Јас редовно проверувам на патофиза, секогаш до сега ми се погодило да ги има сите реагенси, последно сега во јуни бев. Ама не ме чуди и да снемува, сепак е мк државна болница. Инаку доста знаат да се снабдени со реагенси и во идадија поликлиниката. На биохемија е ужас со гужви, ако можете да избегнете за таму, најубаво. Или ептен рано одете накај 7:30, ама веќе ќе има 50 пензионери што зеле бројче.
Јас прашувам зошто мене ми ја пронајде интернист тироидната и ми препиша еутирокс од 25.Ама јас не ги пијам редовно кога ке ги земам на почеток пијам и после заборавам и може со месеци да не се напијам.После ке почне да ме гуши па пак ке земам и се така не сум ич одговорна на таа тема за апчиња.Затоа прашав каде се прегледува зошто навистина незнам ништо за тироида а искрено ми е страв да читам.Знам дека ке ме нападнете ама таква сум
Ако си вака неодговорна можеш да си направиш поголем проблем, јас ја открив многу доцна, прво се здебелив па ослабнав, косата ми паѓаше ненормално, се гушев, ми трнеше телото главата, неможев до вц да отидам, цел ден го поминував во кревет бидејќи немав сила за ништо, крајно почнаа да ми паѓаат и веѓите. Тогаш прогуглав и видов дека сите симптоми на тироидна ги имам, проверив хормони па на интернист и веднаш терапија. После една година јас сеуште не се чуствувам целосно опоравена, така да мој совет најбрзо што можеш на лекар и да си почнеш терапија редовно, бидејќи верувај не ги сакаш проблемите што таа ги носи, анксиозност и депресија се плус
Точно неодговорна сум за жал.Не ја сваќам како нешто ризично а треба.Фала ти во секој случај ке одам на интерниот обавезно
Здраво, сакам утре на приватно да испитам хормони за функцијава на тироидна жлезда, имам симптоми што ме наведуваат на хипотиреоза. Ме интересира (пошто ми е првпат), на почеток треба сите овие хормони што се Т3, Т4, ТСХ, ФТ4 да ги испитам или доволно е само некои од нив?
Ти благодарам. Го гледав ценовникот на лабораторијата и сите овие што ги набројав поединечно се по 700 денари, а anti-Tpo чини 1.100, па не бев сигурна дали првпат апсолутно сѐ треба да испитам.
Итно ми е некако, сакам утре најрано да проверам, после нема да бидам у можност нема да бидам тука. Фала сепак
Прво извади ги TSH FT3 и FT4 После ќе ги видат прво тие, па може и ехо на тироидата, е ако видат по тие испитувања и симптоми ако имаш некој плус може ќе ти бараат и антителата да ги извадиш тие се 2 ATPO и ANTI TG Ти кажувам јас како почнав се
Исто и на мене, без здебелување и опаѓање на косата, во спротивно јас слабеам и немам апетит, се можни симптоми ги имав а најлошо ми падна анксиозноста и депресијата, што во живот не бев полошо, и што викаш и по терапијата уште не сум добро, некогаш неможам ни да објаснам како сум
Здраво, дали некој ја има доведено во ред жлездата со исхрана по план на нутриционист? Долги години бев хипер, две години без терапија и стабилно ТСХ, а сега влегов во хипо. Било каков совет е добредојден.
Po rezultative potrebna ti e konsultacija so endokrinolog i ginekolog. Dozata na eutirox treba da se prilagodi, zosto se dvizis nakaj dolna granica na tsh Vo pogled na drugite hormoni, konsultiraj se za prolaktinot i da bidam iskrena prv pat gledam tolku niski fsh i lh, pretpostavuvam mlada ste, zaradi toa vi se tolku niski, ali sepak neka gi vidi ginekolog, mozebi ima povrzanost so tiroidata i so prolaktinot nivnata vrednost
Дали пронајде вистински доктор? И јас имам проблем со тироидна, а исто имам и друг проблем што ќе треба да правам ИВФ, секако прво треба да се среди тироидната
Да, имам 20 години, ќе одам утре да ја најдам докторката што ме води со терапијата, ендокринологот, па ќе видиме што ќе каже.
Женски, искуство со биопсија на тероидната? Сакам да ми кажете дали само во Скопје прават, која е цената на приватно а која е цената на државно?