Нема проблем. Јас обично прво одам на преглед на неа, па после прегледот таа ме препраќа во лабораторија каде што ми земаат крв да ги испитаат хормоните. Мора прво да се видиш со неа за да процени таа каква е ситуацијата и кои хормони е потребно да се испитаат. Резултатите и извештајот ми стигаат после неколку часа на меил, некогаш дури ми се јавува на телефон докторката да ми објасни доколку има потреба да се смени терапијата, оти подолго време сум на иста доза.
Дечки, некој да ми каже упатен во овие работи, при крвна анализа утрово TSH покажува 4.299. На граница на висок параметар као што сфатив. Има некаков проблем или со оглед дека е сепак на граница е во ред. Фала вииии, убав ден на сите
Здраво, имам циста во јазол во левиот лобус на тироидната жлезда со големина од 5см. Бев прво на ехо и скен на државна, ми рекоа дека се е во ред, нема тумурозни клетки а пред некој ден бев и на биопсија, сега искрена да бидам многу ми е страв од резултатите. Дали некој бил во слична ситуација, дали можеби некој од искуство знае дали би била потребна операција?
Zdravo devojki, imam 23 godini i imam dijagnoza na Hashimoto tiroiditis od 16 godini. Redovno si pijam terapija i do sega sum nemala nikakvi problemi. Imam i mnogu redovna menstruacija, sekogas na 28mi den. Vo mesec juli ciklusot mi zapocna na 42den i ovoj mesec povtorno mi docni vekje 7 dena. Dali e mozno da imam vospaluvanje na hasimototo? Kontrolata kaj endokrinologot mi e vo dekemvri a znaete kako e na klinika ne moze termin da se najde. Ve molam dajte mi sovet ako nekoja ima vakvo iskustvo
Не мора да е секогаш од тироидна. Со тек на годините се менува. Некогаш порано, некогаш подоцна. До 23 години јас секогаш имав на 28 ден. Со тек на годините се менува. Да не доцни со месеци е проблем, за неколку денови не е проблем. Може од стрес, од клима да доцни, вируси, настинки..
Точно. Не верувам од Хашимотото да е. Ако и касни подолго време нека иде на гинеколог. Не паничете одма, една недела да ви касни одма паники, шо да кажам ја шо по 6 месеци немав ради Пцос?
Јас порано имав на 25 дена, па на 28, во последно време ми се поремети, сега ми доцнеше 2 недели, минатиот пат ми подрани 1 недела, а секогаш сум имала редовен циклус од 25-28 дена.
Здраво феминки може мислење, бремена сум моментално тсх ми е 1.81 (0.38-4.31) и фт4 0.75 (0.82-1.63) пијам Еутирокс 25 дали треба да продолжам со терапијата, на контрола сум за 2 недели? Што мислите до тогаш дали треба да пијам
Здраво Како што знам во бременоста се гледа и фт4 како е По мое ако добро се осеќаш продолжи, не е голема дозата, можеби и ќе ти покачи Чекај за 2 недели, не прекинувај на своја рака А пиеше терапија пред бременост, или во текот почна?
Почнав во бременоста бидејќи тсх ми беше покачено, а фт4 ми беше во нормала, и редовно ги проверувам еве сега има мала отстапка на фт4, ти благодарам на мислењето
Здраво на сите, Поради голем јазол од 5 цм на левиот лобус препорачана ми е операција на тироидната жлезда. Прилично сум исплашена, па би сакала да споделите искуства од операција, доколку ве има на форумот. Ме интересира и кај кој хирург се оперираше? Може и во ЛП.
Луѓе препорачајте ми некој доктор ендокринолог или од нуклеарна медицина кој не гледа само тсх Ќе полудам Пред 2 недели тсх ми беше 0.61 и без терапија сум за овие 2 недели и ми се качи на 20.15 тсх а од симптоми имам низок притисок и слаб откучај на срцето
Со anti tpo како стоите? Мене поголеми од 1300 ми се на последната проверка. Ама пошто тироидната ми беше уз пат прегледана, за друго бев на ендокринолог па не ни прашав :/
Здраво дали некоја останала бремена со тсх5 и дали има место за паника? Некои зборуваат дека се било во ред некои дека плодот ќе имал последици
Сигурно Еутирокс пиеш, под терапија си? Немам искуство и не сум компетентна да кажувам ама би требало терапија да зимаш, не е штетен во бременост да се пие напротив. Доктори ти кажаа дека е во ред, а други дека не е во ред или рандом лица од нивно искуство? Многу жени има што останале бремени со повишено тсх па родиле здрави бебиња ама мораш да ја следиш состојбата и претпоставувам да пиеш терапија.
Јас бев на Еутирокс уште пред да останам бремена заради покачен ТСХ, а штом ја потврдив бременоста одма отидов на контрола за тироидната и ми ја зголемија терапијата, со тоа што во текот на целата бременост почесто одам на контроли за да се мониторира ТСХ. Како што одговорила и членката горе, Еутироксот не е штетен во бременост, но најдобро да се консултираш со доктор за да си бидеш раат.