Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    12.972
    Пол:
    Женски
    Во ред ти се хормоните, ете ти делува добро терапијата.

    Антителата како што рече високи ти се што значи дека си хипо хашимото.
    За антителата си знаеш, селен како суплемент или по 2 бразилски оревчиња на ден.
    Викаш и ти се поднамалиле, претходно ти биле повисоки, тоа е добро.

    И смири се, не паничи, ништо страшно не е.

    Стварно до толку гужва имало на клиника?
    Ја коа сум идела имало ама не е претерано, ќе почекам 15-20 мин и ќе ми дојде редот.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    179.015
    Епа антителата се високи, тироидните хормони се во ред-сеуште.
    Што се прави со антителата не знам, уште ја учам таа лекција.
     
  3. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Понеделник бев јас се зафркнав се баби беа...Ме го погодив денот изгледа фала ти инску, сега можам да спијсм...лека ноќ и на останатите...
     
  4. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ништо тие тешко се симнуваат селен или бразилски ореви....земсм селен по 200 мг јас. ..сега да го испијам тегличето има 100 таб внатре па ќе праам пауза еден месец. Така разврав овде на група дека требало...докториве ништо не кажуваат за селен , велат као ,,можеш да го пиеш,ама дава и не дава резелтати ,, демек нема штета од него ама не ти гарантира дека ќе ти ги среди параметрите...
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.753
    Пол:
    Женски
    Не се замарај со антителата @Angel_G
    Земај терапија и уживај во животот.
     
    На Мариаа., orxideya и Angel_G им се допаѓа ова.
  6. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Женски само што излегов од кај матичната...го гледаше резултатот и рече дека е ,,сомнителен,, и дека нема шанси тсхото од 9 да падне на под 3 за само 20 дена ...Предлага или да ги повторам резултатите овој пат на патофиза или да ми смали терапија ...Сега со резултатот ќе одам кај интернистката, не знам што да чинам
    , што да праам.Ова нема крај. Советувајте Вие поисусните.
     
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    @Angel_G Извини ме немаше овие денови не ти вратив на погоре што ми пиша.
    Јас баш заради овие параметри државно ми е страв сега да вадам таму, дека до сега само авицена идев и да не бидат многу различни, инаку јас еднаш беа тсх 7.07 и пиев терапија 5 недели еден ден 50 друг 75 и ми паднаа на 0.57
    Последно ми беа на 28ми септември лоши мн тсх скоро 22 и фт4 ниско, и ми рече за 2 месеци да дојдам со нов тсх и фт4 на 28ми ноември му доаѓа и ќе вадам во авицена зошто прв пат да чекам 2 месеци и ќе видам како, инаку сега сум 5 дена 75 2 50 што ќе биде незнам ни сама
     
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    12.972
    Пол:
    Женски
    Зашто сомнителен, па сепак клиника е за биохемија, не е можно да не се точни, не викам дека не може да не згрешат, особено при куцање на бројки но да не им се точни не ми е верно. Цело време идат луѓе таму, вадат крвна слика, хормони, секакви испитувања преку серум, трошат реагенси и постојано нови купуваат, а и компјутеризирано се е, не испитуваат мануелно.

    Можеби и сепак може тсх да падне толку, не ми е чудно, ти глеј го тироксинот колкав ти бил претходно и спореди, многу се замарате со тсх само, тироксинот уствари ти е тироидниот хормон кој вештачки го примаш преку Еутироксот.

    И викаш матичната ги гледала резултатите, не интернист или ендокринолог?
    Со тој што ти ја препишал терапијата треба да се консултираш, не со матичната.

    Може и нема потреба да ти смали, пак ќе идеш за некое време и ќе испиташ, а и битно е ти како се осеќаш сеа, имаш симптоми, немаш, подобро ти е или?
     
    На orxideya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Тироксинот пред само 20 дена беше скоро 9 тсхато, испитан во Поликлиника Јане Сандански по само 3 недели терапија од 75 мг паѓа на 2,9...Прво ги гледаше матичната сабајлево пред да одам кај интернист ката оти не можев да спијам од сите овие скокови и падови. Интернистката всушност пред 3 недели ме прати на клиничка лабараторија оти рече дека само тие резултати и се веродостојни... Денес бев на контрола кај интернистката ги гледаше и рече епа ок се терапијата дала резултат и ми рече продолжи со Еутирокс од 75 мг. Прашав и јас како може таква разлика да има за толку кратко време и она даде објаснување дека или лабараторијата претходна од Јане не е точна (а тогаш пиев 3 пати од 75 и 4 пати нед 50 мг) или терапијата од 75 мг секој ден дала резултат. А месецов бев со симптоми невидени циклусот 9 па и 10 дена траеше на почеток на циклус притисокот 100 со 60 на завршување се качи и ме дрмсше висок 140 со 95 па и до 100 долниот со главолки и трески, ужас... И го кажав и ова и ај ми го измери притисокот 110 со 70, ај откуцаи и екг напраи 60 во мирување, се во ред. Ама мене симптомите ми се активираат во циклус, така и ја открив тироидната пролетва кога ненормално ми се слоши и излегов од работа не можев да доседам до крај. Сега треба да добијам 23 ноем ако е пак пекол ќе барам нов упат за патофиза или пак кај Татјана во Тиреодијагностика. П. С инаку не сум во менопауза дури сум многу далеку од неа, оти правев и анализа на женски хормони по препорака на гинеколог... И гин си рече не си за кај мене океј со. А ја си патам. Ќе ги повторувам после месец дека секако и тоа пак ќе барам за на клиничка лабараторија... Стравот ми е да не падне, многу хормонот па од хипо не дај боже да прејдсм во хипер зашто знам и такви случаи. Интернист ката вели не нема шанси пиј од 75 и се гледаме за 3 месеци... Ете така беше
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Еве ги двата резултсти...
     

    Прикачени фајлови:

  11. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ненси слична приказна од 9 за три недели паднсле на 2,9 мислам нема шанси...Ова интернисткста само од клиничка лабараторија и од патофиза лабараторијата признава резултати....Денес ми рече ич не ги повторувај од Авицена, Синлаб и слично на тие ништо не им верувам...ова клиника вели е ок. Па ај ок и велам а зошто ме држиш уште на 75 мг секој ден на низок тсх,па вели да го одржиме. Јас дур се и плашам секој ден да пијам од 75 што ако навистина падне уштњ толку...не знам немам памет....ќе ги повторувам за месец дена пак и тоа ба Клиника пак баш да видам колку ќе испадне...мене не ми треба толку низок тсх не планирам бременост ,мислев ќе ме симне на 50 или 2 пати 75 ,5 пато 50 ,таа не. Вика добро ти е 75 е ај сега ...Ти правеше пак после тоа едно по друго да спореиш ...јас се муслам Авицена да дам крв еве утрњ или задутре баш да спиредам...мислам приватно само тсх не битно ќе платам...настрана што ова докторкаварече демек не им биле точни...
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    12.972
    Пол:
    Женски
    Не ти бил лош притисокот, малце понизок ама ок е па и пулсот, топ.

    Мислам дека малце и на психа ти се одразила целава ситуација, убаво ти рекоа погоре, зашто коа си била на психолог ти рекле не си за таму?
    Не ќе е лошо да најдеш и некој стручен и малце да поработите, разговор само, да се потсмириш и опуштиш, премногу се стресираш непотребно.

    Па нели е докторка таа, сигурно знае поише и од мене и од тебе, така да послушај ја, продолжи си со терапијата, ќе си идеш на контрола пак за некој месец и ќе видите како ќе биде, дали ќе има потреба да се намали или не.

    Само немој да си играш ти на своја рака и да намалуваш доза па да си напраиш поголема беља.
    Абе чоек, не ти е низок тсх сега, баш супер ти е, оптимален. Види го тироксинот и тој супер е.
    Да покажуваше знаци на хипер ради терапијата ако ти беше висока дозата, т4 ќе се отидеше у вис, така да уживај. Сега за сега ок ти се, ќе следиш понатаму како ќе се одвива.
    Многу се потресуваш непотребно, ете штом толку инсистираш и матичната твоја може да ти даде упат само за тсх у Авицена, нема да платиш приватно туку со партиципација. Баш да видиш шо ќе излезе од таму.

    И точни им се и нивните, шо се глупира и таа па, не е некоја no name лабораторија Авицена, една од подобрите приватни е.
    Верувам дека и двата резултати се точни, само терапијата ти делувала и ти се спуштил, 20 дена па и не се малку.

    А добро т4 колку ти беше претходниот пат?
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.882
    Допаѓања:
    179.015
    Појма немам кај живееш и кај правиш анализи, ама 2 работи:
    - за да бидат реално споредливи резултатите, треба да се во иста лабораторија правени
    И
    - во отприлика исто време.
    Ова скоро разбрав, тсх има некој циклус поврзан со природниот биоритам, највисок е рано насабајле, најнизок е попладне. И таа разлика меѓу тој насабајле и попладне може да биде на пример 5,8 насабајле , 3,8 попладне, кај луѓе со субклинички хипо.
    И стварно, батали го тсх, гледај т4 да е добар.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    Прв пат кога отидов во живот за штитна беше Јане Сандански тсх беше 7.69 и фт4 низок после кај докторката ја прашав дали да одам во друга лабораторија чисто да видам дали е точно, вика можеш и после 1 ден во Авицена тсх бараше само и беше 7.80 значи точни се, ама ете психа дека сум почната со таблети и варирам многу и кога наутро станувам и ја пијам таблетата се си мислам како ќе ми биде денот дека јас имам уште симптоми кој ме мачат, ниту со таблети ниту без нив, не сакам да кажам да сме оптеретени со ова ама стварно удира на психа, и кога си со повишени хормони има мн симптоми и кога се ниски, дека пробав, а уште на секое вадење крв ми се лоши а ова се прави често само на тој начин, секоја болест е тешка на свој начин
     
  16. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    2.516
    Zdravo.Jas sum imam hipotiriodizam i pijam terapija.Ovie denovi imam kako grutka vo dusnikot i kako nesto dame davi celo vreme i kaslam,dami preporacste nekoja dobra doktorka da otidam na pregled,veke me nervira kako dame davi nekoj celo vreme
     
  17. m_ana

    m_ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Здраво, денес првпат испитував тироидни хормони, tsh 1.52, FT4 1.38, Anti-TPO<28.0 дали се добри овие резултати?
     
  18. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Jas imav takvi simptomi i bev na pregled, ne mi e od tiroidata. Me pratija na gastroskopija i endoskopija i si dobiv terapija za GERB i candida vo grlo. Nisto strasno, ali ne gi zanemaruvaj tie simptomi. Tiroida, zeludnik i grlo treba da pregledas. Ako ova ne e, togas ti e psiha definitivno.
     
  19. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    2.516
    Pravev oktomvri gastroskopija i kolonoskopija nemi kaza nisto doktorot,si pijam redovno terapija za dijagmozata sro ja imam.Sto e GERB?Kako otkri kandida vo grlo
     
  20. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    2.516
    Inaku posledno bev na endokrinologija predhodno odev na patofiza,ama nisto posebno neti obrnuvaat vmimanie duri ni na eho neme vidoa.produzi so ista terapija i cao.zatoa sakam da otidam nekade privatno kaj nekoja saglam doktorka