Да ти кажам братучетка ми е со Хипер, она понекогаш пријавува вакви симптоми, може треба да идиш пак на контрола да видиш за дозата. А кафе јас секако би намалила или исфрлила да сум на твое место, кофеинот малце го размрдува Хиперот.
Кога ми ја намалија ми закажаа контрола за месец дена. Сигурно ќе ми ја зголемат пак. Околу 12 престана да ми биде лошо, после лежење два саати, и еве сега ок ми е веќе три и пол саати ама во моментот кога ми е лошо многу ми е страв, нема како да си помогнам, и се плашам да не ми се слоши ептен кога ќе сум сама со две деца.
Има ли врска ако хормони испитам на државно ама не во Ск? Од помал град сум, па денеска другарка ми вика демек не се точни резултатите па ме замисли а баш мислев да не шпартам пак до Ск.
Кај мене антителата во Авицена беа 35, за 8,9 дена пак ги испитав во истата паднаа на 25. Зарем може толку да паднат за толку брзо, а нели докторите тврдат дека антителата не се намалуваат
Не знам точно што се антитела. Како се на крвната слика означени? А тие 8-9 дена пиеше лекови за тироидна?
Не се тоа нешто многу високи антитела, ко што сум видела на темава и по стотина знаат да бидат. Инаку, се намалуваат антитела, ако го исклучиш тригерот, намерно или случајно.
Не пиев ништо. ТPO I TG се означени. Откако видов дека се покачени уште повеќе внесов овошје и зеленчук, ама па за толку дена толку да паднат. До сега не си испитувала антитела. По антитела докторката ми рече дека најверојатно ТСХ ми е високо, кога испитав ми беше 4.7 Од тогаш сум со селен да видам дали ќе се намалува, ако не терапија ќе морам.
Па и јас што читав дека има многу повисоки, ама докторката некако ми го претстави како па и тоа е доста високо, знам дека е високо ама не беше нешто за ептен паника. Ќе видам за 2 недели како ќе бидат.
Абе сега, или имаш антитела или немаш. Значи 0 е добро, се над нула значи автоимуна реакција. Ама искрено мислам дека разликата од 30 до 20 не е драматична за да одиш во друг град по веродостојни резултати, јер и таму којзнае дали ќе бидат. Гледај на тоа како на позитивен индикатор, продолжи со овошје, зеленчук, селен и што и да правиш поразлично. Јас мислам и витамин Д не е лошо да земаш, ако веќе не земаш досега.
Сега морам пак да испитам, треба со резултати кај докторката да одам, затоа се мислев каде е најдобро да се испитаат. Инаку Д земам одамна веќе, и Д ми е испитано и пак продолжив да земам по препорака од докторката.
ТСХ реално до 6 е нормално, е сега на тебе ти е ради друго терапијата, спремаље бременост така да веројатно ќе примаш ама антителата се ништо, јас мислев имаш 100ци покачени, моите се 500 сеа во бременоста, сами се спуштија не знам како, предходно ми идеа до 2000. Инаку и јас си испитувам во мало место кога имаат реагенси, секогаш ми биле исти резултатите кога ги споредувам со приватно.
Не,не мора 0 да биде.Референтна вредност за А-тпо е 10-50 . Ама не се толку битни. Во ред ти се. Јас имам 1300 и што,ништо.се спуштат до 900 се качуваат,на ехо ке види каква е жлездатата и колку отишла во непврат.
Ме виде и на ехо, виде некои точки што кажа не се страшни со витамините или терапија се средувало. Јас прво испаничив, не бев ич запознаена со тироидна што и како ама кажа дека кај мене нема ништо за сега на тироидната што е загрижувачки.
Ne se panici, kaj mene Anti tpo se dvizat od 500 pa nad 1300. Znaci se menuvaat anti tpo. Voopste ne ti se losi rezultatite za anti tpo. Zemaj vit D vo dozi kolku sto ke ti preporacaat i Selen e preporacano, ali so pauzi, toa doktorot sto te vodi ke ti dozira soodvetna terapija
Девојки со хипо, дали сте нервозни и не трпите стрес и како да се надмине ова. Понекогаш од сон како да ме буди нервоза, како немир да имам постојано, не се трпам ни сама, а тек па другите..