Јас ослабев некои си 45 кг, пред да "сватам" дека ми е од тироидата. Сепак провери си се ти на време, ако е нешто.
Девојки бремена сум шестти месец примам терапија од 0.25 пред некој ден тсх ми беше 3.5 а фт4 0.87 пред еден месец испитував тсх ми беше 3.7 а фт4 0.93 докторката што ме води не ми ја покачи терапијата дали ми е мала терапијава или е во ред некоја да ми одговори ако знае.
Кој те води? Би требало да ја покачи,во бременост треба да е меѓу 1-2 тсх, плус секои 4 недели контрола .
Искуства со операција на јазли? Големината им е 45мм ,отокот е видлив и надворешно. Правев биопсија бенигни се , ама растат. Препорачуваат операција бидејќи растат ќе ми пречат на дишење голтање и може да зафатат и други структури, а момемтално како што е ќе мора да се вади десната страна на тиродата зашто е замотана со јазли и цисти.
Препорака за добар хирург, на државна мислам дека операциите ги прават на торакална хирургија. Дали да чекам да видам коолу ќе порасне или е подобро брзо да ја вадам? Засега докторите не ми даваат јасни насоки. Хормоните ми се во нормала но ако отидам на операција ќе мора да се извади пола тироидна.
Ослабувам и јас а јадам нормално чак и повеќе од обично и чудно ми е, освен тоа друг симптом немам. Циклус нередовен ама гинекологот мислеше тоа е заради доењето (7ипол месеци ми е бебето). Можно е само слабеење да е симптом?
Здраво девојки Пред некој ден ми беше дијагностициран хипертиреодизам и ова ми се резултатите кои за жал се катастрофа Прв пат се соочувам со ова, немам никој во фамилија со оваа дијагноза не верувам дека ми е генетски па ме интересира која е причината за ова За колку време од примање на терапија полнува да се стабилизирува? Јас имам дури и оток на вратот. Би ви била благодарна на било каква информација од ваше искуство бидејќи сум малку исплашена со оглед на тоа што се обидуваме за бебе па ова некако е пречка сега Извинете на долгиот пост но искрено сум загрижена
Мене ми кажаа 18-24 месеци. Зависи од докторот. Оди на приватно и најди си добар доктор што ќе те воде.
дека е на долна граница хормонот или благ хипер се зависи од референтната вредност но не ви е напишана
Здраво на сите. Направив испитувања на хормони т3, т4, ТСХ и антитела, со тоа што хормоните се во нормала, а кај антителата ATG (S) е 95.2 IU/ml. Согласно референтните вредности е покачено, ама ме интересира да не знае некој што точно значи?
Тоа се антитела кои си ја напаѓаат тироидната. Хашимото. Сигурно е од скоро бидејќи штом има антитела со тек на време ќе се намалат хормоните.
Искуство кај др.Татјана Миленковиќ на Ендокринологија Скопје има некој? За една недела имам термин, ме интересира каква е како доктор пред се, после и како особа, има пристап до неа?
Пункција каде правевте? Патофиза или ендокрино? Упат за каде и каков ви издаваат? Чекавте ли долго за резултатите?
Здраво. Породена сум пред 8 месеци. Пред една недела правев испитувања на приватно за тсх испадна 6,3. По два-три дена направив исто испитување на болница тсх 9,8. Некако голема разлика во вредноста. Пред бременоста ми се движеше тсх околу 3 до 4,2 најмногу, во бременоста се спушти на 2,1 без терапија ( јадев бразилско оревче, не внесував кофеин и благо и јагленохидрати претерано избегнував ). Сега ми препишуваат Еутирокс од 50 но не ми испитаа антитела и други хормони. На ехо ме гледаше доктор , не ми била хомогена тироидната. Совет, дали да одам повторно на приватно и да испитувам пак и што ?
Девојки,на левата страна на вратот имам неколку мали топчиња,матичната ми вели не е ништо дтрашно од послаба циркулација на крвта на таа страна на лимфната жлезда се прават како запушувања,не де прима терапија и не смета на организмот.Мене не ми е нормално со години да имам топчиња на вратот,не ме болат и не се големи.Можно ли е од тироидната да ми е имам хашимото пред една година ми дијагностицираа?И дали се штетни тие топчиња,некако на мисла ми се
Остај матичната што вели од гледање, кажи и дека сакаш упат за на максилофацијална. Можеби не е ништо, но има специјалисти за тоа да го потврдат. А може и да има нешто па да се влоши состојбата со чекање. Во секој случај треба да се реагира, ти кажувам од искуство.