Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Подобро прво отиди на преглед, зошто ние со хипо и хашимото со сигурност ни фали.
    Можеби ќе немаш проблем со штитната и хормоните, не знаеш.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Реално немаш некој проверен суплемент што може да ти гарантира резултат. Како и останатите членки и јас пијам селен од 100 мг, не поминале уште 3 месеци да правам пауза и да проверам хормон. Јас пијам и Еутирокс од 50 мг и треба да одам на контрола се токмсм идната недела. Прво крвна слика да направам. Кај мене антителата се многу високи и докторката рече дека тие нема шанси да се спуштат оти кога еднаш ќе се покачат толку е. Го следиме само хормонот ... И мојата докторка не нудеше суплементи ,т.е рече пијат некои пациенти селен или бразилски лешници земат по еден на ден ,но сепак тоа не ми е некој фактор дека влијае. Јас имами цинк него не сум го земала со Селенот ...имам уште 10 Тина од него да испијам па кога ќе правам пауза од Селенот ќе го земам цинкот. Дополнително јас пијам и вит Ц од 1000 мг и д3 од 2000 ...као за имунитет. Нека пишат поисусниве и јас уште истражувам има околу 3 месеци како ми е дијагностициран Хашимото. Со лесно.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Антителата не сметаат при забременување. Ниту Еутирокс му штети на плодот ако си бремена. Важно е да провериш репродуктивни хормони ,затоа што ,пореметување на тироидната може да напраи дисбаланс кај женските хормони и кај циклусот. Јас ги проверував чисто информативно не ради бременост ,туку што имав физички симптоми за време на циклус трески ,главоболки ,заматена глава... Овие симптоми никогаш не сум ги имала пред да откријам дека има проблем со тироидата. Јас лично не планирам да раѓам имам едно дете девојче од 5 год фала богу ,ама сакав да видам сигурна дали овие репродуктивните се ок. Таа на ехо по функцијата на јајниците виде дека се ок и рече и да провериш ќе бидат во нормала. Така и испадна, единствено пролактинот беше на граница ама тој се реметел и при стрес и стресни состојби. И бидејќи не беше алармантна ситуацијата гинекологот не даде терапија...овие хормони прв пат во животот ги испитувам , пред бременост тоа не го правев оти немав проблем...ниту името не им го знаев. Кога ја потпраша после гинекологот за бременост таа рече со Хашимото се останува бремена и се одржува бременост,но доколку треба друга терапија ако има покачен притисок,тахихардија и треба хемија тогаш ,бременоста не се препорачува. Оти синтетички лекови како енап, бипресол,пропроначол кои ги дава интернист за овие состојби не се препорачливи да се пијат. Единствен лек кој е дозволен во бременост е метилдопа кој е преслаб дури и не делува...ова е мојот фидвек од гинеколог колку е реален не знам. Важно тироидата не направила проблем кај женските хормони кај мене една грижа помслку. Кај мене напраи проблем со тахихардии и земам по половинка од тој бипресолот кардиолог го даде,незначителна доза реално...не знам колку и има потреба од него зашто веќе симптомите ги нема главоболки ,трески итн.. можеби и таму треба да појдам да потрошам еден ден. Тоа од мене со лесно.
     
  4. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Не е ок си...ама од Селенот не знам дал ќе ти се намалат антителата..мојата докторка рече дека кога еднаш ќе се качат толку е амин,си стојат...ништо не ги симнува..јас сега треба на контрола да одам ,антителата ми рече воопшто да не ги проверувам,само тсх хормонот кој беше на кај 10 пред 3 месеци. Имам Хашимото инаку хипо и на Еутирокс сум од 50 мг...
     
    На 1209 и Kaley им се допаѓа ова.
  5. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Јас имам друго можеби чудно прашање за Вас поисусниве... Дали со хипо се зголемува килажа така сама од себе ? Гледам девојки пишуваат имам качено кг или тоа е од друга причина?јас некое сабајле ќе се најдам да речам ко подуена у фаца и се филмам дека имам вишок кг ,но реално не ги префрлам ко фактор на болеста туку дека седам во место 8 и пол саати и нормално јадам не трошам физички. Додуша пешачам 2 пати неделно ама тоа не е некој хард тренинг а се чувствувам имам некои 5 кг вишок ама така некое време ми се вишок и не сум се ,,напната,, сериозно да ги симнам...муабетов ми е за овие женскиве што да речеме внимаваат и практикуваат активност да ли така качуваат од нигде никаде кг ? Дали и ова може да го очекувам... Дајте утешен одговор се надевам нееее
     
  6. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски

    Значи ќе може да ги пијам не е многу ...

    А колку е кај тебе ТСХ сега си проверила пак дали се намалил од 10? И мене следно ми рече докторот само тсх да го испитам, антителата веќе не. Последно ми беше покачен ТСХ 4, 8 и нешто негде мислам и терапија не ми даде, само селен, па ќе видиме како ќе е.
    Имам чворче исто на ехо ми виде, ми рече дека не било опасно незнам не е големо, но за разлика од прегледот пред 6 месеци е позголемено, и за тоа се мислам зошто и дали може да се тргне некогаш ама изгледа и тоа не.


    а иначе мислам ок ми делува селенот кога ќе го пијам, незнам така се чувствувам кога пијам селен сум подобро :?:.


    А за другото јас неможам ни кило да покачам, а сакам намалувам само. Но имам читано дека тоа станување наутро како отечена на лице го препишуваат баш како проблем на тироидната. Но незнам, нека кажат како што рече поискусни во тоа..
     
    Последна измена: 25 мај 2023
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.118
    Допаѓања:
    180.819
    Не мислам дека може туку така да се качуваат кила. Мислам, ваљда тироидната го успорува метаболизмот, ама затоа покрај терапија се препорачува и движење, барем саат време пешачење надвор, не мора хард тренинг. Вака лаички, колку што памтам од времето кога интензивно истражував на темата.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.604
    Пол:
    Женски
    Е па немој лаички за зборуваш зашто не е кај секој исто хипотироидеа.
    @Angel_G сосема нормално е. 5 кила не се многу, ама разговарај со докторката која те води.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Epa mojot doktor se krsti na antitelata, drugo nema kaj mene maana, se sto postoi imam isprovereno. Nesto sto e von moja kontrola se godinite, sto donekade i toa ima vlijanie...
    So srekja na site
     
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Јас како што знам, без земање терапија или со несоодветна терапија, да, се забавува метаболизмот, односно се намалува потрошувачката на енергија на телото и при ист внес на храна со кој си одржувал тежина, сега би се дебелеел. Но, по нормализирање на хормоните со терапијата, тоа повеќе не би требало да е проблем. Тогаш треба да се осврнеш кон навиките, како што пиша - седечки начин на живот и малку движење. Колку сме постари, ова е поважно, затоа што со тек на годините природно се забавува метаболизмот, се намалува мускулната маса, а и се зголемува склоноста за складирање масти (ова почнува уште на 30 години). Така што, имај предвид дека со тек на време, без оглед на тоа дали имаш проблем со тироидната или не, потешко е да се одржи истата тежина со тој начин на исхрана и активност што си го имал како помлад, односно уште поважно е да се стремиш да јадеш понутритивна (помалку калорична) храна и да се движиш повеќе. 2 пати седмично е подобро од ич, ама не е лошо и да зголемиш по малку повеќе секој ден.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.118
    Допаѓања:
    180.819
    Добро де Нена, никој ништо лично не напиша. Напишав факт кој го памтам дека физичка активност е потребна секој ден. Во спротивно и јас со сите добри параметри качив 5 кила од само седење.
    Еве помалку лаички, https://www.verywellhealth.com/exercising-with-thyroid-disease-3231592
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.415
    Допаѓања:
    114.604
    Пол:
    Женски
    Се е тоа ок ама тироидната нема упатство разберете. Секој организам различно реагира. Плус ако е Хашимото тоа е веќе автоимуна болест и има други ефекти во телото.
     
  13. p.elena

    p.elena Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Ве молам препорачајте ми добар доктор за хашимото. Благодарам
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.069
    Пол:
    Женски
    Мене TSH ми е 0.24 па се поправив нагло 5 кг., таман ми се со оглед што бев слаба, ама сакам барем 2кг. да симнам, никако не ми успева, пешачам секој ден, не јадам леб, благо никогаш не сум ни сакала, цел пост за Велигден место да ослабнам се поправив 2кг., сега си ги симнав пак, ама повеќе никако неможам. Диети не сакам, страв ми е да не си направам поголеми проблеми, да не ослабнам нагло па да не ми се вратат дупло килограмите.
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше прилично висок тсх на кај 10 пред три месеци и ми даде Еутирокс од 50 ,тоа пред 3 месеци сега се токмсм да го проверам. Селен да добијам од тоа што имам па ќе паузирам..малце ми е страв дал се намалил ќе видиме.Кај мене нема чворови и јазли ја виде ко нехомогенс демек со неправилна форма ама во блага состојба. Антителата беа високи веќе не ги ни испитувам важно ми е хормонот да се спушти. Здравје со лесно нека е.
     
    На Kaley и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Ќе се спушти сигурно, јас паузирам со селен на 2-3 месеци и пак...
    Така е здравје со лесно да ни е само ..
     
  17. мацка64

    мацка64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    TSH ми е 1.52 FT4 ми е 1.05
    Колку се нормални вредности?
     
  18. Irenaaaa56

    Irenaaaa56 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdravo ako moze pomos dali nekoj pie apcinja za teroidnata propiltiouracil 50mg i dali se stetni vo bremenosta ??
     
  19. Milaa121212

    Milaa121212 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Zdravo,pred dva dena mi e dijagnosticirana jazol so cista na tiroidna pri shto internistot me prakja na biopsija za istata.Biopsija imam zakazano na 21.06 vo Histolab no ne me drze koza.Dali nekoja se soocila so istoto?Imam kako topce na vratot od levata strana no megjutoa nemam nikakvi drugi simptomi.Napraviv ispituvanja za hormoni pokacen mi e samo Ft4-30 a drugite hormoni se vo red tsh mi e normalno.Ve molam nekoja so slicno iskustvo
     
  20. Milaa121212

    Milaa121212 Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Da napomenam deka sum porodena pred 8meseci.