Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.235
    Пол:
    Женски
    Не мора.
     
  2. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Нема потреба :)
     
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Фала многу
     
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    5.269
    Пол:
    Женски
    Каде одите на преглед приватно и колку кошта ехо со хормони? Не можам да чекам толку долго во државна..
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.742
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Ремедика, кај Стефанка, ехо 3500,еден хормон таму е 1300,хормоните ги испитувам во Авицена, хормон 700 ден е таму.
     
  6. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Како се закажува на патофиза? Може со упат од матичен лекар или мора матичниот прво на специјалист да ме прати па специјалистот после на патофиза?
     
  7. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    So uput od internist odev. Ali tesko termini, prati kako ke ima slobodni...
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ninolina999

    Ninolina999 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo decki dali ima nekoj iskustvo so Tatjana Josifovska , Tireodijagnostika ..ispitani mi se tsh i t4 no tsh mi e pokacen na 7 ..pa se mislam kade da odam , do sega nemam primano terapija... dali ima kaj nea za ispituvanje hormoni ako treba i nekoi dodatno da se ispitaat ili da se napravi sporedba ...
     
  9. SandraPink

    SandraPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Дали некој имал симптоми на хипотиреоидизам со TSH 1,6 без Хашимото?
     
  10. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.235
    Пол:
    Женски
    Нормално е тсх, одлично, тироксинот колку е? Структурата на тироидата каква е, на терапија си?
    Иначе да можно е и со одлични вредности да имаш симптоми кои укажуваат на хипо, ако сепак постои проблем некој со тироидата.
    Испитај се комплет.
     
  11. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Во една лабораторија имам покачени anti TG и тоа упорно, неколку месеци проверувам и цело време е истата вредност. Ги повторив на Имунологија, очекував исто покачени да бидат, кога таму негативен резултат! Отидов на крај во трета лабораторија и таму ми се нормални антителата! Сега стварно не знам на што сум...
     
  12. SandraPink

    SandraPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Веројатноста е дека таа што покажува покачени не е точна.
     
  13. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Kaj nas labaratoriite se ludilo, tesko na pacientite!
     
    На intj_girl и SandraPink им се допаѓа ова.
  14. JelenaGC

    JelenaGC Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет за солиден доктор/ка за ехо на тироида.
    Знам дека Црцарова ја фалат многу, ама преглед и ехо Мкд 9.000 многу е.
    Некој да не има искуство со Жан Митрев клиника или други приватни ординации?
     
  15. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    јазолче нешто над 1 цм, 3 години беше нешто под 1 цм. Се' е нормално со терапија во смисла на хормони, што да правам?
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    5.269
    Пол:
    Женски
    Биопсија
     
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,
    Не сум многу запознаена со тироидната жлезда и како функционира, но би сакала да направам анализи да видам дали е се во ред бидејќи имам некои симптоми и не можам со нешто друго да ги поврзам. Дали би можеле да ми дадете совет каде да се обратам? Матичниот лекар ми кажа кај матичен гинеколог, ама веќе неколку години не живеев во Македонија и немам матичен гинеколог. Исто така би замолила ако некоја девојка сака да сподели кои биле симптомите и како сте дошле до дијагноза дека работата на тироидната жлезда е нарушена. Благодарам многу :)
     
  18. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш на државно, ти препорачувам на државна клиника на Ендокринологија, со тоа што мора матичниот да ти закаже термин или да ти даде приоритетен упат бидејќи некогаш со месеци се чека за термин, малку е хаос од аспект на закажување. Јас сум била со приоритетен упат од обичен матичен, не од матичен гинеколог. На Ендокринологија добри се д-р Битоска и д-р Адамова, кога ќе стигнеш таму со приоритетниот упат можеш да прашаш за некоја од нив. Е сега може пак да те фати гужва, да почекаш неколку саати за преглед, а за резултати од тироидни хормони се чека околу недела дена и ќе треба пак да отидеш за да ги види докторот резултатите.

    Ако можеш да си дозволиш на приватно, д-р Црцарева е неверојатен доктор за тироидна во Систина на одделот за Нуклеарна медицина. Не е евтино, но сите резултати и извештај од докторката ќе добиеш за неколку саати, плус ептен е посветена докторката.

    Инаку за симптоми, зависи за какво нарушување на тироидната се работи, може да бидат нагло дебелеење и тешко губење килограми, или нагло слабеење, срцебиења, опаѓање на коса, умор...
     
    На Anyshka и kjukli им се допаѓа ова.
  19. Miss Celestial

    Miss Celestial Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Систина моментално имаат некои промотивни пакети меѓу кои и за тироидни хормони, основниот е 2300 ден со ТСХ, Т3 и Т4.
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу на одговорот. Изгледа заради преголема гужва и дека нема термини не сакаше матичната да ме прати на ендокринологија. Ќе се консултирам повторно со неа за упат ако може. Првично пред неколку месеци помислив на тироидната жлезда бидејќи бев болна и ми се појави топче на вратот баш каде што е тироидната, но бидејќи ме болеше многу уво претпоставив дека тоа е причината. Ама да, имам зголемено необјасниво качување на килограми, кои никако не се симнуваат и покрај тоа што пробав различни диети, во исто време заприметив и дека ми е многу тешко да бидам физички активна, многу голем напор ми претставуваат некои активности што порано со леснотија сум ги правела, уморна сум цело време како и необјасниво потење посебно кога е ладно... Ќе ги погледам видов има и некои пакети во Систина. Мислиш дека е подобро да се консултирам прво со д-р Црцарева во Систина или да закажам испитувања па да побарам преглед кај неа? Ти благодарам