Јас имам 2 пати останато бремена со тсх околу 5, ама дефинитивно мора да се контролира и да е под терапија. Тсх во бременоста и онака уште толку скока, што кај мене и со терапија од Еутирокс од 25 по потврдена бременост, тсх се качи само на 7, не се намалуваше. Ако уште не си почнала со обиди, мој совет е прво да се среди тсх па потоа, а доколку веќе си бремена мислам дека треба да си покриена со терапија. За жал јас и двата пати имав спонтан, сега уште испитуваме што и како па не би знаела да кажам дали само тсх е онаа што не е во ред или имало и други причинители, но во секој случај докторката ми кажа дека во бременост треба да е под 2. Ти посакувам се најдобро, најважно е да не се стресираш, стресот многу влијае и на тсх. А има и многи позитивни случаеви, каде и со високо тсх се поминало во најдобар ред, сепак секој организам е поинаков.
Тсх при планирање бременост и за време на бременост мора да е под 2. Јас пијам еутирокс веќе 9 години,за време на бременост дури и ми зголемуваат доза. Еве втора бременост терам моментално , и имам 4 годишно здраво и право дете. Консултирај итно ендокринолог за терапија и плус испитувања на ФТ4 и антитела.
Да ви кажам за мојот случај може да се каже од потешките со тироидата и хашимото Прво кога извадив хормони за штитната тсх ми беше 7.80 и плус многу високи антитела Пробав со 25 и 50 и неизменично со еден ден 70 друг 50 и се по месец и си проверував на крај со последно ми падна тсх од 7.07 на 0.21 и тука морав да прекинам на недела дена терапија со симптоми од слабеење и многу зголемено препотување а инаку сакав да стигнам под 2 ипол тсх за бременост и пак проверив после недела без еутирокс ми се покачи на 0.61 и пак докторката ми рече да бидам без терапија уште 2 недели и да проверам и кога видов шок тсх на 20.15 од симптоми слаб пулс и како да немам сила воопшто и паничен напад од еднаш и сега сум еутирокс 50 пак а баш во овие недели кога бев без терапија си пробуваме за бременост а имав спонтан пред се Незнам што да правам веќе полудев Само знам дека од стресови си доаѓа се
И јас сум со хашимото и кај мене беше со Еуторикс од 12,5 тсх 0.1 и ми ја прекинаа терапијата и за 2 недели тсх 5 и баш тогаш останав бремена. Мислам дека кај нас воопшто не смејат да ја прекинуваат терапијата, па барем и од најмала доза 2 пати неделно да пиеме.
Незнам верувај ќе полудам Ниту знам дали воопшто штитната си работи сама или не Ниту докторката незнае зошто вака се случува Мене да не ова со пулсот проблем ќе ги прекинев скрос па и да умрам гајле ми е ама ми е мака со срцето што имам проблем кога останувам без хормони т.е висок тсх а од една таблета кога ја испив срцето во секунда 80 друга 72 пулс
Како не знае докторката, каква докторка е таа, мењавај ја одма, не си играј со здравјето и кај смеееш така на своја рака да прекинуваш, не се глупирај. 80 и 72 пулс не е висок, не знаете вие шо е висок пулс изглеа... Ама штом не се осеќаш добро и глеаш дека незаинтересирана е докторката барај си го чарето кај друг доктор. Сега почна скоро со терапија или од порано си пиеш? Може ќе ти ја зголемат, цела недела да пиеш од 75мг.
Нема доктори на државна воопшто ниту еден термин еве со месеци чекам А мене инаку пулсот стигнува до 120 ама кога во мирна состојба седам може да ми е 80 па друга секунда 72 тоа со еутирокс А кога бев 2 недели без него ми се вртеше околу 75 до 59 така и кога се намалуваше многу лошо го поднесував како да ми застанува
А дали може тсх да се намали за една недела од 5.5 на 2, секако со покачена терапија при првиот преглед
Мене ТСХ ми беше 0.24, за 3 недели без терапија 2.58, сега брзо испитував 2.25, бев во Срце јас на ендокринолог пред 3 месеци, само олигогал селен и Елова ми препиша. Сега на контрола треба со испитани тсх, анти тпо, анти тг антитела, гликемија, инсулин, фт3, фт4, за овие матичен не дава упат, туку ме прати на интернист, па интернистот упат. И ме гледаше на ехо, немам јазли. На државно незнам сега дали се доаѓа до термин, знам Јуни немаше, затоа закажав приватно, и таму дури после 3-4 недели ми закажаа.
А кај некој од интернистиве да видиш на мој термин да не има случајно слободен термин, тие приватните ама што соработуваат со фондот. На ендокринологија точно, нема одамна. Па супер резултатите ти се. Дека рече хашимото имаш, антителата високи ти беа претходно? Ова твоево било благо хипер, хашимото нели обично иде во комбинација со хипо. Т4 колку ти беше?
Нема нема воопшто, јас инаку имам циста на штитна со хашимото, и катастрофалено варирање на тсх од 0.61 на 2 недели без еутирокс на 20.15 ми накачи тсх ама и имам стрес многу незнам дали тоа влијае или штитната ми е веќе за никаде не функционира
А што е разлика помеѓу интернисти и ендокринолози? Ова ме буни, тука сум без терапија 2 недели инаку последно ми беше тсх 0.61 Гледам фт4 ми е добар, нели тоа покажува дека имам хормони или незнам, фт4 добар а тсх катастрофа
И јас имав многу стресен период, не јадев ништо, а се поправив, со тоа што бев многу слаба таман ми дојдоа килограмите, сега јадам се, си ја одржувам килажата, барем не се поправам. А на ехо видоа дека имаш циста? Инаку и на интернист незнам колку има слободен термин, мене матичниот ми закажа пред месец, приватниве што соработуваат со фондот наплаќаат само 60 ден.
Да 4.4 мм ми е величината А јас слабеам, за 3 месеци 10 кила си изгубив 47 сега имам ниту апетит ништо, а со моја доза докторката вика дека многу се дебели
И ендокринолозите се интернисти, после завршиле супспецијализација и станале специјалисти ендокринолози ама на мој термин посебно се одвоени интерна медицина и ендокринологија. Огромен ти бил тсх, добар е тироксинот ама при волкаво тсх очекувано е што те стаиле на терапија и не се заебавај на своја рака да прекинуваш терапија. На ехо каква ти беше структурата, те видоа, антитела ти провериле? Може не е лошо и хипофиза да провериш, да не зафркава таа, а не тироидата, и пролактин испитај. Ме чуди како викаш дека слабееш при толкав тсх... Edit Сеа прочитав дека циста си имала и хашимото, епа затоа уште поарно, треба редовно следење и никако ама никако да си експериментираш сама со дозите или да ја исклучиш терапијата. Ако не си задоволна од докторката што те води, смени ја па и приватно иди ако си у можност, сепак за здравје се работи.
На приватно и одам, а за терапијата докторката ми ја прекинуваше, прво пробав со 25 мкг па 50 после наизменично еден ден 50 друг 75 а имам вадено антитела еве резултати ако не тие тешко само види Ова прв пат кога вадев хормони во 30 март Ова ми се антитела еднаш ги вадив и толку кога баш имав мака од почеток имав низок пулс со болка во местото кај штитната и анксиозност панични напади Уште неможат да ми ја погодат терапијата, прво се на месец идев па на недела сега на 2 и тоа Што е хипофиза и пролактин како се прегледува тоа?