Во ретки случаи го прекинуваат, ако како што рекоа членките, ти се благо покачени хормоните или пак дека за бременост е потребен понизок тсх па после да ти се држат во оптимални граници и без терапија. Зашто кај некои знае и да има контраефект, од хипо во хипер да премине, ако дозата е прејака и да настанат други проблеми, поготово па ако само тсх го гледаат, а така прават, а другите хормони си лачат како што треба. Се надевам знае докторката каква е ситуацијата кај тебе и дека правилно ќе постапи.
Тоа сакав да кажам, не се нафатив одма затоа што тсх благо покачено одма терапија а ја не бев ниту бремена, во бременост одма би се нафатила, ама ни совет што како, најлесно апче, а другите хормони ок. Да не ми се направеше контраефект па после да барам чаре за погодена терапија.
И ја сум истата, ај наредна контрола да видиме тсх што ќе каже, ептен беше варијабилно изминатиов период, а ме остаи без терапија.
Е јас сум во таа фаза која од март месец мене уште терапијата не ми е погодена, и сега пијам 50 ниту знам кога да проверам хормони ниту ништо, а сега и фт3 и фт4 си вадам со тсх чисто да знам на што сум, зошто ако идеме по тсх само никогаш нема да ми погодат терапија, викаат дека тсх варира од час на час Ми треба доктор кој не гледа и не дава терапија по тсх само знае ли некој??
Еве една членка спомна докторка поназад од Систина, јас и таму ќе закажам да видам и таму што ќе ме советуват.Антителата како ти се?
Систина претераа општо за сите цени, не само за ова, жално што нема каде да одиме па вртиме пак кај нив
Некој да ми каже дали е нормално секогаш да се будам неосвежено и уморно до тој степен да не можам да функционирам преку ден со TSH од 1,7 mIU/L на терапија со еутирокс, претходно без терапија највисок TSH резултат ми беше 9 mIU/L. Антителата се во ред.
За состојбава е нормално. Јас се навикнав да бидам 'утепана' со години веќе. И кога се хормони во ред и кога е се како што треба,пак немам енергија. Ендокринологот што ме води ми вика дека нашава болест и не е баш така 'наивна' како што изгледа. Се влече своја тежина која што во најмала рака ти ја одзема енергијата и не си тоа што би бил без оваа болест. Сум пробала и исхрана и глутен и се' и сешто,тоа е. Се навикнав. Јас викам дека оваа 'состојба' бара екстра одмор без разлика на се'
Колку време проба со исхрана 3,4 месеци? Пробај на долг рок, за да има резултати треба најмалку 6, 7 месеци да почнат симптомите да се намалуваат.
Повеќе од година дена. Режимот беше и поради забременување. На крај се беше успешно,меѓутоа како подобрување со енергија и секојдневие не осетив. Ова за мене си кажувам ,не дека кај други нема да успее да се чуствуваат подобро со менување на исхраната. Браво за сите што се чуствуваат добри секојдневно покрај проблем со тироидна. И те како знае да биде напорна ,без позначајни симптоми...
Ох еве јас моментално мачам мака дали од панични напади дали некој умор стрес негативност незнам што е ова
Јас летото има панични напади пред добивање, секое лето ми е таков циклусот, од жешко имам тахикардии, вознемиреност, панични, пиев ашваганда капсули мене ми помагаа. Ама заборавив ти пиеш терапија за тироидна, на кутивчето пишува тие со терапија не смеат да ги користат.
Минатата недела испитав тироидни хормони Tsh 9, a ft4 во граници, ми дадоа упат за на нуклеарна медицина за 3 недели. Не знам дали да менувам нешто во исхраната или да започнам да земам некои суплементи до тогаш или да го почекам исходот од резултатите?