Да, во Срце е, бев на контрола во Октомври. Јас одам во Срце кај Бранкица, за преглед и ехо платив 3.500, сега на контрола бев 1.500 платив. Ех и јас какви стресови имав, и татко ми и брат ми починаа, јас без јадење се поправив, и со оглед што бев премногу слаба добро ми дојдоа тие 4-5 килограми, ама чудно ми беше што така без да јадам се поправив побарав упат да испитам тсх и ми беше 2.41, ова пред 2 години, пред неколку месеци испитував заедно со други хормони тсх 0.24, одам кај гинекологот да си ги земам резултатите (нели стигнуваат кај матичен) ме праша дали пијам терапија за тироидната, ми била намалена, јас појма немав и ми кажа да одам кај ендокринолог, закажав за 1 месец, немаше термин, пред да одам на ендокринолог испитав пак тсх за 2-3 недели без терапија ми беше 2.58. Ендокринологот не сакаше да ми даде веднаш терапија, само олигогал селен и Елова, ми кажа тоа 0.24 можно е да е грешка, ме гледаше на ехо немав чворови и ми кажа на контрола за 6 месеци, ама кога и кажав се спремам за ин-витро контрола за 3 месеци со испитани тсх, фт3, фт4, анти тпо, анти тг, гликемија и инсулин. Во меѓувреме испитав пак тсх па ми беше 2.24, 2.93, сега пред месец последно 2.38, и за контрола немаше термин, ми закажаа за 1 месец и така после 4 месеци откако пиев олигогал бев на контрола, не ми даде терапија, олигогалот ми кажа да ги прекинам, јас и ги прекинав, 3 месеци ги пиев, се пиеле 3 месеци па пауза, ама сум немала потреба, пред да почнам процес тогаш да испитам тсх и скриен шеќер, ми пиша таму на колку време, и ако тсх ми е над 2.5 ќе ми дала терапија да го намалам, нели за бременост тсх треба да е 2-2.5, извинете на долгиот пост.
Жал ми е, незнаејќи сте отишле кај лоша докторка. Не се обвинувајте, не се сите доктори исти, другпат ќе бидете повнимателни во изборот.
Јас не бев во срце за тироидна, туку за ехо на срце. Машко беше докторот а за Бранкица можете да се јавите да видите дали уште работи. @Anyshka беше
Јас ќе одам петок на клиничка биохемија за пат.Интернист специјалист исто и мене ме гледаше на последно и ми креираше упат за таму. Ќе ти јавам како ќе поминам ама идната недела зошто петок ќе давам,понеделник ќе земсм резултсти ќе одам со него на контрола кај докторката...Инску тсхто ти е прилично високо, од колку мг пиеш еутирокс и дали имаш некои симптоми...Мојот е 8,5 со терапија по последна проверка ,ама месецов баш ми беше лошо во циклус, со главоболки ,трески и со сите терапии и витамини...кај мене симптомите дефинитивно се активираат во циклус ,т.е на завшеток на циклус,последните 3 дена по циклусот пекол ми беа...
Да и мене така првата рече тсх да е под 2.5 за бременост, а кога бев последно 0.61 и останата без терапија пробувавме за бебе и сигурно ќе имав спонтан да беше позитивно. А за втората докторка така ме смири, дури и со 22 скоро последно тсх ми рече и ако забремениш одма дојди со нов тсх да не чекам до 2 месеци како што беше последно за преглед, сигурно дека веќе пијам терапија и нема да е голем ризик, ќе ми покачи ако има потреба и така. Имаше една познаничка беше бремена а тсх 100 незнаеше, се чуделе таму како може, Божја воља. Супер што не си на терапија, дај Боже и никогаш да не ти треба, Бог да ги прости татко ти и брат ти, доста голем шок и стрес Јас тешко поднесов да пијам цел живот таблети на почеток ама тоа е, за наше добро.
Гледам по постов имаш искуство дали еутирокосот т.е зголемена терапија може да делува на притисок и тахихсрдијс?
Е супер сега баш ти пишував да одиш погоре имам пишувано се детално од почеток со оваа мака. По мое да може, кога сум со висок тсх имам слаб пулс, ладно ми, панични напади, нервоза, немам апетит, стрес кој неможам да го контролирам. А кога сум со повишени хормони значи кога бев 0.57, 0.21 и 0.61 тсх, ми беше топло се потев ајде тоа ми беше летен период ама мене буквално раце како да се мокри во вода, и слабеење, на некој брз пулс и висок притисок да, ама мене пулсот беше ок во тоа време дека јас слаб инаку имам и низок притисок. Во мирување пулсот ми е 53 со висок тсх
Благодарам Nancy ниту мене не ми е баш јасно како делува овој тироидниот хормон на кардио системот и на останатото, ама како ми го открија од пролетва од лекар на лекар одев и више смачено ми е... Дур и на психијатар бев, жената ми рече не си за кај мене, можам нешто за смирување да ти пишам некој мапеазакс чисто како бек ап и толку беше ме препрати на интернист и кардиолог... И кај кардиолог и кај гинеколог нема кај не појдов тогаш... Кај кардиолог бев на клиника чекав термин месец и пол и кога дојде прегледот ко влегов кај него нели спремна со еден куп испитувања тироида, крвна, ехо на срце се комплет, тој фрли еден поглед на тоа документите онака блиц, ми препиша бипресо и толку беше... Ко почнав да го потпрашувам тој блиц одговори демек секој втор во мк го пие тој лек ништо не страшно, бла бла, 0 внимание, ме откачи буквално. Кај гинекологот нели пошто тие нели симптомите се активираат во циклус инаку јас безболно менструации имам, се било ко што треба до пред ова.. И сега немам болки женски болки нели, ама тешка глава, трески, нервоза, несоници тоа пекол е... Ај гинекологот ме погледна на ехо, вели нема ништо се у нормала не си за кај мене. Ај на мое инсистирање и женските хормони да ги проверам, даде упат жената на клининикс за гинекологија. Проверив стигна резултат и они во нормала, освен пролсктинот кој беше на граница ама не се смета тоа не беше покачен, тоа беше јуни праев... Сега пак истото, не е многу покачен тсхто да ми праи проб, ама не знам како ќе го туркам ова. Месецов сега на почеток на циклус мерев притисок оти буквално главата ми паѓаше, 110 со 70 дури и 100 со 60 беше дур беше обично, ај кола коли ај дигај се... Да се протурка. Ама на завршеток кога намалува крварење или скроз го снемува ајде главоболки, трески ај мерам притисок 138 со 95 не можам да го износам... Драстична разлика.. Промена во терапија имам од крајот на септември 3 пати пијам еутрокс од 75 мг и 4 пати неделно од 50 тоа е интернист ка од Железничар која исто ме откачи со муабетче без никаков преглед, без ехо, без мерење притисок, ништо 0 поени. Само качи еутрокс и селен препорача ко да сум јас падната од небо та проблем е селен да пијам кога тој нит го спушта нит делува.. Едно време покрај селен пиев и цинк и вит ц од 1000 и д3 од 2000 и магнезиум пред спиење и б6.. Не знам немаше суплент што не го пиев и пак ништо. Дури од нејзината терапија која на хормон од 7,4 даде зголемена доза еутирокс, сега ко го мерев пред да одам кај другата интернист ка беше накачен на 8,5...Другава не ја качуваше терапијата рече да повторам лабараторија.... У меѓувреме имам испитано и серумско железо и скриен шекер и дидимери и се и се е океј... Крнс слика опша веќе секој месец и тука сите параметри за сега мирни фала богу. И сабајлево бев кај матичната ни го мереше притисокот и јас се изжсчив како лошо ми беше и се по ред и она си се огради ми вели јави се пак кај гинеколог, ја можам да ти препишам само тоа што пиеш.. А инаку забележав дека циклусот од пролетва ми се изремети, наместо на 30 дена, добивам на 25 и ми трае 7дена и појке со исцедоци и влечкања, а кај мене пред ова било 3 дена крварења, 4 тиот се исцедува и чао... Последниов месец сега ме завлече до 9 или 10 дена... Хаос. Се јавив и кај гинекологот сабајле, она ми е океј срцка ми е гинекологот, ме знае, ме следи што се вели знае како ми дишат тие органи... Пак ми вели душо тоа тие од тироидниот хормон, ако сакаш пак ќе повториме анализа на женските хормони, ама демек нема ништо да најдеме. Е тоа е и се у круг. Среќа што родив едно дете, пред да ме фати ова болештина инаку тврдо ќе беше... Имам ќерка 5 и пол год имав ок бременост, ок пород, ама сега тешко дрндање... Ова као гејм оф тронс нема крај.. Извинете и од мене за долгиот пост. Ќе се исплачам изнакажа овде на групава па чинам полесно ми е...
п.С вечерва да се успијам и умирам пошто не иде мавнав магнезум,б6, еден мапразакс од 0.5 на кај 11.00 нешто јок не делува и сега бапнав уште еден исто од 0.5, што би кажала јас доза за коњи па да видиме ја ли ќе се умирам , ја ли ќе си блеам уште...
Извини што ќе се вмешам ама мислам премногу сериозно си ја сфатила оваа состојба, не ти е од хормонот толку, колку што самата си создаваш стрес. И мене првата недела така ми беше, испаничена, плус јас и помлада од тебе. Пред се опушти се, не си стварај непотребно стрес. За ТСХ најмногу стресот влијае. Здрава си, јас ова не го ни сметам за болест, па не сме бебиња да ни биде се како по книга. Уживај, гледај си дете, и не мисли толку на ова. Полека ќе се среди.
Ма си бев кај психијатар уредно јас и си кажав се по ред, како што се чувствувам, ама ништо жената тврдеше дека не сум за кај неа ,ми даде лек за смирување по потреба да пијам и толку. И таа исто нагласи дека тироидниот хормон праи поместувања на психа, стомак ,циклус, шеќер ,притисок ...на се може да влијае...Не ки е проблем мене толку што е висок ,читам има во групава и до дупли параметри....проблем ми се симптомите кои навистина се интензивни .Со лекови туркам некско инску без нив нема шанси....
Ќе може ли мислење за резултативе, чудно ми е како за брзо време ми се толку снижи тсх во септември ми беше 9.41,а фт4 1.24, во октомври тсх 4.061 го намалив глутенот пијам магнезиум и јадам бразилски ореви дали да продолжам така уште?
За 6 до 8 недели Еутирокс го намалува TSH. Гледајте во исто време сабајле да го проверувате TSH од 7 до 10 часот.
Ако си хипер и имаш прекинато терапија, ваљда може. А ова со или без терапија? Резултатот изгледа ок.
Немам пиено никаква терапија, првиот пат ми земаа крв во 9, вториот пат во 11 и третиот пат сега во 20 за 12 на гладно беше секој пат можно ли дека има временска разлика да не е точно?