Знам дека не се дава за покачени антитела. Викав за структурата, а @anggell вика дека витамини давале за тоа. Можеби. Ама зарем нели докторкава е искусна и специјалист по нуклеарна медицина е. Не знам што да речам.
Да, да, планирам, бев на контрола на ендокринолог не ми препиша терапија, ама ми кажа пред да почнам процес да испитам пак тсх, па скриен шеќер, и ако не ми е под 2.5 тогаш ќе ми дала терапија, инаку ми кажа дека немам тироидно заболување, ама тука гледам по се разбирате од доктори, па да си прашам.
Да не даде господ да те снајде, нема што да кажеме. Јас можам книга да пишувам за бременост планирање, еден доктор посветен не најдов. Исто и за тироидна, не можам да пофалам никој, буквално никој. Во Швајцарија кога видоа дека сакаат Еутирокс "привремено" да ми дадат, колку за бременост, при нормално тсх и фт4, само анти тпо покачени, за глава се фатија. Да не зборувам за лечење на обични настинки со антибиотик, деца мали на кортико со инхалации уште од 2 години. Хаос е здравството за жал и сите страдаме
Абе јасно ми е, па и ја иам проблем. Мислам не ми е типично хипо, туку субклиничка хипотиреоза. Е мене при високо тсх не ми дадоа терапија, другите хормони ок, на ехо супер и не ми дадоа. И ја не знам шо е најпаметно, а вака ок се осеќам. И мене не ми се почиња со терапија, еве сеа иам контрола нареден месец па ако пак е високо очекувам да ми препише терапија. Коа се мора, се мора, шо да праиме, демек сакам да пијам. Шо ако после се поремети па да преминaм у хипер? Нека побара второ мислење обавезно. Лаици сме ние ама и они шо учеле па не можат баш да погодат што е и точно е дека експериментираат. А оваа докторкава баш ја фалеа дека стручна била..
Ne se dava odma terapija, dobro postapile kaj tebe. Ali ako na naredna kontrola pak e pokaceno togas e opravdano, zavisi kolku i mnogu e bitno ft4. Btw i jas sakav kaj ovaa da zakazam, Tatjana, ama po ova sto go citam, mislam deka nema da zakazam
Ама мене прилично ми беше покачено, 10, па 8 падна, па 5 последно, сеа не знам колку ќе биде. Мене не ми е за бременост ама пак, доста високо е тоа. А тироидните и фт3 и фт4 нормални секогаш, антителата исто, на ехо вика одлично, нема промени, хомогена скроз, не е зголемена. А од каде ова тсх скока толку не знам. После читам може и проблемот да е во хипофизата. Од хормони што ги лачи хипофизата, пролактин иам проверено добар бил до сеа. Ќе видиме ај наредна контрола шо ќе испадне.
Тсх се качува од сенешто. Од вирус, од зголемен внес на јод, од стрес, од милион надворешни фактори. Ова твоево не е некое скокање, опаѓачки тренд гледам. Сега, може си бараш дијагноза, ама субклинички со нормална структура - не ти е дијагнозата во оваа тема.
Хм, па што знам, можеби. Да, иам читано и дека од стрес можело, бев малку под стрес тогаш. А иначе коа почна да паѓа, тогаш бев нешто болна, дали бактерија, не знаеја ни они, нити па открија за каква инфекција се работи, (леукоцити високи, црп огромно па затоа и викаа дека нема шанси вирус да е, бактерија можеби ама можеби, само лупнаа антибиотик, и почна да паѓа црп), а пази тогаш почна да опаѓа, во таква состојба тсх. После тоа не сум проверила. За тоа субклинички мислев дека прочитав, ако се качувал тсх, а тироидниве у нормала била ама ете структурата добра е. Се надевам дека не е хипо и да било од стрес.
За терапија си. Анти Тпо е покачен. За бебе тсх во континуитет треба да биде 1! Тоа е идеален тсх. Ова ми го има кажано уште пред 22 год лекар нуклеарен специјалист. Можеш да пробуваш со бразилски ореви,селени и слично. Исто ко со чај да пробуваш. Но ако сакаш бебе со покачени антитела анти тпо и променета структура само ќе губиш време . 25 мцг се мала доза. Само ќе ти помогнат на организмот и ке дојдешдо целта. Без терапија го мачите организмот.
Не е баш тоа така, не се качува од сешто. Може некогаш инцидентно но затоа се проверува на 2 месеци редовно и ако е над граници треба терапија,граница е до 4. Не е без причина тоа. Јас имав 45 тсх и не ми беше од сешто. Туку од намалена функција.
Не се качува до 10 само од вирус ,има и лекови кои го покачуваат ама не збориме за случајно покачување кога во извештајот кој членката го приложи има антитела анти Тпо скоро десет пати покачени,што укажува дека постои автоимуно заболување на жлездата,анти Тг исто покачени и променета структура на жлездата на ехо во прилог на хашимото. Значи потребна е терапија. Може да одложува , но е одлично што гинекологот ја испратил и што и е дадена терапија бидејки членката се бори за бебе. А субклинички е како предијабет,прашање на време кога ке се изместат и другите праметри плус и зависно од други здравствени состојби кои ги има пациентот се дава левотироксин. Одбивање на терапија може многу беља само да направи отколку мала доза на еутирокс. Во прилог е и долниот случај каде членкта е оставена без терапија па тсх заминал на 22 Да,повеќе од 20 год. сум на терапија. Пиј си еутироксот редовно и редовно контроли додека не стабилизра,не треба ни висока терапија во почетокот поради срцето,само постепено со зголемување на дозата на 1,5 месец . Па антителата се важни укажуваат на болест на тироидната жлезда. Ако постојат,болеста постои и мора да се лечи за да се регулираат хормоните и да дојде до бременост. Не се важни кога веќе ке се појават еднаш и болеста се дијгностицира и се почне со терапија. Изменетата структура на жлездата говори дека болеста ја променила,а не да се лечи со селен,исхрана и витамини Ми варирале антителат 100 пати за овие 20 год. И воопшто не е повеќе важно дали биле 300 или 847,кога жлездата е веќе оштетена. За терапија ти си знаеш. И не е точно дека не знаат да погодат терапија! Особено докторите од патофиза. Не зборете напмет.
Ама јас и одговорив на @Mrs. right , не знам што измеша сега. Дали за антитела еутирокс помага или не, немам лично искуство.
Јас не кажав дека не знаат да погодат терапија, дека додека терапија погодат е тешко. Две членки погоре се жалат веќе со месеци дека терапијата не можат да и ја погодат. Не значи дека не треба да ја примаат затоа што гледам имаат високи вредности, јас би сменила доктор кога до толку им е лошо. Кога се мора и јас би прифатила, ама за 3.5 ТСХ и ТГ 20, за кои и немам симптоми не прифаќам. ТСХ ми е е веќе со месеци не повисок од 2.5 Тироидната на ехо ми е ок. Немам никакви симптоми на нарушување. Додека можам ќе терам со витамини, ако имам нешто посериозно би прифатила вака не.. За лечење било што освен терапија секогаш применувам и исхрана , во тоа никој нема да ме разубеди.
Во ред е поставената дијагноза и третман. За пред бременост TSH треба да е под 2.5 mU/L. Нема ништо да изгубиш ако го намалиш TSH малку со левотироксин пред и за време на бременост а после целосно да прекинеш со терапија. Ако ти се многу 25 микрограми, тогаш обиди се со 12,5 микрограми левотироксин.
И јас одам кај оваа докторка слушај ја како што ти вели. Специјалист по нуклеарна медицина е Тироидната и е специјалност. Ако рекла терапија ќе си пиеш. Селен можеш. Не бегајте од терапија за тироидна зашто може хаос да направи во телото ако не се третира правилно. Плус на ехото е видено дека тироидната е зголемена. Некогаш хормоните може да се во ред, а жлездата да не е.
Кај мене обратно на ехо е ок жлездата а хормоните оартал Тсх 2.7 т4 0.80 малце под долна граница Оа си добив покачување на терапијата и контрола за 3 месеци