А дали треба да не си јаден?И ден од циклус дали има врска?Или можам во приватниве било кој дел од денот да одам
Извини сега идам од ендокринологија на клиника и докторката ми вели сакаш пиј селен сакаш не за мене нема значење селенот дека помага и јас и велам ќе продолжам уште некое време, и ми вели не смееш да пиеш подолго од 3 месеци селен, пауза ќе правиш па пак ќе пиеш.. Прашањето ми е дали ти континуирано ете си ги пиеш селен 10 години?
Komtinuirano ne, nikoj vitamin ne smee da se pie kontinuirani dolg period, osven ako si deficit, ali toa se meri i sledi. Pij go kako ti kazala doktorkata. Jas ne znam dali pravev pauza od 3 meseci, mislam pomalku, sega na primer ne go pijam veke dva meseca, od mart pak ke pocnam. Mene konkretno mi pomaga selenot vo pogled na titarot na antitela oddrzuvanje
http://www.tireodijagnostika.com.mk/ според мене најсоодветна за лекување. После неа Муратовска и Црцарева во Систина,и тие две работеа порано на патофиза. Хашимото е кај тебе ,исти антитела имамаме. Некоја корист ако паднат од 1300 на 1000 и нема. Точно ти кажала докторката,нема некоја корист од селенот и мора пауза со него. Можеш да се зафркаваш со селен и да губиш време ,мој близок со хашимото прво запињаше со селен и бразилски ореви,откако почна со еутирокс и тоа минимална доза од 25 се оправи ,сите симпоми кои ги трпеше додека беше со селен исчезнаа.
Дали некој пред бременост не користел терапија, во бременост да користи? Ме интересира затоа што потешко се погодува терапијата, од она што читам, па се мислам во прво тромесечие ми е страв додека се погоди ..
Ти благодарам многу драга утре имам преглед кај доктор Татјана...закажав.Не можам да се носам уште до веста ова е автоимуна болест условно речено нема траен,,лек,, плус имам тахикардии и притисок интеернистот веќе ми опна 2 таблети од кои многу ми е лошо...ми дојде премногу. Од здрава права оп две дијагнози. За интеернистот ќе барам второ мислење зашто ова што тој ми даде во нок Даун ме фрла и многу лошо се чувствувамѓѓѓ...фала бна подршката.
Од сите болести што човек може да ги добие трајно,оваа е најлесната. Не и се секирај многу,јас безмалку 20 год ја имам. Баш пиши што ке ти каже утре докторката.
Не ми е проблем ако треба да примам, секако ќе примам, него се плашам сега ако ми е намалено тсх без терапија, и после во бременост најчесто се покачува, немој да не ми ја погодат од одма терапијата, немој да не се намали со првата терапија, да не се развива плодот или пак со спонтан да биде , секакви филмови си направив.
Бремена сум и денес испитав хормони сум немала до сега проблем со тероидна па дали се добри овие резултати Тсх 2,03 Тф4 10,94
Е еве сум .Пред се докторката е многу фина, топла препорака. Се ми објасни реално и со фин тон и што и како ќе следи дијагнозата. Хашимото е хипотироидеа. 50 мг ми е дозата. Контрола по 2 месеци. Тахикардијата дошла од неа таа е причинителот и добро е да се јавил некој знак зашто јас никакви други симптоми немам ниту несоници,ниту здрбрленост ,ништо од тоа...Е сега сум подобар и до неа пијам една слаба доза од интернист ама Др. Татјана ми рече ќе ми ја извади секако зашто тоа не е поврзано со срцето друг орган е причинителот. Антителата тешко да ми се спуштат ако се случи единствено некое медицинско чудо , а хормонот може да се доведе во ред се спуштал и до 2 ,дури и до 1 со регуларна терапија и бивало на место.Лошата вест е што треба да се пијат до животно помала или поголема доза зависи од лабараторијатс,а добрата е дека не е многу оштетена нема голем оток,нема јазли и не треба биопсија. У суштина сепак е откриена на време...причинител не се знае и колку време и требало да покаже знаци. Спомена по еден бразилски орев да јадам на ден ...па пауза ама тоа е ко додатен суплемент кој помага а и не мора да значи. Ете тоа е фидбекот,задоволна излегов од кај неа и не ми е тешко толку на психата си прифатив веќе и ете пијам секој ден терапија и да се пофалам почнав да пешачам по 6 ,7 км секој ден околу 1 час физичка активност за почеток. Јас тоа не го правев до години што не е нормално во ред,а имам работа на стол ,стрес секојдневен и тоа си има цена.така драга фала ти на поддршката.
Нека ти пишат поискусните мислам дека ти се во нормала...и обавезно следи ја и после бременост. Ја вчера бев на преглед си лсбарсторија докторката напомена и дека можеби после бременоста се изреметичс.Јас родив пред 4 години. А никогаш за тироида не бев на преглед. Што и мене малце ми е нелогично ниту пред бременост ниту после тосѓ..добро е што сепак ја открив на време. Со лесно и следи и други параметри во бременост особено шеќер, притисок и евентуално птици на нозе околу глуждови пријавувај. Јас немам ништо од тоа и тогаш немав ама тоа прати си од искуство на други жени ми е ова
Она ми дијагностицира на мене и истите совети ги имав, иста доза и јас бев со тахикардии и гушење, после некој месец ми се смири откако почнав со терапија. Ете до сега проблем си немам, цело време ми е во граници откако сум на терапија, само сега во бременоста ми ја покачија после 4-5 години. Симптомите ќе ти исчезнат за брзо. Ти реков да не паничиш, секој втор има проблем со тироидна верувај, не е страшна болеста, од сите што можеш да ги добиеш болести оваа е боза. @anggell и тебе ти реков не си прави филмови вече, што ако биде ова, што ако биде она, си ствараш стрес кој секако е најлош за тироидната. Опушти се, ќе биде се во ред со бременоста и ќе се развива плодот, ќе ти праваат контрола секој месец и ако треба ќе реагираат. Ете јас сум ти жив пример дека и над дозволена граница се останува одма бремена и бебето де развива нормално. Опушти се.
Ти благодарам на подршката ,секој збор ти е на место. Човекот не секогаш е спремен да се соочи со она што ќе дојде,за жал никој не ги сакаме овие ,,модерни болести,,...уште чувствувам немир и тахикардија од време навреме ,имам некоја ситна,минимална терапија од интернист кажа ќе ја симне кога ќе се стабилизира организмот...не знам дал тебе ти дадоа нешто за тахикардии ,притисок ....зошто јас не можев од главоболка очи да отворам ,секое влакно на косата ме болеше буквално...прв пат во живот такви главоболки имав...срцебиењето дур не го ни чувствував од ова ,оти и притисокот се измести . Сега е ок две утра по ред е 115 со 72 тоа ми е нормален мене. Ако е над 130 веќе ми се лоши и не знам каде сум...се надевам овие симптоми ќе исчезнат што поскоро ...и кажете ми дали испитува те женски хормони? Понеделник имсм закажано кај гинеколог чисто консултација и со неа ,зашто симптомите се јавија за време на циклус ...па ми е страв да не направила некој дисбаланс и тука. Другите параметри на крвта фала богу сите се ок,шеќери ,масти,хемоглобин. Фала ти женска,и на останатите сите што пишаа и не подрржаа нас новите во овие почетни моменти кои чинам беа најтешки...
Ми ја намалија пак дозата од 10 на 5мг и после 25 дена таква доза не ми е добро. А јас упорна бев да ми ја намалат, си викам во себе ќе живеам лабаво и ќе се хранам здраво и ништо од тоа. На 6ти март крвна слика на 9ти резултати и термин кај матичен. Дали да почнам да пијам сама 10мг дневно? Не знам како ќе одам на работа оваа недела. Се надевам дека пак од тироидната ми е, дека не е нешто ново. И се плашам да не ми се слоши наеднаш. Изгледа после јадење или после кафе ми се слошува, најверојатно после кафе дека три пати последниве после кафе ми се слоши. Лежев сега скоро два саати и ми помина. Нема да пијам уште едно кафе до вечер. Само дали да испијам пак едно апче од 5мг? Едит: сега погоре притисок читам, да не треба и јас да мерам кога ќе ми се слоши? Немам апаратче за мерење ама ќе купам.