Може ли долгогодишен пациент од хипо да премине у хипер? Тоа варира многу често кога ќе се случи еднаш или како иде? Која состојба е подобра и дали постои храна или таблети кои превениираат од појава на хипер (ако е тоа лошо) ?? За хипер се пијат исто така еутироксот? Може ли да ми прецизирате точна локација на Атикор по можност и со улица и број.?
Јас да ти кажам со години сум хипо, но еднаш ми се случи да преминам во хипер, а тоа беше така затоа што покрај еутироксот почнав да внесувам јод преку еден природен лек (тој со мед и зелени ореви што е). Изгледа тогаш нешто се предозирав, и на резултатите хипер ми покажа. Морав тогаш да апстинирам од лековите, на следната конторла пак си бев хипо, и си ги продолжив до ден денеска. Инаку јас колку што сум упатена, хипер е полоша состојба, бидејќи се третира со радиоактивен јод, значи треба да се сузбие зголеменото лачење на хормонот. По мене многу е полесно нешто да го надокнадиш отколку да го намалуваш природното лачење. А за превенирање и исхрана, незнам да ти кажам, сепак мислам дека тоа многу нема врска, овие заболувања се појавуваат од други причини...откако ќе се разболи човек секако дека ќе внимава на исхраната,но за претходно незнам...
Јас би ги прашала феминките поточно тие со Хашимото дали некоја од нив има покачен шекер и холестерол и какви симптоми имаат знам дека тоа е инивидуално .На последната контрола правев испитување и на пролактинот во приватна лаб и ужасни рзултати па морав да одам на Ендокринологија за да испитам да не се работи за некој аденом.А таму резултатите сосема поинакви да се увериме со докторката правев повторно после 2 мес во Ендокр и истите резултати ок.Затоа внимавајте и во која лаб ги правите Позз
Е од погрешни резултати најмногу се плашам, да не знаеш што е полошо..дали да излезат добри, а да не е така или да излезат лоши и да е грешка
Да, јас имав Хашимото (со антитела и ТСХ 6), покачен шеќер и холестерол, покачен естроген, но пролактинот ми беше нормален. Сменив начин на исхрана, значи без гоитрогена храна, во меѓувреме ја решив хеликобактер (пишував за ова во претходните постови), го исфрлив глутенот, симнав 6-7 кг, и се си дојде на свое место БЕЗ Еутироксин. Еутироксин земав само 2-3 недели лани и ми направи повеќе проблеми отколу што ми помогна. Затоа овој пост не знам колку ќе им помогне на оние кои се со терапија на Еутироксин, мојата приказна е поинаква. Но затоа пак, можеби ќе им помогне на оние кои се пред почнување на терапија за тироидна жлезда, за да преземат нешто, сменат некои навики во својот живот и не бидат регрутирани во доживотни пациенти под терапија со Еутироксин, ако за тоа нема потреба. Во мојот случај се покажа дека немало потреба од терапија.
дали правеше после тоа повторно проверка на ТСХ.Те прашувам затоа што и мене ми го укинаа едно време па кога скокна ТСХ .Те разбрав дека сакаш да кажеш дека треба да се исклучат и други можни причинители ,и јас мислам дека кај мене не е само тироидната има и други проблеми мегутоа докторите се имаат фатено за тоа.Моментално каква терапија примаш и како ти е со шекерот ,затоа што и мене на последната контрола малку ми е покачен и чуствувам кога јадам благо или газирано не ми е добро следниот ден па избегнувам во последно време .Позз
Правам тестови на ТСХ на 3 месеци. Последниот пат ми беше 1.8 Шеќерот ми е во граница на нормала. Се трудам шеќерот што го внесувам преку исхраната да биде претежно од овошјето и зеленчукот, е сега понекогаш ќе "згрешам" ама тоа е многу помалку отколку порано кога бев махер за благо. A без глутен па и нема некој голем избор на слатки задоволства. Не примам никаква терапија.
одлично ,запознав случај кој е во спротивност со тоа што го кажуваат докторите.Кога ми констатираа покачен ТСХ беше 7 и не ми испитаа антитела само ми рекоа дека на ехо се гледа изобличена не личи на себе и изгризана како сунгер тоа е описот од др.значи Хашимото.Следната реченица беше никој не се излечил до сега од ова па нема ни ти доживотно ке си ги примаш ,а после 1 год со терапија бев отидена во хипер и ми ја прекина за после 3 мес што да види 14,5.Последен пат шекерот ми беше 6,4 .Мегутоа мислам дека и стресовите играат важна улога .Хеликобактер,шекер,тироидна тоа се модерни болести т.н стресни и при мала нервоза се активираат.Продолжи си ти така ете се покажало кај тебе мене ми остана Хеликобактерот да го испитам зошто не се чуствувам ок
Да, познат ми е тој став на докторите многу добро. Но и на светско ниво се повеќе се снижува нормалната граница за ТСХ. Беше 4, сега гледам во Англија и др. земји, нормалното ниво на ТСХ го направиле да биде до 2. Значи кој го надмине ова ниво веќе е пациент и треба да прима терапија, што во мојот случај се покажа апсурдно. Добар ендокринолог е тој што нема само да чека да ја надмине пациентот горната граница, па тогаш да му препише терапија, туку тој што ќе му укаже дека современиот начин на живот носи многу неповолности за штитната жлезда, па можно е со промена на некои навики и начин на исхрана да се подобри состојбата и без терапија. Исто и да испита какви се механизми доведуваат до нарушување на штитната жлезда. Доколку пациентот е согласен да ги внесе тие промени во животот, помине некое време и пак не успее да ја подобри состојбата со штитната жлезда, е тогаш терапијата е неминовна.
Докториве како по шема, одма ти препишуваат терапија и не ти даваат совети во врска со исхраната, посебна диета и сл. Значи, може и без терапија, односно со правилна исхрана може да се пролонгира почнувањето со доживотната терапија, ама некако не се замараат многу. 100 пати имам прашано за исхраната и не сум добила никаков одговор. Дури и ми немаа кажано дека половина час по терапијата не треба да се внесува ништо, посебно не нешто што содржи калциум (млеко, млечни производи, дури и сок од портокал). После половина час треба да се појадува. Едниствено, ако болеста се појави во бременоста (како во мојот случај) МОРА одма да се почне со терапија, за да не дојде до несакани компликации со плодот. И нормално, конторли на секој месец во бременост.
Сакав да ве прашам кога правите контроли дали испитувате само ТСХ ,Т4 или и други параметри Зошто се прави дисбаланс во цел организам .
Кога како. Последниот пат сите комплет ги испитав, ТСХ, ФТ4, тиреоглобулин (тумор маркер) и 2 типа на антитела. Претходниот пат само ТСХ, зошто приватно кога се испитуваат е многу скапо.
Здраво феминки, до сега не сум пишувала на оваа тема, бидејќи и сум немала проблеми , нали овај Но денес ги добив резултатите од испитувањето на TSH i FT4 и излезе дека првиот ми е 11,96 што според мерилата е доста висок. Е сега имам закажано за читање на резултатите утре, ама место не ме држи, па си реков ако некој знае што всушност значи тоа нека ми пише. А за овој вториот ми е во границите на нормалата, односно 12,1. Ако некој ме разбра што прашувам нека ми пише. Фала ви однапред
Да многу добро те разбирам .Ако ТСХ е високо значи дека се работи за хипотиреоза или Хашимото(автоимуно заболување на жлездата) .Мене лично првото испитување ТСХ ми беше 9 и ми дадоа одма Еутирокс од 25.На ехо се гледа дали се работи за Хашимото по самиот облик на жлездата тоа ке го види доктор и нормално антитела треба да с испитаат.Не се плаши едноставно мораме некои работи да ги прифатиме во животот и тоа е .Каде правеше испитување во Ендокринологија?
Да на ендокринологија правев, ама направив и приватно во Интермед-арт, приватна здравствена установа. Е сега бев кај докторот и според резултатите ми препиша еутирокс, со тоа што 2 недели да пијам по 25мг, а вторите две недели по 50мг. Потоа сум на контрола, кога и ќе може да види според резултатите нормално, дали ќе ја продолжам терапијата до крајот на животот или ќе ја прекинам. Па сега ќе видиме, што е тоа е.
Дали ти покажа исти резултати за ТСХ на двете места и убаво што си направила на 2 места за сигурност.Да треба да се прифати и да се помириш со тоа дека ке немаш некои симптоми што претходно си ги чуствувала замор,качување килажа и др да не бројам. Позз
поздрав babymama, и јас го имав тој проблем со докторите, по книга те третираат, ти им викаш луѓе качувам килажа, а ми одговараат тоа нема врска со тироидната ( инаку сум оперирана од тироидна пред скоро 2 години и после операцијата качив срам ми е да кажам скоро 17-18 кила со нормална исхрана ). Инаку сега идам во приватна ординација Ендомед реда ради, ама режимот на исхрана и вежбањето строго сама го контролирам бидејќи во нашава македонија нема еден нормален доктор што се занимава со метаболни заболувања и сл. Еутирокс пијам 100мг, и си го купувам од Грција и да се пофалам откако почнав од таму да го купувам престанав да качувам килажа, почнав да слабеам ( имам уште некои 5-6 кила плус ) и се чувствувам топ. Може и ради вежбањето бидејќи тоа е есенцијално за вакви состојби, вежбам 6 дена неделно. Мислам дека секој треба да си најде баланс во тоа што го внесува во организмот и физичката активност, покрај терапијата и препораките од докторите, можеш и сам да се информираш, дали по нет, дали по литература, дали и вака по форуми.
Пожелно е да се испитаат и други хормони како естроген, прогестерон, пролактин, затоа што се е поврзано. Знам дека покачен естроген, односно низок прогестерон смета на работата на тироидата. Sencence, ова е блогот на една девојка од Англија (28 год) која исто како мене, го има надминато Хашимото БЕЗ ТЕРАПИЈА, со менување на начинот на исхрана. http://hopeforhashimotosdisease.blogspot.com/ Во нејзиниот блог пишува дека во истиот период кога и откриле проблеми со тироидната жлезда, воедно и се појавиле и панични напади, анксиозност, престанала да излегува од дома... По детално истражување на интернет, почнала да зема витамин Д3 и селен, и само после 4 дена земање селен, паничните напади престанале. Исто и кај мене имам забележано дека откако почнав да ги земам Д3 и селен, штитната жлезда престана да ме боли и посмирено се чувствував отколку претходно. Подетално пишува во блогот, да не прераскажувам од почеток до крај, може да прочитате ако ве интересира. Битно е што сега, после една година нема повеќе ни симптоми на хипотиреодизам, ни антитела, ни панични напади.
Ова се моите резултати TSH 1,21 (0,400-4,50) Free T4 11,8 (9,50-25,0) Anti-TPO 12,5 (10,0-50,0) Total T4 119 (71,2-141) Според резултативе сите параметри се во нормала, но ќе го испробам и тоа што го пиша LakeGirl, ќе внесувам селен и вит Д3, плус и мед со млади оревчиња. Плус треба да земам упат од гинеколог да ги проверам сите хормони, но за почеток морам пролактин. Е сега ме интересира (бидејќи ми напомена и гинекологот) кога ќе одам за пролактин, да не пијам и јадам ама баш ништо и да не се туширам од утрото. Не ми текнува дали и за пролактинот, но ми рече дека за хормоните треба да отидам 3 ден од менструација, е сега ако некој веќе правел, ако може да објасни по детално, дали и за пролактинот мора на 3 ден од циклус да се оди?