Дали проблемите со хормоните на тироидната ви прават отоци околу очите? Подочњаците ми се темни кругови и имам како кесички полни со вода околу очите неколку дена.
Kade gi pravese? Na klinicka biohemija ako se, gi prakjaat kaj doktorot sto ti go dal uputot istiot den, elektronski po sistem P.S sega ne znam so hakerive do kade se
Девојки некој за антителава да ми каже дали е страшно 0.8 првпат ги испитувам другиве на нормални ми личат. На ехо докторот ми кажа дека тероидната има малку променета боја друго ништо.
Каква променета боја, ехото е црно бело, како го виде тоа? Знам за променета структура кај болести на тироидна, ама за боја прв пат слушам. Инаку резултатот ти е топ, се е во нормала.
Zdravo Ispitav TSH mi bese 6.85 mi dadoja terapija Eutirox 25 ete 3 nedeli gi pijam imam zabrzano srce dali na nekoj mu se ima sluceno isto od eutirox? Blagodaram
Аритмијата, не ти е од Еуротирокс таа е како резултат на изместениот хормон, не е,, толку висок кај тебе,, кај мене е 10,2 може сега се намалил пијам Еуротирокс од 50 веќе три недели... Мене всушност интернист ми откри дека тироидната не ми е во ред а отидов со главоболки и некаква чудна треска ме тресеше, аритмијата, не ја ни чувствував. Ми даде да пијам пропронслол два пати по пола тоа е за, аритмија, меѓутоа јас не можев да го поднесам лекот ми беше лошо од него. Побарав второ мислење другиот доктор ми рече пиј по четвртини доста ти е... Уште го пијам иако мислам дека некој ефект од него нема зашто ендокринологот ми рече дека кога ќе се стабилизира тироксинот и тоа ќе се среди, ама не сакаше да се меша во интернистичка терапија. Јас лично не би го пиела зашто некако лекот не ми праи смисол ако причината е тироидната, а не срцето. Но, секако имам на, 16 преглед кај кардиолог уште тој преглед ми остана во низата прегледи што ги направив во изминативе 2 недели па ќе се консултирам со него... Инаку побарај матичната, да ти препише мапразакс од 0,25 или хелекс секако смирува... Можеби нема да делува на срцебиењето но, психички секако ќе те олабави... Инаку како што ми рече ендокринологот Еуротирокс нема никаква нус појава... Со лесно, еве и јас некоја од вас да охрабрам, а бев никаква кога, дознав за дијагнозата,знааат членките..
Јас сега имам ново прашање за вас женски? Дали тироидната може да направи проблем на женските хормони? Всушност јас никогаш не сум ги проверила, зашто матичниот гинеколог немал индикација за тоа. Ниту пред бременост ниту во бременост имам родено дете пред 5 год... Некни и се јавив рече ако сакаш демек ти да, си ги провериш зашто на последен преглед гинеколошки редовен кој беше само месец дена пред тироидната да ја, откријам рече дека органите функционираат како што треба и циклусот е ок... Напомена само дека можеби има изместувања кај пролактионот зашто, ако овие другите два не,, работат,, како што треба ќе се покажало на функцијата на јсјниците и циклусот... А мене ми е шубе зашто симптомите со главоболки и трески ги добив токму дур бев во циклус на втор ден... А јас немам болни циклуси не чувствувам кога добивам инаку... Што мислите вие на ова тема и дали некоја од вас имала слично искуство? Ви благодарам.
Постара сум да, имам 42 год и прилично сум,, здрава,, жена и некако искрено не планирав да пијам лекови до најмалку 55 и кусур години... Имав некоја своја замисла дека после таа возраст на кај 60тите може да, се јават некои посериозни болештини оти,, слабее се троши организмот,,... Важно и како го чуваш и каков живот водиш нормално... Но и тука нема веќе правила... Сега се тешам во стилот ајд нека биде оваа таа дијагноза и не е толку сериозна . Ма да дур добро е што се случи да, закочам малце зашто последниве 2 год посебно во коронава многу фаст фуд јадев не бев физички активна, не наспана постојано, во обврски, не запирав. Сега почнав да пешачам, дури и полесни кардио вежби правам наутро и бирам што јадам. Фаст фуд и бурече не сум каснала е скоро 3 недели, добро се држам на искушенијата
Благодарам многу за одговорт ми значи ..Значи да не одам по интернисти да почекам ке се смири така и докторот ми кажа нормално било ама многу неубо чуството е
Здраво, имам хипотироидизам уште од 17 год. Прво пиев терапија од 25, па 50 па 75 па 100 и сега добив препорака за викенди да пијам 125мг левотироксин а од пон до петок по 100мг. Сега имам 25 год, сум отишла и приватно и државно, првата ми рече не ми е ништо, одам кај друг доктор ми вика воспалена ти е жлездата нареден ми вика ок ти е жлездата ама хормоните не. И уште мн др лоши примери имам и тотално сум разочарана. Со 100 мг на ден мене TSH ми е 11.5 моментално, најмногу до сега. Може некој да ми даде препорака за асален доктор кој стварно си ја сака работата и ќе даде и совети, не само апчиња и чао пријатно. Досегашното искуство ми е катастрофа и више незнам каде да се обратам. Инаку сум од Скопје, некој ако знае асален доктор нека пише.
Здраво женски можеби не сум за овде оти темава, е тироида нели... Но, можеби некоја друга имала слична мака... Мене тироидната, ми ја откри интернист откако нели се жалев на главоболки и трески. И си пијам еуротирокс и тоа, е ок. Меѓутоа интернистот препорача да појдам и кај кардиолог. Е сега пошто тој беше приватен и ме одра со пари решив кај кардиолог да, одам на термин. И го дочекав денес бев. Уште сум под стрес од тоа таму што се нагледав... Притисок кренав прво дур чекав преглед хаос невиден, термин имав 9.10 кај 10.30 влегов со сета документација од ендокринологија, интернист приватниот, крвна слика се, типов фрли минута поглед на документите, едно младо дете ми провери притисок и висок беше, 148 со 100 дури, ама лекаров не се возбуди вели не е страшно од возбуда, ти е ок. И се напна да пишува во тоа извештајот, лупа, терапија нит ме праша како се чувствувам со која мака сум таму ништо 0 бодови. И ми напна некој бипресо да пијам пола сабајле, пола навечер и за притисок пинокс половина навечер. Тој пиноксот ок го прифатив зашто ми шета притисокот и имам мака со него особено за време на циклус, уште гинеколог ми остана тоа на 29 треба да, одам. Му викам извинете ехото уредно е има аротмии, тахихардии зашто јас лично не ги чувствувам, јас само главоболки имам прв пат во живот, до сега глава никад не ме болела. А сега пошто сум у циклус хаос ми е главата ко камења да имам. Не вели ехото е уредно нема прескокнување нема тахихардии ама треба терапија а да ја пиеш и после месец дена да дојдеш на, стрес тест. И сега ум немам дал да му го пијам ова дал да се трујам што да чинам. Да идам да платам приватно пак за второ мислење ич не знам. Овие терапии колку што ми е познато кога ќе ти ги учукаат после тти ги продолжуваат само.... Реално многу ми се фати.. Од ниту апче за глава, сега за тироида, за притисок, за срцебиење и плус мапразакс пијам за смирување... Многу ми е женски. Нека дели некоја, совет и ум што да, чинам што да, праам...
По што се одредува референтната вредност во една лабораторија? Случајно приметив дека кај мене е до 4 на ТСХ а кај друга личност на исто место е до 5. Мислев дека во една лабораторија се исти реф. вредности па се збунив.