Имам покачени антитела, за тоа пијам селен од 100mcg така ми рече докторот, сега сакам да почнам да ги пијам заради имунитетот од Провен витамините А-З гледам во нив има селен 55mcg дали ќе е многу селен вкупно ?
Луѓе што е ова со термините на ендокринологија, не е нормално, како да не постои одел за тоа во овој свет
За тироидна дава и матичен општ лекар, а за другите хормони матичен гинеколог, исто и за тироидната може и матичен гинеколог.
Дали некоја со хипо имала симптоми да сте зиморлија за разлика од другите, да ви е ладно не константно ама така да неподнесувате студ, ветар, одма да се облакате ?
Јас од поодамна имав само кога ќе се изнервирам ќе осеќав гушење во пределот на тироидната, а имав и многу симптоми што наликуваат за тироидната ама незнаев дека може да е причината, и од последниот стрес за мајка ми и пред тоа имав спонтан, добив пецкање, гушење и ми потече вратот, и плус каде имав анксиозност, неспиење, нервозна, безволна, тажна и имам низок притисок со слаб пулс, сите овие работи се причина за тироидната, а има исто ако им е намалена може косата да опаѓа/слаби и да се зголеми килажата, само јас тие 2 работи ги немав и тоа, само провери за секој случај да бидеш мирна, јас сум инаку хипо хашимото со висок тсх и антитела, и некоја циста имам, можеби не ти е ништо, или па некој ја носи оваа болест ама нема симптоми.
Дали од селен имате мачнини, јас околу пола час, саат време, после пиење имам ептен мачнини од нив едвај се воздржувам
Јас кога го пиев можеби 5-6 дена не секој ден беше добро, немав некој промени, туку се осеќав 20% подобро, ама после неколку имав како гадење и мачнини, и го прекинав, сега сум на по 1 бразилски орев и тоа не секој ден, заборавам. Сега тоа е мој случај. Можеби другите имаат подобро искуство.
Јас сите симптоми ги имам и на хипо и на хипер: раздразливост, нервоза, треперење, понекогаш тресење на раце, не поднесување на ладно, можеби е смешно ама спијам со чорапи (си имам посебно за спиење), се поправив 5кг.наеднаш, не сум многу со оглед на тоа што бев многу слаба сега сум таман, ама не јадам мрсна храна, леб, благо, само салати и пак се поправив, безволна, некогаш не ми е мерак за ништо, еден момент сум тажна за ништо, еден среќна, незнам друго, има уште многу.
Ијас сум таква мислев дека мие од депресија и анксиозност, ама ова шо ми е ладно нонстоп незнаев од што може да ми биде, морам да проверам, а со лекови неви се средуваа? И покрај лековите имате симптоми?
Јас пред година и пол ја проверив тироидната добра ми беше, сега покрај другите хормони и ТSH проверив 0.24, гинекологот ми кажа мора на ендокринолог на ехо, сепак тие се стручни за хормони, ама термин на приватно Јуни ми закажаа и тогаш сигурно ќе ми препишат терапија. Провери си тироидна, ако ти е само за тоа упат може и општ матичен. Немора приватно, за ендокринолог морав, нема термини на државно. И јас се чувствувам депресивно.