Прочитав на интернет различни мисли во врска со селенот и еутироксот дека е хормон и може да прави рак. И тие што веќе имале рак пијат антихормони да не им се појави пак болеста и така пишуваше во врска со хормонски таблети. 100 мисли во глава
Абе на интернет можеш свашта да прочиташ, хормонски таблети не се препорачуват пример ако имаш рак на дојката пошто може брзо да расте ама тоа се екстремни случаеви не дека екстра хормон ќе ти направи рак, еутироксот е хормон кој ти го заменува оној кој природно не ти го лачи телото, а му треба. Рак може да предизвика буквално се во денешно време да не си ја имаш несреќата. Не се оптеретувај со глупости.
Ќе имаме повеќе штета ако не преземеме нешто отколку без ништо. Не се плаши и не читај свашта. Мора да примаме терапија да не ни оди до плафон вредноста.
Океј, однапред извинете за прашањето, ама морам да слушнам и друго искуство Дали и покрај тоа што ви е регулирана терапијата (хипотироидизам со Хашимото) имате проблеми со запек? Јадење повеќе храна со влакна некако како уште повеќе да ми го отежнува проблемот, т.е. зачестеноста на столицата се зголемува, ама тешкотијата иста ми останува, ако не и потешко ми е .
Јас имам проблем со нејадењето и 0 апетитот ми е И што сум понервозна и повисок ми е притисокот од обично што ми беше низок и ми смета високиот
Извини може во ПП ако не сакате овде да пишете за кој интернист се работи. Јас поради аритмиите кои ми ги виде првиот кој ми ја виде и тироидата дека не е ок и ми даде некој лек од кој од кожа ќе излетав ,но нејсе...после кај кардиолог месец дена покасно тој ме виде ништо на ЕКГ и на ехо нит аритмии нит тахикардии ама ми опна друг лек оти овој првиот открил и дал и демек тоа не исчезнувало туку така...отидов и кај трет интернист тој исто ко и првиот требало да го пијам и била незначителна доза. Навистина ми треба некој што знае да објасни и каже треба,не треба ,по потреба да земам. А не опни го лекот и се гледаме за 6 месеци. Не мислам на Еуротирокс него го пијам и ок е ,веќе 2 месеци не се будам надуена ,подобро ми е во главата ,а тахихардија ко симптом никогаш не сум ја ни чувствувала. Инаку кај Татјана бев на прв прв преглед за тироида ,сосем ок поминав, ако не беше и на твоја препорака?Е сега таа рече да се јавам на контрола по 2 месеци кои веќе изминаа ,ама следниот месец ќе одам мислам нема да има некоја голема промена за месец дена... Е сега имам и уште едно потпрашање кај мене е хипо и хормонот беше 10 ,можам ли да очекувам да биде бар на 5 после 3 мес...сменив и исхрана не јадам бел леб, не можам без глутен ,ама тонус земам и домашен правам со мешани брашна ,пешачам секој 2 ден толку дозволува работата моја по 5 до 6 км брзо одење и пијам селен 100 мг,де 2000 и вит Ц 1000 од суплементи...фала ти однапред.
Да секако дека за 3м ќе има резултати, можеш тогаш да провериш. Инаку одев во Кочани кај др. Ацо Доневски( сега син му работи не тој) ама и он ме има проверувано и добар е, јас сум задоволна. Можеш да најдеш бр. на нет орд. Доневски.
Тироидата може да напраи изместувања на организмот во многу сегменти,притисок,шеќер,несоници ,депресија ...оти е автоимуна болест и немаш контрола над тоа. Кога ќе се среди хормонот ,ко ќе падне и другите параметри ќе се средат. Мене ова гинекологот ми го објасни...оти јас симптоми добив во циклус,главоболки,несоници ,замор ,тешка глава ,притисокот шеташе горе доле ..ко ќе се качеше на 140 ја веќе во транс бев зашто 110 со 70 ми е регуларен. Ниту со таблета за измокување се средување ниту со лек баш за пририсок.Посебно долниот срцевиот тој знаеше и до 100 да се опне ,а овој горниот ќе се спушти на 130 ,125 овој долниот си стоеше 95,100 баш бев исплашена ..еве трет месец како пијам еуротирокс овој трет циклус го поминав побезболно да кажам благи главоболки и притискот беше мирен. Да не се подречам. Другите параметри кај мене се ок ,шеќер,масти холестерол тука нема ништо закачено. Дур и женските хормони ги проверив бидејќи во циклус симтомите се јавија ,се во ред. Не се секирај ,јас бев многу напната ,дур многу беше психички тешко да прифатам дека ,,цел живот ,,ќе пијам лек за тироида но,тоа е ... Јас се уште верувам во чуда дека ќе дојдам во состојба да не треба да пијам лек...можеби ќе успеам да го победам тој мит хаха. Сменив начин на исхранс земам суплементи ,избегнувам стрес максимално и гледам да пешачам барем 4 до 5 пати неделно по 5 до 6 км. Сега се напнав и на пливање ќе се запишам 2 пати неделно ќе одам. Инаку јас имам хипо,а немам вишок кг што е уште еден мит за тироидата ,немав никаков симптом ,нит лоша столица ниту тахихардија ништо. Се до пред два месеци она со главоболките и треските..Ако сметаш дека многу те дрма нервоза нека ти препише матичната нешто за смирување Хелекс или мапразскс. Јас дур сум во процесот на адаптација на болеста да ја наречам болест земам 2 пати на ден и тоа од 0,5 мг и ок е. Ете и јас некого да утешам ,оти бев хаос жив пред два месеци ко влегов овде на група...Аман Заман пишував помсгајте,што ми се случи ,не го очекував ова ,не прифаќам ,ова не е реално...па ете прифатив тоа донел животот и ќе се справувам...со лесно.
Фала ти,ама не сум од Кочани од Скопје сум. А овде што бев 7скрено сите ,,зинсти ,,за пари ем платив, ем тоа што прашав не ми одговорија...некои глупи одговори ми даваат кои немаат смисол. Едниот рече да ти немаш тахихардии ,ама тие се јавуваат и треба бипресо да пиеш да не ти се оптеретува срцето...ја викам не ги чувствувам,он молчи...кај меше всушност тој на првото ЕКГ не виде тахихардија ,туку аритмија со 90 отчукувања во минута ,нормално напната отидов ,што може да се очекува . Еве сопругот ми зеде паметен часовник со него пешачам сега ми мереше 68 беа во мирување. Лично јас сум разочарана и од приватниве и од државните. На клиника Скопје пак на кардиологија минута беше многу што фрли на екгото и ехото и ко го прашав тој ми вели ти не си ,,тежок случај ,, демек не ме задржувај пред врата чекаат луѓе со бсјпаси и по 2 стента... Абе хаос. Кај еден мој познаник отидов млад интернист е, ги виде резултатите се напивме и кафе и се и он све се ти е во ред,немаш потреба за сомнеж ова што ти дале да пиеш на деца од 14 год ние даваме демек ,ко за дете доза...сакав уште кај тие ординација срце да отидам на второ т.е на трето или четврто мислење ќе беше ама ко ми рекоа дека 3000 треба да дадам само да ги види резултатите и даде мислење кренав раце. Сега подобро ми е ,ќе мирувам некое време ,следниот месец ќе појдам кај Татјана да контрола, па евентуално после тоа можеби ќе си појдам кај еднс докторка у Капиштец ја фалат кардиолог е и зема со упат преку матичен. Жената посериозна е , во воена болница работела преку 20 год ,па со неа ќе видам и толку. Фала ти секако.
Појдете кај др. Татјана во Тиреодијагнодтика. Сосем ок е докторката, се фино објаднува,приватно работи 2500 и е преглед со ехо. И хормони испитува има лсбарсторија своја мислам дека 1500 и беше пакетот за хормоните...јас бев со резултат ми зеде 2500 и баш фино поминав 30 кусур минути ми посвети внимание и објасни се. Работела на клиника на патофиза со години и докторката е у години да кажам баш искусна е.
Selen ne pravi rak, antioksidans e. Eutirox e hormon tocno i pravi problem ako ne treba da go pies, a ti pies. Ti ako imas poremetuvanje vo tsh mora da zemes eutirox, kako i cel svet sto zema. Hormonite tocno e deka predizvikuvaat rak, iako ne e dokazano, ali najveke estrogenot toa go pravi, od eutirox ne sum cula nekoj rak da dobie, a poznavam luge sto pijat poveke od 20 godini. Ne citajte po internet, sega mnogu aktuelno stana toa so Lila Filipovska sluckata i narodov se ispanici. Rakot e najmnogu genetska bolest prvenstveno i posle se drugo.
3.5 не е ТСХ за терапија, во граници е, нема потреба ниту од терапија ниту од витамини. Ако и е за бременост нека проба со селен и цинк.
Да Ви се вмешам во муабетот...околу бременоста. Оти пред некое време бев кај гинеколог оти од тироидната имав многу тегоби во циклус, главоболки, замор, трески... А пред тоа ништо трчав без болен циклус тотално... Ја прашав докторката чисто од,, љубопитност,, дал ако родам дете иако не планирам да раѓам веќе има една ќерка 5 год, ќе ми се реши состојбата со тироидната, докторката рече дека тоа е,, мит,, и дека не ја лечи бремонстс. Моето прашање беше тоа е сега таа објасни и под услов јас да сакам да родам што би ме чекало... Повисока доза на еуротирокс сигурно, тоа било така во најголем број случаеви, еуротироксот не му штети на плодот. Но, бидејќи е автоимуна болест и не си на,, чисто,, со неа,, доколку направи проблеми со тахихардии, аритмии, крвен притисок или шеќер и треба да се земаат лекарства, бременоста треба веднаш да се прекине без оглед во која недела е бременоста... Мене барем вака ми рече. Пред 6 год ко ја носев малата, немав никави проблеми, уредно износив и на 37 год родив без проблем. У суштина јас останав на ставот за, едно дете, ама потпрашав дал бременоста може нешто да промени... Оти ако се сеќавате на муабетот, нашите баби раѓале и во поодминати години демек добро било за здравјето и организмот се чистел. Арно ама изгледа не во секој случај. Среќно на сите што носат бебиња.
Нека си ја скине дипломата ако рекла дека за шеќер, тахикардии и притисок рекла дека мора да се прекине бременост во било која недела. Овие состојби се јавуваат и без проблеми со тироидна. Јас имам шеќер сега и ете при крај сум, кај и да е ќе родам. За овие состојби си има лекови и се контролираат успешно, не се причина за абортус. Исто и за еутироксот не мора да значи поголема доза, мене ми ја зголемија само за 25мг и тоа само два дена и ми е под контрола. Воопшто не осеќам тегоби од тероидна во бременоста.
Имав цимерка пред 5 години ко се породив на инсулин беше и роди близначиња...Така што ете не мора да значи. Но, имаше жена со многу висок крвен притисок 180 и нешто и се качуваше е неа ја породија само што влезе во 7 месец...Во бременоста бев малце на паталогија во 38 нед. се спушти малата на бешиката и не можев да мокрам,па мораа да ме следат. Секако следната недела се породив со царски ок си беше и опоравување и бебе.Така што зависи се од случај до случај...јас велам на сите нека им е со лесно,јас секако не планирам бременост но,ја прашав чисто од љубопитност.
Дали вие што сте со Хашимото на секоја контрола ви ја проверуваат тироидната со ехо? Првпат одам на преглед каде што ми рекоа дека освен ако немам чворови нема потреба да се проверува на ехо на секое, туку на 2-3 години.
Ова малце ми е безвезе, па може ти излегло чвор во меѓувреме од кај знааат они. Сестра ми оди на 6 месеци, и целосен преглед и прават со ехо и проверка на хормоните.