Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Фала ти многу на времето и што издвои време да ми пишеш
    Господ здравје да ти даде и со лесно да се породиш и да бидете живи и здрави со бебето.
    Јас исто имав многу стресови со години
    А највеќе има скоро 3 год
    Прво се разболе татко ми па после со бременоста имав многу покачени д димери и временските, тука ме исплашија докторите
    И имав симптоми како кога ќе се изнервирам како да ми се дуеше во вратот и толку, имав прилично добра бременост и фала му на Бога здраво дете,, а јас се низок притисок и немам апетит и тешко заспивам тоа и ден денес ми е најголем проблем..
    Детето ми е најголем нејадач во светот и тука нервози па од нова година навака се некој негативни случки, на 6 ипол недели имав спонтан, отидов на гинеколошката моја ми рече само дека се почесто се случува и дека нема потреба за страв и дека имав прва бременост добра после 3 циклуси да пробам пак, а јас баш сакав да испитам ете некој испитувања ме копкаше зошто дојде до тоа, и баш во тоа време откривме на мајка ми карцином на дојка и кога ми соопштија се укочив во левата страна рака и кај вратот како жар нешто и паднав во несвест и од тој ден не сум добро и имав прв пат брзо чукање на срцето а пред имав од толку низок притисок или од штитната па незнаев како прескокнување на срце немав едвај пулс..а инаку кај вратот каде што е штитната имам како игла да ме боцка и кога дишам, јадам и голтам и како да имам нешто во неа да ми смета, косата не ми паѓа, апетитот ми е нула и секогаш сум без сила, спиењето исто неможам навечер до касно да ме фати сон а многу сум изморена тие ми се симптомите и што имам низок притисок со многу слаб пулс и како несвестици да имам
    И незнам се така од еднаш многу тешко ;(;(;(
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Во систина многу скапо 8.600 ден мислам кај ендокринолог со ехо на штитната, баш денес се јавив да прашам
    Многу им се покачени цените
     
    На Blondie715 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    Тие па претерале 8 600 :o
    Ремедика е 3500, можеш и на државно само дали има термини.
     
  4. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Нема темини ни во државна ни во војна
    Сега ќе прашам во ремедика
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Дали некој имал циста на штитна?
    Јас бев и ми рече дека е здебелена и мора терапија за цел живот
    Мислам еутирокс така нешто и заради тоа изгледа имав спонтан
    А чудно прва бременост имав уредна ;(;(
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.991
    Пол:
    Женски
    Исчитај ги последните страни на темава, не се паничи не е ништо сериозно.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nipi

    Nipi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2022
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Скапи се, да. Пред 1 месец беше 7000 ден со ехо.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.743
    Допаѓања:
    11.140
    Пол:
    Женски
    Со терапија ќе се среди не се плаши. Ништо страшно што ќе се пие. Исто и јас имав прва уредна бременост, ете се случува.. Здравје наредна бременост успешна ќе биде.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JasminaKK

    JasminaKK Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    И јас сум задоволна од Муратовска во Систина, веќе 4 години кај неа сум..досега немам никаква замерка...
     
  10. Kejt362

    Kejt362 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Женски кај мм само анти- тг покачени (34,8; граница <13.6). Сите останати хормони ок се. Имате некој слично искуство?
     
  11. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Еве ги другите денес што ги вадев освен тсх да видам дали се точни во друга амбуланта
    исти се
    ми најде хашимото и терапија за цел живот еутирокс 50 вит д 2000 и селен 100

    Само докторката се зачуди дека со ваква дијагноза сите се со повишени кг а јас се послаба и без апетит, и што ми е друго не ми паѓа коса, и циклусот ми е редовен и нормален
    @1209 имаше и ти иста терапија?
    само да ми кажеш за резултати што мислиш Screenshot_٢٠٢٣٠٣٣١-١٦٥٣٤٦_Drive.jpg
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.991
    Пол:
    Женски
    Да, антителата ми беа исти кога беа најмногу, сега се 200 во бременоста, тсх последна контрола беше 6, ама мене пред првата терапија ми беше 15. Исти витамини примам, само селен мораш и паузи да правиш, 3м пиј па после паузирај.
    Инаку со 7 тсх и јас бев слаба и сега сум, ем сум бремена, кога ми беше 15 бев многу издувана, затоа си и ти слаба, требаат повисоки вредности за паѓање коса, мене ми паѓаше ама веќе со години не ми паѓа, а за менструација немав ни јас никаков проблем, никогаш не сум имала, редовна цело време како саат.
    И плодноста ми е супер со оглед дека останав бремена со свршување внатре 2-3 пати во рок од 2 дена:D

    Како и да е супер ти е терапијата, пиј си ја и ич не се плаши, ќе се навикнеш и апчињата нема да ги мариш ич после ќе ти станат рутина, дури и среќна ќе си што ги пиеш оти ќе ти биде многу подобро.
    Само контрола на неколку месеци и пробај да најдеш малце повеќе баланс за исхрана, ако не се храниш здраво веќе и намален стрес најбитно.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    А и тебе ти дадоа од прва 50, и за цел живот ти е терапијата?
    Како си со апетит и спиење и со стресови?
    И исто за бременост имаш некој плус испитувања ради хашимото?
    Извини за прашањата
    Ама ете здравје планирам по 2 месеци да забременам
    Зошто има месец ипол како имав спонтан, изгледа е ради тироидната, ама јас и родив веќе можеби и со иста дијагноза во тоа време ама не испитував и незнаев
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.991
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е од тероидната спонтан, мислам можеби ама не ти е толку критична ситуацијата за да имаш спонтан од тоа, сепак не сум специјалист, се надевам дека овој пат ќе биде успешно.

    Не немав никакви испитувања освен контрола со намера да видам колку ми е и да ми зголемат терапија ако треба демек да биде полесно забременувањето и да се достигне таа идеална прогноза што ја напнуваат во МК, под 2, а реално јас кога испитав веќе сум била бремена.
    Да од прва 50 оти како што реков имав многу физички симптоми и ми беше многу високо тсх, тебе ти дале од прва толку ради бременоста за да реагира побрзо. Инаку да за хипо терапијата е за цел живот со многу малце исклучоци. Баба ми е на терапија 40тина год веќе, 80 тера без некои големи проблеми, освен оние нормални од старост.

    Јас сум сега ок со се, стрес реално јас многу добро поднесувам и контролирам, освен таа случка што ја опишав погоре, генерално сум многу смирена и трпелива особа.

    Инаку тука Хашимотото не ми го ни регистрираа, дури една од бабиците не знаеше што е тоа. Јас сум во Англија, докторите се многу спремни тука и искрено никој не ми ја сфати состојбата со тироидната толку алармантно, контрола секое тромесечје, битно да е во граници тсх и бебето ако се развива добро, не прават фами околу тоа.
     
    На Buttterfly и nancyyy им се допаѓа ова.
  15. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Женски
    Не се грижи за тироидата под терапија, ќе забремениш. Родив три нормални, здрави и прави ќерки (иако не знам дали тогаш сум била хипо - хаши, можно е и да не сум била...искрено не знам). Не се заморувај и не се оптеретувај, без стресови и ќе забремениш.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Да да имаш право овде го прават како да е смрт или крај на свет, мене за д димери ми беа 7500 бројка и одма докторката кога ги виде ме исплаши, вика ти требаш по 2 клексани на ден ова не е нормално вика
    А сестра ми 4 пати роди надвор и никогаш не и побарале да испита тоа, зошто викаат дека и така во бременост нормално да се покачуваат и до 20.000
    Мене се нешто во грло како кнедла кога голтам и како игла да ме боцка кога дишам, и инаку правев исто ехо на штитна ме виде од врата дека ми е зголемена, и имам циста тоа ме исплаши и тоа ради хашимото, а јас добив некаква паника како да пијам терапија цел живот кога никогаш не пиев нешто освен витамини или парацетамол
    Незнам баш околу тоа ништо, со времето ми се собираше, доооооолг период сум под стресови а може и да се каже од 9 години кога имав, сега уште малце 30 и тоа
    И имаш таму терапија ја зимаш уште 50 со бременост, ги имаш таму да се купат?
    Нормално дека таму се повеќе демократични за некој работи кој не треба толкава паника да дигаат доволно му е на човека
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.991
    Пол:
    Женски
    Не сега сум на 75mg преку викенд, 50мг преку недела, ми ја качија тогаш на последната контрола оти ми беше 6, па како демек да останам полесно бремена, а јас веќе сум била, и од тогаш ми е иста.
    Да кнедлата ти е од тироидната, а имам и јас две цисти ама мали се, ми рекоа само да ги пратам, ништо страшно.

    Инаку апчиња да покриена сум тука ако ми требаат ама јас обично си земам од мк за два три месеци и не се замарам тука со одење кај матичен за тоа.
     
  18. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Здраво
    Тие што пијат еутирокс и селен
    Дали сте слушнале дека прават рак таблети или нешто лошо?
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.564
    Допаѓања:
    42.991
    Пол:
    Женски
    Кој ти ја полни главата жено со вакви статистики?
     
  20. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Немој вакви глупости.
    Со селенот се прави единствено пауза на 3 месеци да не се предозираш.