Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    140.041
    @Angel_G да не ме сфатиш погрешно и да не ти правам уште забуни, ама кардиологот си е специјалист за срце. Без да се навреди некој ако има овде доктори, ама се знае кој за што е. Исто ко што многу гинеколози прават ехо на дојка.
    Си има специјалисти и си тераш таму.

    Според ваквите дејствија, на крај ќе испадне да си одиме најјасно кај матичен и они ќе ни даваат терапија за се .

    Друга работа, и јас одам овие неколку години кај Татјана ама јас не сум задоволна. Де мисли дека е тироидната нешто, де паратироидна, де не знае. Мене крв ми земаат во 19ч навечер, дека не можам да се организирам со децата.
    Ама овде прочитав најдобро е на сабајле.

    Немој да ме сфатиш погрешно, не сум ни меродавна да кажувам, ама па имам големо искуство со одење по лекари па затоа пишав.

    И јас исто од ваму од онаму, во Скопје сум а демек се чекало многу и не одам на Клиника. Мајка ми доаѓа од друг град овде на преглед.
    Така да, сега направи си преглед, ама можеш и да си извадиш упат за на Патофиза на Клиника и да си одиш таму. За околу 250 ден ќе имаш секој преглед крвма слика и ехо и преглед.
     
  2. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Испитани ми се тие сите со во нормала. ТСХ кај мене е 8,6 јас имам хипо, а другиот фрт4 е 1 тој има гранична вредност до 2. Бев денес кај кардиолог ок поминав...

    Кај Татјана бев два пати... Првиот пат ок се посвети. Вториот пат нпо 3 месеци ги погледна резултстите и само ја продолжи терапијата. Денес бев кај интернист, плус кардиолог жената беше сосем ок, башка пред пензија, искусна посветена, немам зборови... И ехо на тироида направи и историја на терапија провери и екг и ехо и преглед на каротиди и совети даде и упат за целосна лабараторија на клиника.... Жената напомена од нејзино искуство дека,, лабараториите,, знаат да ги утнуваат резултатите и дека имала искуство да добие сосем различни резултати од две лабаратории со драстични разлики. Рече дека на клиника,, најточни биле и за 3 недели треба да ги повторам и да се вратам кај неа со тој резултат, затоа терапија не менуваше... Кај неа бев со упат на термин иако е приватна клиниката. Имам две познанички што одат на патофиза, ниту едната ниту другата не се задоволни. Тироида третира и интернист и сосем легитимно препишува терапија и дава упат. А мене лично ми одговара кардиолог интернист добар зашто имам тахихардии и пијам бипресо од 2,5 препишан од кардиолог на клиника (кој ни 5 мин не ме погледна) инаку имаш тахикардија аха еве повели лек и чао и ми рече не задржувај имам пред врата со песмејкери. Сега докторката ми го намали бипресот на пола таблета зашто имав 67 откуцаи на екг во мирување... Така што овој пат можам да кажам дека сум задоволна...

    Имам пријателки кои одат на патофиза и воопшто не се задоволни... Инаку тироида сосем легитимно гледа, следи и одредува терапија и интернист уште подобро кардиолог. Во мојот случај ко последица на тироидната се тахихсрдии и бев на кардиолог ја на клиника при што изгубив цел ден, за да прочуениот доктор ми препише лек и додаде не задржувај има пред врата со стентови... Денес бев по препорака кај добар искусен и интернист и кардиолог со упат иако е приватна клиника има и термини. Многу посветена жена се ми провери ехо на срце, екг, ехо на тироида на каротиди. Внимателна при одредување на терапија дур не ја ни покачи туку ми даде упат за на клиника по 3 недели да ги повторам резултатите и да се јавам пак кај неа. Мене многу ми е битен третманот, мразам кога ме откачуваат не објаснуваат и само препишуваат. Овој пат докторката си беше не место 60 и кусур години пред пензија не ја пуштаат да оди оти стварно е добра... Таа колку тироиди видела и колку терапии дала, за разлика од младине докторчиња со чест на исклучоци, ама онаа во Железбичср беше жива утка, ми држеше предавања за селен и цинк, а денес интернистката рече не можат да помогнат тие при висок хормон.. Тие помагаат ко превентива кога Тсх е 3 или 4 не 8 и кусур... Ма да јас го пијам селениот, цела тегла имам со 100 таблети ке ги испијам...
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    А ако е специјалист-интернист така пишува на печатот за докторот?
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Сите се специјалисти. Ендокринолог е за работа со жлезди! Интернисти се за работа со внатрешни органи. Ќе си одиш на ендокринолог. Ако не сакаш на клиника имаш во 8 ми септември. Со упат работат и други приватни ендокринолози.
     
  5. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Јас бев на ендокринолог прво, но ме остави без терапија на 2 недели и тукс се ми се поремети од 0.61 тсх последно ми скочи на 20.15 и рече само почни со 50 еутирокс и толку, јас ниту знам кога да дојдам ниту ништо и затоа отидов кај друга, инаку во државни нема термини
    И ова што е специјалист интернист се чека до деќември термини
    И отидов приватно 1500 ден
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Кај кој бевте?
     
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Прв или втор
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Прв.
     
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Ремедика
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Jас кај Татјана Јосифовска одам во Тиреодијафностика и сум задоволна. Во ремедика не сум била.
     
  11. Anajlin

    Anajlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. По извршен преглед во Тиреодијагностика ги добивам овие резултати и докторката ми препишува еутирокс 25мг и селен 100мг. Во нејзината дијагноза стои "дискретно хипоехогена, нехомогена со хиперехогени одбои". Што значи ова, ако некој знае? Следната контрола ми е за два месеци.

    Неуспешни обиди за бебе ме доведоа да ја испитам тироидната по насока од гинеколог. Хормоните ми се сите океј, само тука имам отстапувања. Screenshot_20231021_230142_OneDrive.jpg
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.340
    Допаѓања:
    171.221
    баш ме занима како она одма одредила дијагноза кога нешто многу не се изменети хормоните
    Ја од оваа ич ич не сум задоволна
     
    На Blondie715 и anggell им се допаѓа ова.
  13. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Приватно е тоа?
    Јас сега сум кај Биљана Ивановска Бојаџиев
    Специјалист-интернист
    И ми е препорачана ако знаеш од кардиолог Василева , другата помлада што е, рече дека ќе ми помогне и би сакала да забременам, дека тера терапија и за бремени
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    13.213
    Пол:
    Женски
    Па ете има покачени антитела плус и структурата изменета е, нехомогена пишува и зголемена е жлездата.
    Затоа и дала терпија, плус и планира бременост, не е да се остаи без терапија.
     
  15. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Јас на твое место би побарала второ мислење. Не си за терапија со еутирокс, само селен можеби и режим на исхрана. Сепак доктор нека си потврди.
     
    На Biljarkata и anggell им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.955
    Допаѓања:
    35.054
    Пол:
    Женски
    Гледам се разбираш, што ќе ми кажеш за резултативе, после тоа пак испитав само тсх и ми беше 2.38, ова 2.93 ми е највисоко до сега, пред тоа 2.24, еднаш само ниско ми беше 0.24, па за 3 недели без терапија 2.58. Тоа 0.24 изгледа некоја грешка беше. IMG_20230915_150347.jpg
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.710
    Допаѓања:
    11.056
    Пол:
    Женски
    И јас тоа ќе речев ама ај викам да не се правам докторка. Најлесно и е апчиња да даваат, и тоа додека погодат колку треба цел организам наопачки стане.
    Кога се мора да, ама кај нив е секогаш мораш.
     
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.710
    Допаѓања:
    11.056
    Пол:
    Женски
    За нехомогена структура даваат витамини, самата докторка ми го кажа тоа, дека се средува и не е ништо страшно. Селен, цинк и Д витамин. За бременост гледаат на хормоните вредноста, посебно на ТСХ. Антителата не сметаат за бременост, велат дека не се намалуваат што не е точно и нив ги намалив.
    За исхрана не очекувај ендокринолог да не упатува никој врска си нема. Сметаат дека храната нема влијание што не е точно, има голем придонес.
    Ама не сум докторка, нека бара второ, трето мислење. Со апчиња јас така одма од едно мислење не почнувам.
     
    На Biljarkata и Mrs. right им се допаѓа ова.
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    13.213
    Пол:
    Женски
    Секако најдобро и второ мислење да побара.
    Само види што пишува на извештајот во врска со структурата.
    Сепак планира и бременост.

    Знаете некад у ред се хормоните и се тоа ама пак да зеза тироидата.

    Иначе и ја сум за доколку може без терапија да се помине.
    Добри ти се хормоните.

    Е сеа, да не планираш и ти бременост?
    Зашто нели за бременост треба да е до 2 максимум.

    Којзнае, тоа ниско е 0.24 ама еве штом сеа ти е во ред, би требало да е ок.
     
  20. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    За покачени антитела не се дава еутирокс, никаде во свет не даваат. Антителата еднаш чим се покачат, толку е, само ги одржаваш, највеќе со исхрана и селен. За бременост 2.47 ТСХ не е проблем воопшто. Кај нас само за во граници тсх даваат терапија, исто како и за вирус што даваат антибиотик одма. Хаос општ се докториве генерално
     
    На 1209, Biljarkata, anggell и 2 други им се допаѓа ова.