетени што е чест случај кај постарите луѓе, кои за да го осетат соленото консумираат сол повеќе од потребно, солта за јадење треба да ја користат на следниот начин. Ако немаат зголемен артериски притисок, срцеви нарушувања или друг проблем поврзан со нивото на натриумот во крвта, треба да измерат и консумираат 100 г сол за 20 дена, во просек по 5 г дневно. При лекарски предупредувања да не се внесува многу сол, за 20 дена се доволни околу 50 г. Недостигот од јод во организмот доведува до нарушена функција на тироидната жлезда. До недостиг од јод може да дојде иако го има во прехранбените производи и во водата. Тогаш се работи за физиолошки состојби - пубертет, бременост или доење, кои се поврзани со поинтензивни метаболички процеси и зголемени потреби од јод. Тогаш освен 5 грама јодирана сол дневно, исхраната треба да биде богата со свежо овошје и зеленчук, а може да се консумираат и свежо исцедени сокови од свеж зеленчук. Храната треба да се консумира во пет оброци дневно, секогаш со свеж зеленчук како салати и свежо овошје, кое треба да го консумираме пред јадење. Некои состојки од храната може да го отежнат искористувањето на јодот од прехранбените производи и да ја нарушат синтезата на тироксинот, а со тоа да доведат до зголемување на тироидната жлезда. Пиењето вода со зголемено присуство на калциум како и енормно консумирање храна богата со калциум (многу млеко и млечни производи) може да доведат до недостиг од јод во организмот. Од енормното присуство на калциумот во водата можеме да се ослободиме ако водата ја филтрираме. Од вишокот калциум од прехранбените производи ќе се ослободиме кога истите ќе ги консумираме урамнотежено, а не во енормни количества. Треба да ги следиме препораките за исхрана во согласност со крвните групи. Енормното користење зелка или соја ги зголемува потребите од јод во организмот и затоа корисните ефекти од консумираната зелка и од сојата ќе бидат зголемени кога ќе ги внесеме во организмот урамнотежено, заедно со другите прехранбени производи. Едноличност во исхраната и во овој случај не се препорачува. Карактеристичен е податокот дека струмата секогаш е поврзана со недостиг од витамините А, Д, Ц и Б-комплекс. Повеќе медицински автори сметаат дека во етиологијата на гушавоста најважна улога игра недостигот од јодот и недостигот од споменатите витамини, како последица на еднолична и неурамнотежена исхрана.
     
    Abeja and Gea like this.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,396
    Likes Received:
    17,618
    Gender:
    Female
    Јас годинава го правев тој народен лек ама со мед и 40 млади оревчиња, мислам дека теглата не треба да биде на сонце. Сеуште не сум почнала да го употребувам, за среќа прочитав тука и се потсетив дека имам :lol: , од утре ќе почнам, по една мала лажичка секое утро, сепак не треба и да се претерува со толку јод.
     
  8. Alondra

    Alondra Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    2,358
    Девојки била ли некоја во Е-медикал и како е задоволна? Се наога позади Пренди на југодрво.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,533
    Likes Received:
    55,283
    Gender:
    Female
    Девојки не сум од Ск денес се јавив во државна на ендокринологија и ме закажаа по 1 месец за проверка на хормоните и сакав да ве прашам како оди и колку кошта се прв пат ке ми биде да одам,од колку часот да одам никој не ми кажа ништо,и зошто ме заказаа касно толку ли има чекање?
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Joined:
    Apr 15, 2010
    Messages:
    1,018
    Likes Received:
    151
    ме интересираше дали сте почуствувале проблеми со желудникот поради таблетките.
    Јас во последно време имам јаки болки и киселини и чуствувам како дупка да имам во желудников незнам дали е поврзано со таблетиве јодот сто го примав или е од нешто сосема друго
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,924
    Likes Received:
    163,930
    ^ Немаме.
    Него да ви кажам од Ендомед сум разочарана во овој момент! Значи постанато е како на клиника. Ми закажуваат за месец дена од сега,а редовен пациент сум! Јас ќе ја менувам, значи стварно нема смисла! Ама стварно! Колку треба да си лаком да се напикаш со пациенти,а не можеш да постигнеш?! Губиш од квалитет! Значи мене ми треба сега,не за месец дена,сега чувствувам проблем!
    Ќе си одам во Срце од сега и готово. Немам време за чекање,а плус колку ќе ми се посвети ако и е набиена агендата,бога ми не знам!

    Еве да знаете зошто треба да се сакаме повеќе! ;) Во низа проблеми,ти од крајот на денот си легнуваш како победник!
    http://www.tuberose.com/HypothyroidSymptoms.html
     
    VayaConDios likes this.
  12. carina

    carina Истакнат член

    Joined:
    Apr 28, 2011
    Messages:
    56
    Likes Received:
    6
    немам проблеми со зелудникот а сум ги примала и тирозол и еутирокс,ти знам дека примасе радиоактивен јод,да не ти е од тоа,а мозе и на нервна база да ти е,плус има некој стомачен со многу јаки зелудочни болки,го поминав па знам.ако си во дилема прашај си го докторот,мене ми поминуваше со рупурут.поздрав
     
  13. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Joined:
    Aug 3, 2012
    Messages:
    104
    Likes Received:
    99

    Тинктурата од млади оречвиња се правела уште многу одамна, народски лек е, денес можете да ја најдете кај фармацевти да ги замолите да ви направат тинктура од млади ореви или од овие што се занимаваат со билки. Јодот се наоѓша во големи количини во месестиот дел (тој зелениот) од оревот. Ако не верувате, прашајте, но не е препорачливо да се зема тинктурата додека се зема и еутироксот.. лоши последици може да се јаватт. Исто можете да ви се зголеми интензитетот на главоболките. Ако сакате сепак да внесувате дополнително јод купетеси сол со додаток на јод и користете во исраханата но орев+ терапија не оди.

    може не е поврзано но ако сепак не можеш да ги пдонесеш земи пиј глина за орална употреба таа се пие наутро на гладен стомак, мислам дека не би требало да е проблем затоа што не внесуваш храна (цврста метерија) туку течност и повторно ти е (скоро) празен и нема да се рчка тогаш желудникот :D покрај тоа прочистува глината и добра е за луѓе со проблеми со тироида поздрав.
     
    Gea likes this.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,533
    Likes Received:
    55,283
    Gender:
    Female
    мн сте љубезни човек треба да ве праша нешто 1000 пати за да му одговорите на 1001 пат :D :lol: а во мојот случај и никогаш :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,924
    Likes Received:
    163,930
    Рама,ако некој го знае одговорот на твоето прашање,со задоволство ќе ти одговори или ако го забележи и прочита. Нема потреба од дрскост и никој не е задолжен да одговара некому на прашања.

    Ама еве,постави го пак прашањето,ако знам,со задоволство ќе ти одговорам.
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,533
    Likes Received:
    55,283
    Gender:
    Female
    Не бев дрска воопшто прашањето е поставено пред неколку дена една страница поназад :rofl: само замолив за мала помош никој не обрна внимание си коментиравте друго на истата тема ;)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    12,924
    Likes Received:
    163,930
    Боже колкава суета човече,не сакаше ни да го поставиш пак прашањето... Вака кај дечко,ама кај други луѓе,тешко...
    Ама еве ај за ќејф твој,да не мислиш од инает не сме ти одговориле,се вратив наназад го прочитав и ќе ти кажам ПОИМ немам затоа што одамна не одам на клиника. Ќе ти кажам пред повеќе години,да се чекаше многу,зошто имаше многу,многу гужва дури и кога ќе ти закажат,може да окапеш цел ден чекајќи и да ти речат докторката денес не е тука,од еден до три месеци.
    И кога ќе видиш,не ти одговориле зошто никој не знаел,ама по некоја логика тебе ти се криви...
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,533
    Likes Received:
    55,283
    Gender:
    Female
    Е па не го поставив кога е на назад една страница и се врака одма да беше подалеку ке поставев немаше да ве мачам да вракате наназад сигурно сто страници.Во секој случај фала на исцрпниот одговор :) не знам како процени суета од моја страна и дечко ми мешаш ок си сум со сите кој како се поставил :D
     
  19. Alondra

    Alondra Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    2,358
    Најпрво кога ти закажале мора да ти кажат во колку часот треба да си таму. На пр. ако имаш закажано во 8 треба да си таму во 7 и 30 бидејки те читаат од списокот на закажани и ти даваат бројче и чекаш да дојде твојот ред. Откако ке те прегледа докторката може да ти даде само крв да извадиш, а може и на ехо да те прати се зависи како она ке процени. Потоа одиш да платиш па на ехо (ако има потреба) па крв да извадиш и тоа е тоа. Само за крв и преглед плакаш 120 денари, а ако одиш и на ехо не знам колку е. Најважно да не заборавиш да носиш плико, го купуваш во трафиките само што ке влезеш на клиника (мислам дека беше 25 или 35 ама не ме држи за збор) и треба да напишеш на пликото име и презиме, адреса и град. Резулататите ке ти ги пратат по пошта и таму ке пишува за колку време треба да одиш повторно. Тоа е тоа :)
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,533
    Likes Received:
    55,283
    Gender:
    Female
    Фала мн Алондра :) се ми објасни убаво....ме закажаа а за саат прашав ми кажаа не е битен саатот само дојди на тој ден :D сепак фала уште еднаш :$