Под брадата одма на најгорниот дел од вратот чувствувам нешто од вечерва ме стега и многу ми е страв и паника ме фаќа. Не знам зошто вака?
Здраво, дали некој знае да ги прочита резултати е секако на доктор ќе се носат ама не можам да се стрпам. Фала ви и среќни празници на сите
Доколку анителата ТПО и ТГ не се во ред, терапија се препишува? Како се средуваат, во однос на планирање бременост ме интересира.
Друштво ме знаете,тироидот ми е цел за вадење,но ми прпа да ја вадам,голем јазол имам.Има ли некој како мене со иста мака? Како се снаоѓате вие со извадена штитњача,дали функционирате ок,дали се поправивте многу,дали може да се роди без штитњача,каде ја вадевте,кај кој доктор(ако има асален),дали можам ласерски некако да пробам,да не биде со нож.... Ви благодарам многу на одговорите на моиве прашања,не знам што да правам,само знам дека главата ми чади
Јас сум од крај на март без тироида. За чудо не се поправив, ослабев. Во однос на тоа дали функционирам океј, кога како, додека да ја погодам дозата имав потешкотии, сега мислам дека сум добро. Со ласер бар кај нас немам слушнато некој да оперира, инаку јас се оперирав кај доктор Арсовски. А за докторката, се наоѓа кај олимписки, за цена искрено не ми текнува, не сум била скоро година, оти за операцијата ме водеше докторка од патофиза.
Те молам,можеш ли да ми кажеш ладе се оперираше,како помина,колку денови беше на боледување,колку те чинеше. Ти благодарам o
Др.Арсовски е на клиника,еден е со ова презиме,доста ми е голема,цел врат однапред,отечен и не знам дали може и да ја извади цела,дали има толкав нож..оф,оф Ти благодарам од срце Што е тоа е, уште да соберам храброст....
Ако мислите на др Андреа Арсовски, до скоро беше во Ремедика, сега отиде во Систина. Бев кај него на консултација. Го кажуваат за најдобар торакален хирург кај нас . Сепак тешко дека ќе можам да си дозволам операција на приватно па ќе барам др на државна.
И јас мислам така и барам на државно,но..... Иначе до кај 1.500евра некако можам да позајмам,ама повеќе.... Знаеш отприлика колку е на приватно?....ти благодарам