Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Јас бев бремена пред скоро 6 год и ниту гинеколог, ниту матичната не ми укажаа да ја проверам тироидната...Се до пролетва кога имав јаки трески ,главоболки ,ми се матеше во глава не бев во својата кожа и не успеав да доседам на работа тој ден. Тогаш открив дека сум хипо ,во претходниот период ми се случувало да ми се слоши ,да се задишам ,ама се придаваа на,стрес, одмори се за смирување, а кој знае колку време тироидата си била во лоша форма...Кога отидов кај ендокринолог пролетва со тсх над 10 и кога ја виде на ехо ,рече па ова не е од денес или од вчера имало процес ама нели дека без јаки симптоми па сум туркала некако...И утешно што ми рече дека сепак сум дошла на време и дека не толку страшно. По 8 месеци терапија прво си 50 мг бев,сега сум комбинација 50 со 75 дојдов до тсх од 3. Ама дополнително си добив уште еден лек за такихардија ,оти треските всушност биле од тахихардијата 90 ми беше во место. Сега со терапија е 60 ,ама лекот уште не ми го симнаа...Поентата ми е дека,ако сум проверела со време, можеби ќе сум го избегнела срцебиењето...
    Оти првично ко ми ја откри беше приватен интернист зашто кај нас е нормална работа да нема термин не месец туку и два...и ај што си платив 100 евра преглед комплетен додуша од кај него ко излегов не знаев името како ми е оти ми пишс 3 дијагнози:нарушена функција на тироида, тахихардија и блага хепертензија...Затоа е добро што гинеколозите упатуваат веднаш на приверка на тироидните хормони...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Јас пијам терапија за тахикардија бипресо од 2,5 мг го кршам на пола сега , а пролетва кога ми ја открија туроидата пулсот ми беше 90 во место и многу лошо се чувствував и по препорака на кардиолог повеќе од 6 месеци го пиев цела таблета...Сега е 60 пулсот и ми го смали лекот ,ама не ми е сумнат во целост...Минатиот месец имав симптоми и покрај бипресото и се ,ама дозата ми беше зголемена од 50 на 75. Сега е комбинирано 50 со 75 и некско е подобро...Само ќе треба повторно даго проверам хормонот дали е добра терапијата оти после месец дена сркој ден од 75 по договор со докторката се спуштивме на 3 псти нед 75 и 4 пати 50 еутирокс...Во секој случај можеш да се консултираш со доктоката ако сметаш дека е до дозата ,,да ти ја прилагоди,, да не го мачиш организмот. Ако и после прилагодувањето пак се високи откуцаите посети со кардиолог. Многу добар кардиолог е Аница во Капиштец работи ,стара искусна докторка од воена болница работи приватно ,ама пушта термини и за фонд секоја среда. Јас прво бев на кардиологија на коиника кај некој извикан проф.др така ми најде термин матичната случајно и беше ужасно..По пола изгубен ден дајдам на ред ,кога конечно влегов докторот фрли еден поглед на екгто ,на резултстите од тироидата препиша лек и толку. Кога фатив да потпрашувам типпв ми рече ,,чекаат луѓе со бајпаси,, пред врата вие сте лајт случај...па нормално нели барав второ мислење дал да го појам лекот и се намачив ...Сега есенва бев кај Аница прегледот беше темелен ,професионслен, жената си кажува се што треба ти појаснува ,за мерак...Ете тоа е моето патешествие , не мора да значи дека и кај тебе ќе биде исто. Само делам искуство. Со лесно и пиши што си напраила.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bebe3

    Bebe3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Во молам ако можи некој да ми кажи за резултатите, поточно за јазолот,дали е загрижувачки?
     

    Прикачени фајлови:

  4. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Хормоноте ти се во ред, дури и антителата. Докторот ти направил темелен преглед секоја чест. Имаш јазол да од 13мм, мислам дека само ќе треба да го следиш, односно после 6 месеци пак да појдеш на ехо да де види дали не дај боже се зголемува и дали треба дополнителни испитувања. Сега засега мислам дека можеш да бидеш мирна. Со лесно.
     
    На Bebe3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Фала ти што сподели искуство и совет. Ќе тргнам од некаде, не ми е баш фино да се осеќам вака. А скоро сум сигурна дека е поради дозата оти баш наутро се случува кратко по пиењето на апчето.
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bebe3

    Bebe3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу,Господ напомош на сите да ни е
     
  7. La patrona

    La patrona Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво јас почнав пред 3 дена со терапија за тероидна и сега прокрварив,а последен циклус имав на 19 ноември
    Мислење
     
  8. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Не е ништо, се случува и од промени на времето
     
  9. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    2.516
    Adamova koj den e vo ambulanta na endokinologija
     
  10. Bisera J

    Bisera J Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Za ispituvajne na hormoni na tiroidna treba gladna, zedna?
     
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Не
     
  12. Alcon

    Alcon Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Прашање до членките кои се иследуваат кај Др Татјана од Тиреодијагностика: дали на секоја контрола ви прави ехо и наплаќа 3500?
     
  13. Insomniaa_bella

    Insomniaa_bella Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki treba da primam radioaktiven jod pa sakav da ve prasam kako pominavte so toa i dali vednas pocnavte so eutiroks?
     
  14. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Јас бев два пати и ми наплати по 2500. Тоа беше пролетва. Ама не правев лабарсторија кај неа, носев резултсти. Мислам дека испитување на хормони преглед е 3500 или 4000. Плус она не може да то даде упат за испитување хормони на клиника на државно,зашто е приватна. Така што веќе не одев кај неа,зашто на вториот пат ништо посебно не ми рече.,а ми зеде исто толку пари.
     
  15. Alcon

    Alcon Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас имам примано, не осетив ништо, ми беше забрането контакт со бремени и бебиња 2 дена.
    Слично искуство т.е впечаток имам и јас, затоа ме интересира и туѓо мислење. Фала :)
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Insomniaa_bella

    Insomniaa_bella Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Za jodot na mene mi kazaa deka dve nedeli treba da bidam vo izolacija posle, a doktor vi kaza koga ve ispusti toa, i posle kolku vreme od primanie na jodot se pravi pet sken?
     
  17. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец тсх ми беше нула, сега е 65.94, дали е можно ако резултат
     
  18. Irenaaaa56

    Irenaaaa56 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    zdravo imam problem so tiroidnata dali sum hiper ako tsh mi pajga a f4 i f3 mi se nakacuvat?
     
  19. Bisera J

    Bisera J Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Mislejne za rezultatot?
     

    Прикачени фајлови:

  20. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Се среди ли со циклусот сега дур гледам дека си пишала дека ти дошол наеднаш... Само да знаеш дека не од лекот туку тиродните хормони прават проблем кај женските хормони и може хаос да направат... Си можела да појдеш како итна кај твојот гинеколог да те погледне на ехо како ти работат јајниците, а после преглед да побараш и упат да ги испиташ женските хормони, на трет ден од циклус даваш крв и чекаш резултат. Кај мене у старт кога тсхто беше високо и кога немав појма дека е тироидната, симптомите се јавија во циклус, главоболки, трески, некакви чудни морници ми лсзеа по телото, се чувствував ко приклештена. И јас првично отидов кај гинеколог и кога се пожалив на сето ова таа ми рече дека под итно треба да посетам интернист и дека има друго жариште што ми праи циклусот да биде катастрофален. Оти јас пред ова безболен циклус имав без никаков симптом, не чувствувам кога добивам ниту пак нешто ме болело... И сега исто немам болки ама притисоците нагло ми пагаат на почеток дур крварав и не знам кај сум, а после од многу низок кога, е при крај скока и тогаш не знам пак кај сум од главоболки. По два месеци терапија со еутирокс се повлекоа симптомите сега многу подобро.. Бо меѓувреме ги проверив и женските хормони за среќа океј беа не беа у дисбаланс. Ама да знаеш дека ако тиродните хормони не ти се добри, циклусот чудно ќе се понаша... Некои не добиваат по 2 до 3 месеци им касно, некои по 2 во месец кај секој е различно. Мене симптоми ми се активираат, а сега знае со,, средени хормони,, до некаде да ми биде тешко и да сум коксини, ефродоли и разни хемии да преживеам полесно. Плус како ми се наруши тироидната, крварењата траат подолго по 6 па 7 дена не сите денови обични, ама со влечкање да се исчисти со исцедоци по недела дена.. А претходно 3 дена, 4тиот уште малце и толку, ама сега што е тука е. За секој случај провери си ги женските хормони да не збрлавеле, зашто ако е у дисбаланс дополнително ќе имаш маки. Со лесно.