Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.232
    Пол:
    Женски
    А овие резултативе погоре се најнови? Уште ти е висок тсх, а тироидните хормони во граници.
    Колку долго пиеш Еутирокс?
    Не знам како ти ја прекинувала, штом еднаш ја почнеш не се прекинува, цел живот се пие, освен да се менува дозата по потреба.

    Хипофиза е жлездата која ги лачи тсх, пролактинот и други ендокрини хормони, се наоѓа во мозокот.
    Може и пореметувања на тсх да праи и хипофизата ама добро, ти ете си имаш и хашимото и тироидата не ти функционира правилно, хетерогена структурата ти била пишува во извештајот.
    Инаку хипофизата ја проверуваат со снимање, магнет, томографија, а пролактинот преку крв се проверува како и остантите хормони.
     
  2. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Сите погоре се од април месец а последно што вадев беше тсх што ми е 20.15 и фт4 1.48
    Инаку еутирокс почнав од 31 март прво 25 па после месец 50 после месец на еден ден 50 друг 75 после ми се намали од 7.07 на 0.57 и на 50 ми спушти и проверив после 10 дена падна уште на 0.21 е тука ми ги прекина на недела дена и прпверив ми беше тсх 0.61 и пак ми рече да не пијам 2 недели и во текот на нив ми се покачи на 20.15 значи рачунај од 31 март до сега вака ми се пореметува тсх и сама физички и психички сум никако
    А баш што значи хетерогена тоа баш не ми е јасно. Дали е нешто страшно
    А многу сум под голем стрес многу дали тоа влијае или штитната ми е катастрофа незнам
     
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    5.269
    Пол:
    Женски
    Тироидната жлезда реагира најмногу на стресот. Најдобро смени ја докторката, Еутироксот не може да ти го прекинува туку така.
     
    На nancyyy и Mrs. right им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.232
    Пол:
    Женски
    Хм, па не може дозата правилно да ти ја погоди и што е ова прекинување на неколку недели...
    Шо не те пуштила со доза од 50 мг, не морала да зголемува толку, или од 25, 5 дена пример, 2 дена од 50, а не паметната те остаила без терапија па летнало тсх - то.
    Идеш горе - доле, од хипо во хипер, што не е добро воопшто, ич не ти одговара дозата.
    Како си играат со пациентите бе.
    Ништо, барај си второ мислење, батали ја оваа, не е сериозна, а на своја рака никако менување на дозата.

    Хетерогена структура, дека не е иста тироидата, има промени, дали јазли, чворови, нодуси, цисти или пак може нема тоа ама сепак не е еднаква структурата како што треба да е здрава тироидна жлезда со правилна форма и големина, хомогена треба да биде, не хетерогена, затоа мора прегледи да се праат на 6 месеци или колку ќе одреди докторот. Страшно не мора да е, ете те виделе, ти рекле дека нема ништо ама да си идеш на второ мислење, таа што те води глеам дека не се замара баш.

    Стресот секако дека влијае негативно и може да предизвика проблеми па и влошување на состојбата, смири се малку колку што можеш, мораш да внимаваш на здравјето.
     
    На nancyyy и boo3 им се допаѓа ова.
  5. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Некој добар ендокринолог да ми предложите да не гледа само тсх
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Те читам со тироидната од старт, се намачи со терапијата :( Колку ти е сега ТСХ?
    Со исхраната како си, дали исфрли глутен, благо, газирано, млечни производи, месо, колку можеш на минимум.
    Знам чудно звучи ама јас само така успевам да држам под контрола, и внесување мнооогу цедени сокови. Друго не знам што да те советувам.
     
    На Anyshka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Jas ne znam sto bi jadela ako isfrlam meso i mlecni proizvodi? Jogurt ne smee taka? Ni kiselo mleko? Aj mesoto i mlekoto ne mi se bitni, ama jogurt moram sabajle da mi trgne denot
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Млечни производи треба да исфрлиме, јас пиев многу јогурт, барем 3,4 пати во недела пиев, сега го намалив, земав демек еден без лактоза и тоа дали 2,3 пати во месец во мал филџан.
    Јас месо не јадам нешто многу и тоа што го јадев беше минимално, ама си сакам сирење, кашкавал, колку можам на минимум сведов и зедов еден без глутен вегански.
    Јас утрото го почнувам прво со мед или маџун, па пијам пола литро цеден сок од портокал, потоа уште еднаш во текот на денот уште пола литар.
    За средување на хормони од она што читам помага многу цедени сокови, овошје и зеленчук. Зеленчук не јадам многу ама другото го применувам.
    Засега сум без терапија со уредни хормони, ама не се нафатив веднаш со терапија сакав прво да пробам со витамини и исхрана.
    Јадам исто јаткасти плодови. Исто и јајца треба да исфрлиме.
     
    На Blondie715 и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.113
    Допаѓања:
    180.746
    Ова вака фино напишано, ама освен сокови/овошје, од пишаново не можам да си претставам како би изгледало менито- доручек, ручек, вечера. Инаку ја разбирам логиката да се исклучат глутен како тригер за имунитет и други алергени, лактоза, јајца. Стварно ако имаш некој линк со мени, сподели.

    Едно прашање. Скоро приметив момент-железо/феритин. Има некој забележано според свои резултати, како му се движи феритинот кога е тсх покачено?
     
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    А кај кој беше до сега? Јас бев кај Бранкица Крстевска.
     
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, по месо не сум многу, млеко не ни пијам, ама јогурт и кисело млеко си сакам, така без леб.
     
    На Blondie715 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.308
    Допаѓања:
    13.232
    Пол:
    Женски
    Леле, а што останува да јадеме тогаш? :|
    Ептен е ригорозно ова, ама супер штом тебе ти одговара ваков начин на исхрана и имаш подобрување.(y)

    Туку, протеини после од кај, ако ни месо, ни јајца, ни млечни продукти, ќе мора соодветна замена, а и да се суплементира тоа што ќе недостига, дали од витамини, минерали па и протеин.
    Ова скоро па како веганите што се хранат ќе му дојде.

    Ја вака има да ослабам ептен, ќе се исушам, ни мускул, ни облини ќе останат, а и на крвната слика не знам како ќе делува, и на останатите хормони со кои знам да имам проблем ама додека не се проба, не можам да знам со сигурност.

    А ова што го искучи глутенот беше ради само покачен тсх, или имаше и покачени антитела и хашимото? Можеби си пишала ама не памтам, со тироксинот како беше, штом не си на терапија?
    Дека знам, викаат скроз да се исклучи глутенот ама само во одредени ситуации, кога стварно ти пречи и има индикации за тоа.
    Еве, мене кога ми беше висок тсх, се качи еднаш и на 10 ка, железото секад ми е во граници, па дури и накај високо уште малку, оптимално, а феритин не сум проверувала.
    Феритин изгледа е најголем показател за недостаток на железото во крвта и индикатор за анемија ама не, не верувам анемична да сум, само па викаат луѓе, дека железо може да е ок, а феритин понизок. :|
    Треба да проверам некогаш.

    Железото само ми паѓа коа сум болна, дали вирус или бактериска инфекција, е тогаш нормално нели се спушта ама вака обично е во ред.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    20 ми е тсх сега.
    Глутен, бело брашно, на минимум гледам да не јадам, шеќер исто не конзумирам можеби 80%, само во нешто некогаш благо, инаку шеќер како шеќер само во нешто не, месо и тоа не многу ама и морам некогаш заради сила 10 кила сѕм ослабела од кога открив ова хипо хашимото кост и кожа сум, и јајца едно време намалив ама незнам што веќе да јадам, млечно јогурт баланс земам, едно време многу намалив сега се вратив, инаку глукозата ми е висока секогаш, ако е стресот во прашањето и за тсх да, секогаш сум во стресови неможам да избегнам, веќе незнам што да правам.
    Мене најлошо што на пулсот ми реагира штитната, имам брадикардија, да немам проблем со срцето ќе ги баталив таблетите па и да умрам неможам веќе...
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.958
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Јас кога постев без масло, железото ми беше највисоко, и мене така ми велеа, крвта ќе ми ослабнала, ама тогаш мора да се внесуваат и витамини, место месо јадев печурки, содржи железо, спанаќ, јадев многу цвекло, витамински салати со лимон, пиев цеден цитрон и потокал без шеќер, и тие што имаат гихт им препорачуваат да исфрлат и млечни производи, дури и риба. Инаку за слабеење зависи и од организамот, првите години многу слабеев, сега последниве 2-3 години не, последната недела само нагло ќе ослабнам, ама не многу.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Јас ја следам Хелена Бегенишич, од неа ги зедов и книгите, отвори на јутуб или на фб има група, на јутуб има детално објаснување.
    Искрено не секој и верува, некои велат дека калеми пари, ама ете се јавуваат и луге со искуства кај неа, така да наше е што ќе веруваме. Советите нејзини помогнаа на татко ми.
    Мене искрено не ми беше тешко ова без глутен, се ова го применувам пред 20 години кога мајка ми почна на здрава храна да не држи.
    Мене ми е тешко што тешко наогам без глутен. Кога одам во странство се радувам на рафтовите како дете на чоколадо ама и да земам колку можам од таму да земам. Така да не сум 100 без глутен затоа што кај нас нема избор.
    За исхрана наутро сум на житарки, макарони, шпагети, без глутенски, еве најдов брашно па правам пирошки со кашкавал вегански печени, палачинки, крофни..
    За ручек еднаш неделно имам стек или риба, искрено и тоа го избегнувам, готвам грашок, леќа, грав, компир на повеќе начини..
    Единствено што пржено јадев последните 20 години беа јајца на око, и тоа 5,6 пати годишно ако јадев така, сега ич. Пржено ништо не јадеме по дома.
    Вечера ми е пак нешто лесно, често знам салата да си направам, некое смути. Или јадам повеќе овошје со свежи урми.
    Ендокринолог кај што одев ме праша дали слабеам, а јас искрено немам никаков симптом, кога и кажав дека постојано имам иста килажа вика кажи што јадеш и јас да ослабам (facepalm), а јас чекам таа да ми даде совет за исхрана..
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Глутенот не ми е 100%исклучен затоа што нема избор, ете најдов брашно па дома палачинки, крофни, правам со ова. Што можам да најдам користам.
    Пред некој месец бев со антитела 34 а требаше до 5 да се. За 10 дена спаднаа на 25 ама веднаш почнав да исклучувам некои работи и оттогаш антитела не проверив. А ТСХ тогаш ми беше 4.7 другите хормони во ред.
    Сега ТСХ ми е 2. Без терапија сум.
    Јас немав никакви симптоми искрено, а докторката повеќе беше да ме стави на терапија затоа што и кажав дека планирам бременост, ми даде рецепта за да не сум чекала, ама искрено кога излегов од Ремедика ја фрлив одма и решив вака да пробам.
    Не е проблем да сум на терапија кога веќе се мора, ама кога не сум почнала, а ако почнам за цел живот ми е, одбив да почнам од одма без да го пробам овој начин.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. little women

    little women Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2023
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали некој има искуство и дали од тироидна се поправаш само во лице?
     
  18. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.205
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со прекинување Еутирокс? Ги пиев во бременост и продолжувам со нив до следна контрола ама докторката рече ќе видиме може ќе немаш потреба од нив.
     
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.730
    Допаѓања:
    11.126
    Пол:
    Женски
    Кај која докторка си?
    Зошто мене ми кажа ако еднаш почнам за цел живот се..
    Кај мене за благо качување се работеше и ми рече ако ги почнам така ќе терам постојано, а во нормални граници ми беше само што не беше идеалното 2.
    Сите знаеме дека 2 се бара само за бременост и ако симптоми немаме.
     
  20. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.205
    Пол:
    Женски
    Истото и кај мене, благо покачување во бременост, на сама граница околу 4 ми беа. И тогаш кога ми ги препиша (27ма недела) рече ќе видиме дали ќе ги продолжиш после бременост. Сега ми рече да си терам со 25мг до следна контрола да поминат 40 дена. Иначе докторката е Надица Божиновска Димова во Систина.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.