Ако тироидната ти е со променета структура, нехомогена ,здебелена и ти кажале дека укажува на автоимуно заболивање , постои веројатност да е хипотееипза хашимото. Но, кај вас Тсх е мирен 2 ,5 е во и под нормална. Терапија даваат кога е над 4. Провери антитела и другите хормони да видиш како се тие...антителата ако ти се високи тоа е знак на автоимуно и тие не се спуштаат...Ти пишав оти и мене ми беше откриена ,откако добив тахихардии, само што јас повеќе чувствуваав како треска да ме тресе не ги чувствуваав прескокнувањата и имав главоболки. Кај мене испадна на ехо исто структурата нехомогена ,неправилна форма итн без јазли и чворови за среќа ама тсх првично беше над 10 ,антитела 2500 у плафон. И сум хипо ,хашимото. Бев кај ендокринолог кој даде еутирокс и терапијата си ја пијам 5 и пол месеци али заради тсхто ,за антитела нема ништо да даде и да ти се високи...и сега под контрола и лекарства тсх-то ми варира околу 7,уште е високо ...Е. сега мене ендокринилогот ми рече дека хормонот висок предизвикал,,тахихардии,, и дека ако он се донесе у нормала ќе исчезнат ...зада не се мачам дур го спуштам ме упати на кардилог и тој ми даде бипресо од 2,5 мг ,не пијам цела тсблета зашти се потсмирија пијам пола и ок ги нема. Знаат да ме здрмаст у циклус зашто тогаш паѓа нагло имунитетот и хормоните се праат каша попара ,ама пикам магнезиуми, вит ц, цедам портокали ,чуда смислувам да преживеам тое денови...Е сега мене ендокринологот ми рече заради високото тсх биле тахракихардите сли веројатно не е само тос причина што и не мора да значи...веќе не знам што р што не вистина...Дали кардилогот ти даде терапија бипресо или нешто слично тоа е од групата лекови бетабоокатори и лошо звучи, дур и страшно кога ќе сесоочиш со фактот дека треба овој лек што би рекла јас лек за срце да го пијам а не сум жена у години ,41 имам..(и не планирав така рано да пијам лек за срце, ја многу тешко поднесов пдихички инаку).Ама до него е сосем ок дур и со половинка поминувам на последна контрола кај интернист и кардиолог 67 откуцаи во мирување сосем беше ок.Појди ди уште еднаш ксј кардиолог и барај лек за срцебиење. Претходно напраи лабараторија со тсх ,фт3,фт4 и антитела ...се комплет. Ама моја препорака да појдеш е на клиничка биохемија ,зашто овој пакет ти е скоро 3000 во приватна и плус имај предвид дека птиватните знат и да ги утнаѕ резултстите зашти имат лоши реагенси...ете ја се и сешто ѕи изнспишав, ти одлучи си лско понатака. со лесно.
Приватните лаборатории имаат стари реагенси и затоа некогаш не им се точни резултатите. Кај нас ретко кој може да си дозволи скапи тестови од 2000 денари па нагоре и така им заостануваат реагенси а на државно се трошат многу брзо и затоа често им фали некој реагенс и не вршат испитување за некој хормон.
Убаво си пиша, фала ти За тахикардииве и мене ми даде кардиологот верапрамил ама јас ги немам постојано (многу ретко) прескоциве ме мачат. Најпрво јас да испитам па ќе видиме што понатаму.
@Kris80 Анти тпо Анти тг Испитај ги овие антитела заедно со фт4 и фт3,тсх. Инаку и јас имав тахикардии со хашимото и терапија верапрамил.
Не знам Косми Мене кога ме фаќа тахикардија тоа е 1 мин и толку. Не сум за верапрамил, затоа и ми го даде за не дај боже, по потреба ако не се смирува подолго. Еднаш кога ме држеше малку повеќе као 4-5 мин ги мерев беа 120. Ама на прсти се брои колку пати. Е прескоциве ми се почести. Да испитам прво ова па да видам што понатаму. За клиничка биохемија од кај земате упат?
Мене интернистката некни ми даде . Бев на контрола и таа ми креираше...Првично платив пакет во Авицена околку 3000 се комплет...после неколку пати испитував само тсх по 500 ден плаќав и еднаш во Јане поликлиника. Појди пак кај интернистот и нека ти даде упат за биохемија. За да ти креира упат интернистот треба не е приватен туку да работи со фондот ....инаку нема. Јас одев на 2 пати кај Татјана во Тиреодијсгностика ем и платив приватни прегледи ,ем си плаќав приватно испитување ,ем си купивам приватно еутирокс иако тој не е скап,амс океј оти матичната не може да даде рецепт ако однесеш извештај од приватен лекар. Е го искркав доста пати ,па си знам.Со лесно!
Мислам дека ти имаш проб со терапија оти на една мојапознаничка ова и се случи...Ти ид хипер преминуваш во хипо тсх 12 е хипо и високо е доста со овој резултат оди еутирокс. Ама да не пишувам на памет мораш да појдеш кај добар интернист соецијалист кој ќе те следи и ќе ти контролира терапија ...оти овој скок е ,,да кажеме,,шок за организмот...кај моја пријателка беше обратно таа беше хипо и имаше ,,еден голем стрес, почина ненадејно татко и,, и,, може тоа хеше причина нагло и падна хормнот и заврши на хитна се онесвести дури ,ко испитаа хормонот пд 11 ,на испод 1. Сега го пие тој лекот што ти го пиеш и почесто контролира зашто знаат да се случат и чудни ситуации...Членка на група имаше пушано дека го спуштила хормонот во нормала и посетивала искусен ендокринолог кој сметал дека хормонот е нормален и не треба еутирокс по два месеци проверка на хормонот од 2 без терапија нели ,скокнал на 22. Чисто поведи си ска кај кој одиш и дали ти дава добри насоки и дали добро те следи. Ако не е тоа тоа мавни го ,најди си друг/а докторка. Во мојот случај подобра опција се покажа интернист специјалист отколку ендокринолог. Но,вие си знаете.
Јас бев прво кај ендокринолог, сега сум кај специјалист-интернист и ми даде терапија и на 2 месеци да дојдам, а инаку прво кога бев со ендокринолог на 5 недели идев за нов тсх и понекогаш на 10 дена, и уште неможеше да ми се најде точна терапија и дека јас сакам бременост мора почесто ама нешто не успева
Луѓе со искуство со вадење крв за анализи на тироидни хормони, на мене сега треба фт4 и тсх Сакам да ве прашам, јас до сега се идев авицена, и си плаќав мн мн, на секој 10 дена, 2 недели, 5 недели тсх Сега по 2 месеци уште малку ќе треба да проверам, ама со последно тсх 21.65 и фт4 0.90 значи ужасни рез дали да идам државно или уште сега да одам авицена зошто со нова терапија сум по овие последни лоши резултати?
А немаш ли закажан преглед кај докторот што те води? Кај идеш сеа, на приватно или на државно? Да пробаш некако преку матичен да закажеш кај интернист, кај било кого за само да ти даде да ги испиташ хормоните или пак гинеколог да те упати. Во Авицена кога сакаш можеш да провериш на своја рака ама работата е што кошта, знаеш и сама.
Неможам да фатам термини на книшка кај неа, инаку во 13 часот петок пуштаат термини а матичната никогаш не наоѓа слободен, па бев по прв пат приватно кај неа, требаше да чекам 3 месеци да сакав државно. Како незнам Од март сум во авицена скоро 20.000 дадов со се антитела
Ти пишав јас, општ матичен ти закажува термин за на интернист, па интернистот ти дава упат за на клиничка, и да бараш да испиташ тсх, фт3, фт4, анти тпо, анти тг, инсулин и гликемија на гладно, јас платив 350 ден. Испитав по препорака од ендокринолог пред да одам на контрола.
Да, и резултати другиот ден, ги праќаат и на маил. Неможе ли интернистот да ти даде упат, зошто пиша дека одиш кај интернист, приватно ли? Зошто има некои приватни ама имаат склучено со фондот.
Прв пат отидов приватно, дека морав заради термини немаше, беа во деќември и не чекав, сега како ќе закажам незнам. Ќе видам да се јавам телефонски кај нив како да фатам термин, зошто се водам по нејзина препишана терапија.
Јас на ендокринолог одам приватно кај Бранкица Крстевска. По препорака пред контрола ми кажа да ги испитам овие, ми варираше тсх затоа, освен олигогал селен и Елова уште првиот пат не ми препиша ништо, сега бев на контрола со резултатите, ми кажа немам тироидно заболување и немам потреба од терапија. Само за бременост ми кажа под 2-2.5 да ми е, пред процес да испитам тсх и скриен шеќер, ако тсх ми е над 2.5 тогаш ќе ми дала терапија да намалам. Па и приватно после месец ми закажаа, и сега на контрола после месец, државно тешко за термини. Многу високо тсх ти е, па ти барај упат за на клиничка, интернист нека ти даде. Сега кога треба и јас одам приватно, ама за тсх и други хормони одам на клиничка. Може некогаш и приватно ама не нон стоп.
Јас бев во срце клиника, за преглед на срце пред почеток на еутирокс, платив 5000 скапо. Да знаеш колку дози и варирање на хормони имав до сега, јас незнам како уште постојам Прв пат тсх кога вадев 7.80 на него добив одма 50 еутирокс почнав 3 дена, и тука осетив болка кај срцето и висок притисок инаку мене е низок секогаш и тоа мн, со таков и живеам Се јавив на докторката вика намали на 25 можеби беше голема за почеток Така 5 недели пиев, и нов тсх мене 10.64 Тука одма ме врати на 50ка и така 5 недели и нов тсх 7.07 тука ми рече да пијам еден ден 50 друг 75 5 недели и кога вадев нов тсх беше 0.57 Ме врати на 50 10 дена и тука уште тсх падна на 0.21 и ми рече да не пијам терапија една недела па да видиме и јас така недела без и нов тсх 0.61, се зачуди докторката веќе ни таа незнаеше што да се прави и ми рече остани уште 2 недели без терапија и вади нов тсх, и поминаа тие 2 недели јас на почеток кога имав хормони значи доволно со под 1 кога бев тука докторката инаку ми даде зелено светло да пробам бременост, сакам, нели 2 недели без терапија, последните денови од тие 2 недели пак ми се враќаа симптоми на слаб пулс, нервоза, анксиозност, панични напади и мн др проврзани со хипо а кога бев хипер да се каже со повишени хормони односно со нули кога бев слабеев и многу се потев и тие се симптоми на хипер, а јас инаку го немам тој симптом на дебелеење од хипо што повеќето го имаат, туку бетер сум кост и кожа и без апетит. Извадив нов тсх по уште 2 недели без терапија, шок 20.15 и оптимален фт4 1.48 со реф.вредности(0.89-1.76) док рече почни со 50, почнав уште веднаш, заради слаб пулс и панични напади највеќе тоа ме мачи со оваа болест, многу се радував мислев кога ми рече да прекинам терапија ќе немора никогаш ама тоа е, не требаше да останам без воопшто ама и жената веќе незнаеше што да прави. По месец нов тсх поголем шок тсх 21.65 и фт4 никаков падна и тој со терапија на 0.90 а беше 1.48 во тие 2 недели без терапија И во тоа време кога бев без терапија закажав на кардиолог, сакав да видам со почнување на таблети што исто имаат врска со срцето и слабиот пулс кој ме мачи да видам, рече дека се е поради хипото и хашимото, јас имам и високи антитела атпо над 1300 а антг 42 тие еднаш ги имам вадено. И ми предложи баш тој кардиолог нов доктор не е ендокринолог туку специјалист-интернист и така сум на нова доза работни денови 75 викенд 50 и по 2 месеци нов тсх и фт4 и на тоа сум сега. Најлошо што се во круг сум И секоја чест на ендокринолог прв и таа се бореше да биде под контрола ама никако, и сакав бременост заради тоа сакаше тсх да е под 2.5 А новата баш ја прашав дали воопшто штитната работи дека варирам, вика да ама треба мирување, неможе со брзи промени да се менуваат често дози и јас препукнав, сум под стресови и замор за мое тело рече. И под голем стресен период сум Мајка со карцином, идевме хемо па операција сега со зрачење треба А сето тоа се големи стресови и лоши емооци а тие работи ја уништуваат штитната и не мирува. Ама што да правам, ќе и дадов од моето здравје И тие луѓе таму на онкологија еххх Извинете на долгиот пост
Дали сега ова брзо испитувавте дали сеуште докторката Бранкица е во Срце, дека знам викаа и дека ќе се пензионира..