Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    5.170
    Пол:
    Женски
    Се боцка јазолот со тенка игла и се зема материјал од него. Безболно е, само малку непријатно.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Друштво еве ме пак... Ја повторив анализата пак во клиничка лабараторија и тсхото е океј 2,7 дури пониско од минатиот месец кога беше 2,9. И другиот хормон е океј не сум проверувала антитела зашто тие се стандард кога е хипо хашимото. Терапија овојпат примам 75 мг еутирокс 3 пати неделно и 4 пати 50 мг. И ги пратив резултатите на интернистката само да каже треба ли корекција таа рече не продолжи со истата терапија и се гледаме на пролет таму... Се е океј ама некако до пролет со иста терапија и без проверка не знам дал е тоа океј? Вообичаено од април навака приверка на хормони правев на месец и пол до два максимум, што приватни лабаратории што државни... Океј е оваа вака таму до пролет да се проверува или како? Да, сега е ок, супер, ама сепак тој знае да варира, кај мене беше така, горе, доле и еве сега на последниве 2 пати добивам ок резултат да кажам... Поискусните дајте препорака. Благодарам на сите што ме подржувате цело време. П. С и циклусот се под стабилизира не е долг и мачен и нема јаки симптоми и тука е океј
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.307
    Пол:
    Женски
    Jaс со канцер на тироидна не проверувам толку често така што не се секирај. За нас пример е препорачана контрола на 3 месеци. Чим ти се добри резултатите веројатно дозата ти е погодена и се надевам ќе ти биде океј сега :)
     
    На Angel_G и boo3 им се допаѓа ова.
  4. Ani4kaSv

    Ani4kaSv Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, дали може да ми препорачате добар доктор на приватно за тироидна? Веке 5 години одам на патофизиологија и воопшто не сум задоволна од целата организација таму.
     
  5. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Добар ден...
    Многу сум исплашена, ми дијагностицираа спора тироидна жлезда, дали е точно дека ќе останам без коса? Дека џабе е да слабеам кога нема да ослабам, дека недај боже може никогаш да немам деца???? И под терапија др ми кажа дека косата може да паѓа... Вака не приметувам дека многу ми паѓа ама многу ме исплаши??
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    178.934
    Цела тема е од жени со спора тироидна (добро 5 посто се со брза), некои и без тироидна, и коси и деца имаат, затоа служи терапијата.
     
    На Anyshka и flower30 им се допаѓа ова.
  7. CoffeeToBe

    CoffeeToBe Нов член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Дијагностицирани ми се јазли или туморчиња на тироидната жлезда. По преглед на ендокринолог потребна ми е операција за да се изввадат поради тоа што се многу големи - повеке од 5 цм. скоро како големина на лимон станале. Имам закажано на торакален хирург на клиника кај Ристо Чолчанески. Може ли мислење за него, искуство некој што бил кај него? Или ако знаете некој подобар и поискусен хирург?
     
  8. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.438
    Некој лп што знае да чита резултати? не би сакала толку јавно да постирам резултати, се извинувам однапред
     
  9. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Што точно испитуваат на нуклеарна медицина, ме пратија за тироидна?? Но веќе имам резултати, зашто пак ваму да идам? :^)
     
  10. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    449
    Пол:
    Женски
    Имаат други параметри, а имаат и некои испитувања плус, ако има потреба
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Правев пак за тироидна хормоните ми се ок, меѓутоа антитела имам 600 а предходно. т. е пред еден месец 499 а хормоните покачени многу, ми се во нормала за разлика од стариот резултат голема разлика на подобро ми се (без терапија) меѓутоа со антителава што се прави? Додека да идам на лекар :^)
     
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.613
    Допаѓања:
    138.221
    Пак мораш да се консултираш со ендокринолог, ама за покачени антитела мене докторката ми кажа да пијам Селен , по 1 таблета на ден .
    Според она што јас го знам , од искуство, покачени антитела укажуваат на Хипотироидизам. А според мојава докторка (колку е скроз точно не знам), кога еднаш ќе се покачат антителата, остануваат секогаш покачени.

    Е сега, пак од искуство, ќе се прави ехо и ќе се следи состојбата. Доколку и тсх се качува , ќе се даде соодветната терапија.
     
    На Anyshka и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  13. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Не можам да пијам селен таблети витамини повраќам од нив.. А тсх од 5 ми беше 2 овој пат после еден месец проверка, што мислам дека е ок без терапија, сепак фала на одговорот
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    34.461
    Пол:
    Женски
    Можно е да е од стрес, најдобро на ендокринолог да одиш.
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.775
    Допаѓања:
    34.461
    Пол:
    Женски
    Бранкица Крстевска во Срце.
     
  16. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Замена за селен?? Не можам витамини да пијам, а индиски бразилски ореви не ми помагаат, решение?
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    И јас не можев селен, многу ми беше лошо од нив, и користам по 2 бразилски на ден. По колку користеш на ден бразилски?
    Исфрли глутен, многу овошје и зеленчук, цедени сокови...
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.591
    Допаѓања:
    79.171
    Пол:
    Женски
    Зошто ви е проблем да пиете селен? Каков, од кој производител земате?
     
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.386
    Допаѓања:
    25.015
    Пол:
    Женски
    Зошто не селен?
    Пробај од некој друг производител може ќе ти одговара.

    Бразилски како знаеш дека не ти помагаат?
    По две три,редовно 3 месеци па пауза.
    Ама мора редовно да ги пиеш секој ден.
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.493
    Допаѓања:
    10.557
    Пол:
    Женски
    Јас ги менував, џабе, мачнини по 2 часа црева да истурам. Последно кога пиев и атб, во комбинација со нив, мислам дека ќе издишнев и дијареа, мачнини, страшно. Ги баталив.