Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Зависи како ти варира тсх
    Јас одев и на 10 дена, сега за 2 месеци а последно пак што проверував тсх ми беше 21 а пред месец 20 лудило
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Зависи како варираат хормоните.
    Или секој месец, или еднаш на три месеци,доколку и со ехото ,и со хормоните е се' во ред.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Јас на 6 месеци, имам хипо, но не ми варираат многу вредностите откако сум на оваа терпија. Но правам и ехо и комплетно испитување на тироидните хормони.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    13.229
    Пол:
    Женски
    И јас на 6 месеци, кога испитувам и останати хормони. Некад може и порано, еве сеа се мислам да ми даде упат матичната да испитам обична крвна слика и нека назначи и тсх, баш ме интересира колку е.

    Ама ако ти е битен за бременост секако почесто ќе идеш и ќе го следиш.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ве молам за инфо каде се прави биопсија на тироиден јазол?
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Хистолаб, приватно.
     
  7. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Цена дали знаеш?
     
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    Околу 4000 ден беше, но јави се за точна цена и ќе ти кажат.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Осеќам болка при допир во пределот на тироидната жлезда, пред неколку месеци хормоните и на ехо беа во ред, некој слично искуство ?
     
  10. Ash-Greninja

    Ash-Greninja Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Дечки, дали е до тироидната жлезда кога ќе се карам со некого и од толку многу викање како да ми се собира шлајм во пределот на грлото каде што е жлездата и едвај дишам и дури по 15 минути ми се смирува. А понекогаш кога некој ми вика и не му возвраќам, не можам да си дозволам/не ми дозволува нешто да му возвратам него и си ќутам само за да не ми се случи истото.
     
  11. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Здраво женски... Со тироидната се мавтам од крај на март и уште долго очигледно ќе се мавтам , но нејсе. Јас никако лекар асален да погодам... Тогаш првично се приватно бев еден куп пари изнсфрлав и по лабаратории и интернисти и ендокринолог се приватно оти немаше термини, единствено на кардиолог бев на клиника оти имав тахихардии и главоболки и пијам покрај еутирокс и бипресо најмала доза. Првиот пат со сите испитувања бев кај Татјана во Тиредијагностика и прегледот беше ок ми даде еутирокс 50 ме гледаше на ехо и рече контрола по 2 и пол до 3 месеци. Имав 10,5 Тсх, тој другиот не знам како се вика беше ок и антитела 2500 у бесвест. И на втора контрола ко требаше да идам држ не дај со матичната не признавале извештаи од приватно демек не можела да ми даде да проверам Тсх во државна лабараторија, ај држ не дај даде по основ на извешташтајот на кардиологот и тоа, само Тсх можела.. Платив само 100 ден и Тсх беше 8 рамно се намалил малце со терапија. Отидов на втора кај Татјана однесов извештај и таа на втора беше кратка продолжуваш со Еутирокс од 50 и дојди за за 2 и пол месеци. Ехо не ми праеше рече се правело на 6 месеци кај неа јули бев и буквално 5 до 10 мин се задржав, а со платив уредно преглед. Ја прашав да ми даде упат за проверка зашто така матичната ми рече ке бараш од неа. Таа вели може кај мене само или ти приватно зашто ја не соработувам со фондот... Аи и ок си се фатив за вратата и ај викам ќе барам друго чаре. А инаку цел пакет хормони и антитела во Авицена 2700 платив, сега може поскапено е дури... Ај поминаа уште 2 месеци и ја пак кај матичната за Тсх вели не можам да ти дадам упат можам само еднаш тоа интернисти или ендокринолог закажуваат и тоа ако одиш на Државно. Океј и викам се одрав давајки пари што по прегледи, лабаратории, суплементи и разни чудесии најди ми за нуклеарна термин. Немаше термин воопшто ни по 3 месеци хаос. Ај за интернист вели ќе ти барам што гледа тироида и таа ќе ти даде терапија и ќе ти даде упат за лабараторија. Арно ама ај да не одам бев резултат кај неа си платив 550 ден само Тсх во синлаб и беше 7,1 по пет и пол месеци еутирокс од 50 мг, нејсе важно паѓа. Отидов кај таа госпоѓата у Железничар термин у 16.30, некоја редица со стентови се постари луѓе, ме преуреди еден дедица и си се задржаа уредно, па некоја госпоџа си влезе и мене последна ме остаи за преглед, дур пред 6 часот влегов. И ми се извини, вели денес не ми е термин за пациенти со тироида ако имаш термин предност имаат овие срцевите, комплицирани... И нејсе фрли она поглед на тоа резултатот инаку сега 11 септњмври бев кај неа и подигна терапија 3 пати неделно да сум пиела од 75, другите денови од 50. Велам ехо нешто, а вели не сега ќе ти креирам термин и тогаш ќе праиме. Сега само демек рутински преглед прв пат идеш а и рано е вели на 6 месеци се праи. Нит ехо, нит екг, зашто ја и бипресо пијам ништо така на муабет и креираше она термин демек за 19 октомври, а пазете и таа не даде упат да проверам Тсх и ја прашав и вели нема да има некои промени брзо е 1 месец дал има, а демек антителата ќе си стоеле високо да не сум очекувала пад така си било тоа и додаде тогаш ко ке дојдеш ќе ти дадам за тсхто... Се напав и од кај неа и ајд земам сега еден месец терапија по нејзино не дека чувствувам некои драстични промени, туку ај. И сега нема да и се појсвсмна терминот ќе одам кај сосема трета жена си земав упат иако е приватна има и термини дава за со фонд таа е интернист и кардиолог од на мајка ми пријателка па сестра и е женава. Се вика Снежана Ќупева, пред пензија, а уште работи зашто многу ја бараат пациенти. Кај неа одам да кажам преку врска и препорака и веќе се слушнав со неа терминот ми е 20 сега идната недела. Ќе ми напраи екг, ехо на срце, ехо на тироида се комплет. Ама ќе одам со голи раце без резултати оти не ми се плаќа веќе по лабаратории, а матичната не дава упат. Дал сте имале вакво дереџе ко јас? И што ме советувате дал да лупнам пак пари у лабараторија и да идам со стар резултат тој е почеток на септември, стар е нели... Или да му даде таа упат се да испитам па пак уште еднаш ќе имам консултација со неа секако... Искрено се изнамачив... Ете тоа е, не знам дал сте имале вакво искуство, ама јако дробење и заебавање си искркав..
     
    Последна измена: 15 октомври 2023
  12. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    13.229
    Пол:
    Женски
    @Angel_G одлично те разбирам.
    Не си ми прва ни последна што доживува вакво патешествие. Тоа е нашето јебено никакво здравство. Да се малтретира чоек, да се заебава со месеци и да тапка у место. Не за џабе луѓе викаат не дај Боже да имаш потреба да идеш по тие врати.
    Добро што си нашла друга, се надевам асална и ќе ти погоди и терапија и све.

    Иначе, иди со старите резултати, покажи ги па после она штом соработува со фондот ќе може да те упати и на државно да испиташ хормони, не мораш приватно пак да се изнадаваш куп пари.
    Ако стварно соработува со фонот може да ти даде упат за на клиничка биохемија.
    Бар ја кај што идам, таму дава, а исто приватна е. Спомни и за ова, иако ако праќа таму пациенти сигурно ќе ти каже.
     
  13. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.869
    Допаѓања:
    5.207
    Пол:
    Женски
    По препорака на специјалистот матичниот е должен да ти даде упат за следното испитување.
    Кажи и на матичната дека имаш тахикардии и се заморуваш брзо, дека сакаш да направиш испитувања за тиродината. Доколку не ти даде упат за специјалист кој соработува до фондот, земи си го картонот и смени си го матичниот. Доволно е на 6 месеци да се прават испитувањата и постепено да се корегира терапијата додека не се стабилизира. Потоа може и на една година да одиш. Нема зошто да плаќаш целосно приватно. А матичната може да ти даде упат само за тсх, другите параметри за тироидна ги препишува специјалистот и ти закажува.
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Исто и јас започнав со проблемот на тироидата од крајот на месец март, и ден денес не ми се погодува точната терапија, прво сакав во државна ама нема термини по 3 месеци, па матичната ми рече оди приватно, ја прашав да не знаат некој на приватно зошто ете медицински лица се знаат подобро од мене вика па оди систина ремедика, систина нормално цени до плафон, отидов ремедика и се така приватно си плаќав и хормони, и тоа некогаш на 10 дена проверував тсх, се приватно, прво кога отидов за три хормони гинекологот ми даде упат за јане сандански и ми рече јас ти направив услуга а инаку јас не давам, ја прашав матичната ми рече гинекологот дава и јас од нервоза идев се авицена, на крај бев да проверам срце зошто имам успорена работа на срце и само ми е ладно, кога бев таму нормално прашуваат како што имам некој плус проблеми и и реков дека одам на 10 дена, 2 недели, на месец, највеќе 5 месеци се зачуди жената вика затоа ти варира толку брзо и се мачам, а можеби одев така порано зошто сакам и бременост, и плус за на кардиолог сакав да видам по 6 месеци користење на таблети да видам каква ми е состојбата и ми предложи друг доктор кој ќе ми помогне и ќе ме води за бременост ако биде здравје, и бев ама на приватно 1500 ден зошто термини во деќември, па потоа ќе видам на картони да сум кај неа, сега ме остави на 2 месеци со нова терапија, а за хормони фт4 и тсх матичната дава и ми рече да не фрлам повеќе пари по приватно
     
  15. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Здраво женски еве ме пак. Ми даде матичната за проверка на Тсх и тој фт4 за државно, вчера дадов крв во Јане Сандански... Ова ми втор пат кај нив да, проверувам, но овој пат ми е сомнителен резултатот... Пред месец и пол со терапија од 50 мг еутирокс тогаш додуша вев во синлаб Тсх беше 7,3, сега во Јане 8,6 Тсх од каде сега покачено? Плус месец и пол на кај два пијам 3 пати неделно 75 мг и 4 пати 50мг значи со појачана терапија кај мене скокнал некако ми нема логика... Пишете искуство тие што сте проверувале во Јане, се мислам да го повторам резултатот во приватна, само Тсх да платам 550 е во Биптек и Синлаб... И баш се загрижив реално очекував понизок резултат, плус пијам селен 200 мг секој ден, цинк, д3 2000 микрограми, плус сега и Ц од 1000 земам нешто настината бев... Што веќе да земам не знам јетрата партал ќе ја направам од волку суплементи... Плус 3 до 4 пари во неделата пешачам по 50 минути брзо одење... Не знам советувате ме, давајте предлог ова е игра на нерви со хормонот горе доле... Тој другиот фт4 како и да се вика е океј 1 беше. Утре сум на интернист очекувам да ми бапне доза од 100 мг еутирокс... Не знам ќе ви кажам, баш сум депрес по ова... Фала на секој совет или сугестија.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    13.229
    Пол:
    Женски
    А одморена ли беше кога стана, кога те боцкаа или уморна? И тоа влијае на тсх.
    Тсх варира.

    И не дека не е можно да скокне и покрај покачена терапија.

    Исхрана да пробаш да смениш, малце поздраво да се храниш, ако не се храниш така.
    Супер што пешачиш.

    А сеа викаш тироксинот ти е 1?
    Кои се референтните вредности, зашто се разликуваат од лабораторија до лабораторија?
    Антитела немаш испитано?

    Не мора да значи дека ќе ти бапне од 100 ка, може од 75 мг ќе ти рече цела недела.
    Леле ама е заебано да се погоди правата доза. :worried:

    Страв ме фаќа, колку мене ќе ми е сеа коа ќе проверувам за кратко.
     
  17. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот антитела само еднаш крај на март кога ми ја дијагностицираа огромни беа 2500 и ко бев првично со тој резултат кај Татјана во тиреодијагностика таа рече при хипото немало шанси да паднат... Сега утре ко ке одам кај интернист ке барам да ми даде и антитела да проверам тоа таа препишува и уште еднаш за Тсх нека даде... Што знам ќе го испитувам пак... Уморна веќе секој ден мало дете имам, на работа од утро до вечер што да кажам врз живот хаос. Со исхраната пробав еден месец демек без глутенска храна ама ја тоа не можам да го јадам искрено се ми е фејк и се се производи увезени, пакувани, мислам индустрија чиста не знам кој е каррот да купувам 200 ден без глутенски макарони или коен флексови кога и тоа не е хелти баш... Плус башка готвење и плус еден тон пари за намирници, а резултатот мислам не беше нешто вау... Ама ја кратко пробав. Сега одам на варијанта појќе готвено да биде домашно поздраво манџи, варива појке на зеленчук, салати тој тип и тонус леб користам. Фаст фуд избегавам максимално и газирано.. Ама одмор немам баш добар, многу обврски ми се на грбот... И се ми фали време. Знаете како е во денешницата... Не знам утре интернистката како ке ме опраи, ова е постара, искусна пред пензија, преку врска ја најдов ми ја препорачаа на една колешка моја тетка и е... Таа всушност кардиолог што е уште подобро, ама гледа и тироида. Снежана Ќупева се вика работи во клиника Интерна и гледа приватно, но пушта и по некој термин преку фонд. Ќе поделам искуство утре попладне после преглд...
     
  18. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Слушај мене што ми се деси и уште со непогодена терапија, ти викам по твоја ситуација во исто време почнавме со ова, јас почнав со 25 мкг еутирокс тсх лудо варира ми беше прво 7.80 со 25 скочи на 10.64 па со 50 падна на 7.07 после наизменично еден ден 75 друг 50 ми падна на 0.57 тука ме остави 10 дена на 50 ми падна 0.21 после ми рече да прекинам на недела и пак вадење крв и тука 0.61 тсх е овде ми рече уште 2 недели да бидам без терапија и знаеш што ми се деси тсх на 20.15 пукнав, почнав да плачам добив панични напади се упропастив и ми кажа да почнам со 50ка и така си терав месец дена и пак извадив крв тсх да видам тој 22 веруваш ли како да не пиев воопшто терапија и плус покачен, и сега сум работни денови 75 викенд 50 на 2 месеци по прв пат да одморам толку од вадење крв, инаку последен пат ми се слоши при вадење и сега ми е страв пак и од вадење крв и резултати
    Инаку антитела ми се атпо над 1300 а антг 41.50 еднаш ги проверив
    И што викаш од стресниот живот неможеш да бидеш добро, од промена на храна и пазење што јадам дојдов на 45 кила кост и кожа неможам кило да се поправам на 1.67 цм
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.393
    Допаѓања:
    114.508
    Пол:
    Женски
    Никако на интернист за тироидна. Барајте ендокринолог и специјалист по нуклеарна медицина. Каков интернист што ви е. 1 не е добра вредност, иделана вредност на ТСХ е 2 до 3. Тироидната може да е само последица, ако имате толкави варијации теба да се испитаат и други жлезди, да се види кортизол, пролактин, хормони на 3 ден циклус.
     
    На Blondie715, flower30 и orxideya им се допаѓа ова.
  20. orxideya

    orxideya Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2021
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    TSH има циркаден ритам на лачење. Пример: наутро може да е 7.50 mIU/L а напладне 3 mIU/L. Најважен е резултатот што е измерен наутро за време од 1 час после будење. Идеална вредност на TSH може да биде различна кај секој човек. Има луѓе што се чувствуваат подобро кога TSH им е подолу од 1 mIU/L се додека се во нормална граница на дадените референти вредности од лабораторија.

    Ендокринолозите кај нас имаат повеќе знаење па и искуство од интернисти за третман на тироидни нарушувања.

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7288350/

    https://www.emeraldcityclinic.com/blog-2/time-of-day-makes-a-difference-in-thyroid-testing
     
    Последна измена: 20 октомври 2023
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.