Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.402
    На патофиза?! Не одиш на ендокринологија?!
    И како забележа дека имаш симптоми на хипер?! По што заклучи?!
    Секако дека докторот не е ненормален да ти дава терапија која не ти одговара, ако резултатите се очигледни...
     
  2. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Ако резултатите покажале дека треба да ти се зголеми терапијата, тогаш треба. Евентуално ако се сомневаш во резултатите, е тогаш може да си ги направиш и на друго место или пак да побараш мислење од друг доктор.

    Ај некој да ми препорача добар ендокринолог, само не од Клиника или Ендомед. Навистина немам време да чекам на Клиника, а во едномед некако докторката ништо не ми помага, плус што ќе ми закаже за догодина ако се јавам сега.
     
  3. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Jas odam na patofiza kaj prof.dr. Olivija Vaskova
    Zadovolna sum od nea,dobro me sledi,terapijata mi ja pogodi-inace imam hipotireoza
    maka macam so zabaven metabolizam i so kilogramive-ama uspeav nekako da se stabiliziram-taa mn. mi pomogna
    sega sum podobra pa duri i ja namalivme ter.
     
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Јас се откажав од патофиза, многу гужва има, а јас малку време. Плус резултати долго се чекаат, докторите не се достапни за прашања и проблеми.
    Во ендо мед иста приказна.

    На секоја контрола терапијата само ми се зголемува.
    Сега сакам и трето мислење.
     
  5. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    еве кај нас во војна бол. т.е. осми септември има еден добар др.доста го фалат
    пробај кај него за трето мислење,али со гужви и тука е иста песна-посебно пензионерскиот ден вторник и петок.
     
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    потење многу се потам тахикардија срцецо до 110 во минута ми отчукува тремор нервоза ...
    Иначе на претходните резултатти ми писшува дека хормонксата вредност е наголемена а на овие пишува дека е нормална а TSH супримирана вредност е ова незнам што значи.
    А се мислам дали да бара второ мислење
     
  7. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    а да и се јавиш на докторката,да не згрешила нешто,мислам ако имаш нејзин телефон.значи стварно се нервирам со овие на патофиза,ако ти треба за нешто итно,нема шанси да ги добиеш,треба да закажуваш со месеци.од ова што си го пишала треба да ти намалат терапија а не да ти зголемат.
    принцес ако си за второ мислење на приватно,да си одиш кај каранфилски
     
  8. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Каде работи Каранфилски?
     
  9. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    во атик кор,кај грчка амбасада,професор е ,доста стар и искусен,од него што е кажано,тоа е
     
  10. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Дали некого го чешало целото тело од апчињата (Еутирокс)? Пошто веќе подолго време ме чеша цело тело а докторката ми рече дека може да е од апчињата.
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не озбилно нема логика таа терапија да ми ја даде од причина што сум 150 цм висока и иам 45 кила кај најде логика женава да ми дава 175 терапија. Договорот беше дека ќе ја примама оваа терапија некое време и после ќе ми ја намали. А ако и се јавам гарант ќе ми каже млада си толку треба незнам што. Многу се нервирам. Али како и да е факт е дека ќе продолжам да пијам 150 само
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.402
    Прво, ко што велиш имаше сериозен проблем како и што не знам,ама според тоа што го кажа, ти како пациент со таква историја, секако ќе пиеше еутирокс од 150 до 300 микрограми.
    И друго, не можеш на своја рака да изигруваш доктор и да си одредуваш сама колку да пиеш. И ко трето, не ми е јасно за пациент со компликации ко твоите како може така да го остават особено постоперативно и после долготрајно лечење?!М?! Немаш као повеќе доктори?! Зошто не се консултираш со сите?!


    Инаку,јас имам проблем со кожата од еутироксот. Често ме чеша,ама тоа е. Се мачкам со маслиново масло почесто во последно време и заретчи. Среќа не ми е иритирана, со пликови,ама сепак од нормална кожа со текот на времето премина во многу чувствителна. Пак од мерак за козметики ја шлапам со свашта,ама поретко со било што,особено па силно парфимирани, гледам повеќе да се мијам со кремасти купки и да се мачкам со помрсни производи со д пантенол, ад капки и слично...
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    Не ваков е муабетот на Патофиза ти откриваат нешто одиш на операција и после контрола на секој 6 месеца и си збориш нсимптоми ова она никој не те слуша ако сакаш да се пожалиш си чекаш усште нели 6 месеца и не немаш повеќе доктори имаш еден и толку тоа е.
    И секоја контрола ти кажуваат различно прво имаш па немаш метастази па имаш една само и после ко ништо да не било и преку таквото ми е од тие на Патофиза ...
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    еее затоа и јас не сакам да се лечам на патофиза повеќе. од презафатените доктори на патофиза јас уште не можам да си го средам организмот после пораѓај. ма :swear: та нивна. цел живот ќе имам проблеми затоа што немаат време ни да те ислушаат, ниту пак да размислат добро за терапијата. Една од докторките дури и мислеше дека сум и студентка што доаѓа на испит, а уставари јас и бев пациентка која редовно секој месец доаѓаше на контроли низ целата бременост. Поминаа скоро 4 години, а кај мене состојбата уште не може да се нормализира.
     
  15. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не да се катастрофа абе у пм. Лани што ми направија седам1 месец без терапија никаква дека требаше да примам Јод и се договоребно дента одма таму и ми викаат нема Јод не нарачале или како беше и јас :@ и после пак пројде време пак низ истите сра*ја и цел организам ми се поремети цел метаболизам абе супер топ -.-
     
  16. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    јас бев на контрола неколку дена пред да се породам (имав догороврен царски поради проблемот со тироидната) и докторкава (инаку примариус доктор :puke: ) ми вика: ти откако ќе се породиш еден месец нема да примаш терапија, да видиме како ќе се однесува организмот, може се ќе се среди.
    а јас цела во прашалници и викам дека до сега 9 месеци сум пиела еутирокс од 150 до 175, а сега одеднаш да прекинам, некако ми беше чудно. ама нели, таа е најдобар доктор, препорачана јас кај неа одев, не примала пациенти затоа што сите сакале кај неа и ја послушав.
    И фино лепо си се породив, во бременост се поправив само 9 кг. и кога првиот месец почнав да се дујам, да се дујам, да ми паѓа косата, да ми се тресат рацете, да не можам бебето да си го држам во раце како што треба и одам јас кај неа точно после еден месец откако се породив со плус 20кг и со уште еден куп проблеми. Ме оставија без терапија баш во оној период кога когами била најпотребна, ми се направи хормонална бомба и до ден денес си ја влечам.
    И докторкава се осмели да ми рече дека она не ми рекла да ја прекинам терапијата!!!! Јас не сум ја разбрала убаво!!! Не можев да поверувам!! Не отидов никогаш повеќе кај неа.
    Полека почнувам да се средувам, косата не ми паѓа веќе толку многу, ослабнав 10 кг, треба уште 10, но ми се појави уште една автоимуна болест која е многу поврзана со хипотиреозата, а тоа е реуматичен артритис. Сево ова не се лечи. Се само заради една глупа докторка која нема време да им посвети на пациентите.
     
  17. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    дефинитивно се многу неодговорни брзаатсамо да те прегледаат и немаат поим што ти кажале. Јас дојдов до тој степен што незнам дали сум се излечила или не зашто секој пат различно ми кажува
     
  18. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    затоа некој ќе си носи последици цел живот.
    сакам добар доктор, со кој ќе можам да поразговарам за се што ми се случува, да се консултирам за исхрана, за вежби и сл. Во едномед докторкана порано беше супер, ама немаше толку пациенти па можеше да ти посвети внимание. Сега, одма ехо набрзина, еве ти упат за тсх и ајт со здравје. не мора ми вика лично да доаѓаш со резултати, нека дојде било кој ќе ти пишам јас терапија ми вика. како бе не разбираат дека сакаме да знаеме што се случува со нас?!?!
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    нензам ако ми се случи нешто сериозно не дај Боже ќе ги тужам може тогаш ќе се научат како треба да се постапува со пациент
     
  20. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    не дај боже да дојде до такво нешто! затоа секогаш 2-3 мислења од доктори пред да се направи било што.