Подобро нека ти го види резултатот ендокринологија... При хипо кај мене тсх беше висок а исто така и фт4. Кај тебе ако се под нормала, постои веројатност да си хипер. Со лесно.
Здраво. Веќе 8 години сум со Еутирокс, океј регулирано секогаш со редовни контроли. Е ехо не секогаш ми правеле, незнам кога беше последен пат ама секогаш било супер се на ехото. Денес сама побарав ехо и прв пат имам нешто. Прво ми рече јазли, а на извештајот пишува една периферна цистична дегенерација (таа е 1.43см, 1.17цм) и цистичка 1.7мм. Исто е јазли и цисти?
Јазол беше и што чвор? Колку што знам за цисти не праќаат биопсија да се прави а за чворови мислам дека ако се сомневаат во величина и изглед праќаат биопсија. А дали некогаш проба да бидеш без еутирокс, дали баш цел живот се пијат?
Па незнам, еве како изгледаат Спојлер: Слики од ехо Една до друга се. Не ја сфатив, како да рече јазли прво незнам, а може рекла чворови. На извештајот пишува цисти. Некако сум испаничена Сум пробала иначе, одма ми рипна тсх на 17 и имав не баш арни симптоми (нервоза, главоболка, тахикардија, ладно во сред лето ми беше). Ама јас сум хипо+хашимото.
И јас сум хипо хашимото од март месец, и сум на 75 сега цела недела еутирокс Инаку и јас бев 3 недели без терапија од 0.61 тсх на 21 ми скокна а најлош симптом мене ми е и со терапија некогаш е слаб пулс тоа ме уби, а уште и милион други, ладно ми е, слабеам, немам апетит, нервоза, анксиозност, панични напади, и плус непомиреност со тоа што морам цел живот да сум на таблети... Мене ми најдоа прво дека имам циста, кога бев втор преглед рече дека немам, сега незнам, викаат со тек на време се појавуваат цисти и чворови, што знам, со оваа луда штитна незнае човек што да прави, и исто е лошо што не се погодува терапија уште, мора крв да се вади често да знаеш на што си. Се мачам исто и со бременост, нема уште ништо. Дали некогаш ти дала ендокринолог да провериш и женски хормони, во биохемиска ми спомна на следна контрола? А за ехото и јас не разбирам баш ни мојот резултат
Zdravo do site,novitet mi e voa sea so teroidnava zlezda.Prasanjeto mi e kako da proveram teroidni...vrednosti,preku maticniot moze da se provat teroidni hormoni ili kako ide cel proces?
Матичната нека ти даде упат за интернист и интернистот ќе ти даде упат да испиташ 4 хормони беа мислам по 50ден се плаќа еден хормон
dali nekoj e hiper i dali moze nekoj mi pomogne da mi kaze dali e tesko se ostane bremena tsh mi pajga a f3 i f4 mi se kacuvat a so terapija se vo normala
Не е ништо тешко, со напредна медицина, со наша позитива и секако ако си верник, се ќе успееме. Моја блиска со никакви хормони, истера супер бременост, не сакаше да прима терапија, што не ја оправдувам, јас никогаш не би се осудила на тоа, и не би дала совет некој доколку е потребна терапија да не користи. Со внимавање на исхрана и терапија се ќе биде добро.
Јас знам една жена тсх и беше 100 и беше бремена, се чуделе докторите И јас се борам за бременост, ама уште нема
Прв пат пишувам во темава, имам едно прашање. Tsh ми е во границите на нормала, но кога испитав претходно ми беше 2.74 а после при наредна контрола 3.52. Имав стресен период, дали е можно од тоа да ми се има малку покачено? Иако во граници на нормала, малку ме загрижи. До 4.94 пишува е нормално.
Може од стрес да се покачил, а и варира доста тсх во текот на денот. Не е страшно штом во граници ти е, уживај.
Браво Треба се повеќе вакви позитивни луѓе и мислења, а не само негативности, се е можно само од нас самите зависи колку ќе се потрудиме
Мене докторка ми кажа дека тироидна се пореметува и од луѓе кои не се физички активни и имаат спори црева, покрај стресот
Треба да го следиш повремено. Со редовна контрола не е опасно. Може понатаму ќе ти препорачаат биопсија ама јас би ти рекла и да ти речат дека не е потребно, да си направиш за да си на чисто. Хормоните ти се добри?
Како се зема биопсија? Ич не сум упатена... Па малце ми беа над граница ама сеуште не сум на терапија ми рекоа пак да проверам за некој месец