Селен, цинк и поголема доза на Д витамин, само и Д витамин треба да знаеш колку е. Ако ти е толку висок ќе мораш со терапија. Јас одам кај Стефанка во Ремедика, ова со тироидата и мене ми дојде шок пред некоја недела од никаде.. На исхраната мораш да внимаваш, јас скоро 20 години внимавам уште на сирова исхрана да преминам и да се направам од прачка, чачкалица фали Откако дознав за тироидната зголемив цедени сокови и смути, јогурт го намалив, салати зголемив, јаткасти плодови особено ореви и семки од тиква зголемив. Почнав пак алое гел да пијам овој пат континуирано ќе го пијам 3 месеци. Користам мед со матичен млеч на Бомед и маџун. Тоа во кратки црти со исхраната, уште лебот да го исфрлам, ама без леб не можам. Глутен треба да се исфрли.
Ти благодарам Ангел многу ми значи твојот одговор и поддршка...инаку малце подобра сум.Притисокот е ок сега.
Глутенот не мора да се исфрли ако немаш нетолеранција на него, конкретно за оние кои имаат Хашимото треба да се провери нетолеранција на храна и ако има некој тригер да се исфрли, само по себе глутенот не прави разлика ако немаш нетолеранција. Јас искрено не знам што толку паники дигате за болест на тироидната, реално секоја втора жена има некоја од состојбите и е на терапија, баба ми скоро 40 год е со терапија па еве ја 76 тера ич како ништо. Јас откако сум на терапија се препородив, кешки порано да почнев немаше да се мачам така со години. Воопшто не е страшна доживотната терапија, тоа е само вештачки хормон што го заменува оној кој не го лачи тироидната. @anggell @Angel_G редовна контрола, витамини и помалце стрес и де ќе биде во ред.
На приватно ако мораш за испитување во Авицена некако најпристојно ми стои, јас некни Ремедика само за ТСХ и ехо платив 4900 ден, а сега гледам во Авицена ТСХ и другите хормони по 700 ден се, и така се си правев во Авицена не знам што ме трефна во Ремедика за ТСХ. Има големи разлики во цените. Јас некогаш два пати во месец испитувам некако многу ми дојде..
Тоа на почеток само првите два дена, сега и мене нормално ми е Јас се уплашив дека планирам бременост, Не сум од Ск, па не сум знаела. Нареден пат ќе имам во предвид.
Да оди следен пат таму, јас за секакви испитувања таму правам и јас не сум од СК и баш затоа оти не морам да закажувам и сл, ако ми е нешто успат за ск одам и проверувам. Инаку не се плаши за бременоста, ти пишав мислам и во друга тема, ако е со терапија и контрола и се друго е во ред ќе биде за брзо.
Денес не планирано и незнам зошто ми текна ама испитав тироидна. Ми рекоа за почеток доволни се ХТСХ и ФТ4. ФТ 4 ми е на горна граница. Што значи тоа? Немам трпение до понеделник
Ајде полека смири се,од паника си фрлила куп пари на сите страни. Значи вака,за тироидна ке одиш со резултатите кај специјалист по нуклеарна или ендокринолог. Штом имаш резултати,оди само на ехо и терапија. Моја препорака од приватните е др Татјана -Тиреодијагностика, кај државна и да платиш само ехо,кажи им имаш резултати од хормони.Со години работеше на клиника-нуклерна медицина и патофиза, има огромно искуство само со тироидна работи.Што ке ти рече тоа е. Провери можеби има некој термин и на ендокринологија. Жанета јас не би.
Во граница е. Нормална вредност. Како почнав да читам на нет, така се најдов во секоја приказна. Уствари ништо не ми е ама страв ме фати.
Ispitaj po dve nedeli pak, mozebi e momentalno Pravilo za ispituvanje na hormoni e da si naspan barem 8 casa, da nemas svezo stresni sostojbi i sl.... Inaku ft4 e prv pokazatel za namalena funkcija na tiroida, ali mislam nema mesto za panika, po dve nedeli pak da ispitas
Женски ја не знам тоа да го читам тоа резултарот ќе ви пуштам скриншотови па протилкувајте,мене само ми рече интеернистот дека е лошо и дека треба да пијам хормон и го пијам од денес.И да у паника сум зашто јас немав никаков симптом од ова освен главоболки и притисок ,а тој веќе се спушти нормален е не знам дали да се трујам со тие бапските лекови што ми ги ували за притисок тоа ми е уште под прашалник. Зашто бил можеби хормонски во циклус бев ,може стрес. И тука второ мислење ми треба,а за тироидата ми треба ендокринолог ќе закажува од понеделник секако. До тогаш поискусните ѕирнете во резултатите дали многу сум во аут...фала ви на подршката на сите
Имам и ехо и резултати се платив јас веќе хаха..ама ми треба некој да ме следи да ме контролира...ако може пиши ми контакт во ЛП и колку зема да знам што давачки ме чекаат...ти благодарам.
Антитела пред 2 недели за ТП +ТГО платив 2600 ден. 1300 од хормон а ТСХ е 700 ден. Не е ефтино, ама Систина и Ремедика скоро дупло Еве членка пиша дека Биотек е најефтино.
Според резултатите високо е, со терапија ќе се среди, ништо не е нерешливо. ТСХ е покачен и антителата.
Ќе ти дадат еутирокс, ќе се избалансираат тсх и фт4. За антителата наводно нема лек, се намалуваат со режим на исхрана,селен, безглутенска, исто така и суплементација на дефицити на железо,магнезиум,Д...