Abeja резултатите за тироидата ти се под конец Имаш некои симптоми воопшто? Овие "женските" хормони пожелно е да ги испиташ или на 3 ден или на 21 ден. Обично тогаш се испитуваат и за тие денови има референтни вредности, за да знае гинекологот што поточно се случува. Јас ти препорачувам и естрогенот да го испиташ, зошто знае многу зулуми да прави и да и одмага на штитната жлезда. Поззз
Пред околу 2 години бев на патофиза и ми дијагностицираа струма и на граница бев со хипертиреоидоза, што ми беше малку нелогично, поради тоа што тироидната ми беше здебелена, нели тоа се случува кога работи повеќе за да произведе доволно тироксин, а и симптомите ми се мешаа. Немам некои изразени симптоми, освен тоа што ме стега во грлото, како да голтам камен, особено кога ќе имам стресни ситуации и многу се нервирам, кога брзам некаде и се изморам тахикардија имам некое кратко време но се смирува и исто ме стега грлото, понекогаш метаболизмот ми е забавен а некогаш нормален, во последно време имам чести главоболки, мислев дека е од времето, но можно е и да имам некој мал полип па да е од него, треба да одам на контролен преглед за да видиме, имам перут на главата, ноктите ми се слаби, тоа е од симптоми. Вака општо гледано, симптомите ми се измешани и за хипо и за хипер. Но и на патофиза кога бев ме оставија без терапија, ми рекоа само да не се замарам многу и да не мислам на тоа цело време, да се опуштам, и гинекологот ми рече да уживам и да се опуштам. Па ќе ги послушам и нема да се плашам за се и сешто, да мислам каков исход ќе имаат сите тие испитувања. Ми рекоа забавувајте се и сексајте се редовно па тоа и планирам да го правам наредниов период особено.
Јас би те замолила ЛакеГирл да ми кажеш поточно од која фирма ги земаш тие додатоци и Д3 како таблетки или капки и по колку.Ти благодарам на објаснувањето јас сум поборник на здрава исхрана внесував селен преку бразилски оревчиња можеби тоа не е доволно.Да баш такви симптоми имам и понекогаш неможам да се препознаам од една силна и здрава личност се сменив 100% Уште еднаш многу ти благодарам!
Sencence витаминот Д3 е на Carlson, една капсула е 400 ие, а селенот е на Natural Wealth, една таблета е 50 микрограми. Јас земам по 1 од нив на ден и имам ефекти, а за онаа девојката со панични напади и Хашимото што ја спомнав со блогот, земала многу повеќе, дури 4 пати повеќе од тоа, ама претходно направила испитување дали има недостаток на вит Д, па знаела колкава доза да примени. Јас не испитав дали имам недостаток, прават кај нас во МК, ама скапо ми е. Битно е да му дадеш шанса на вит Д со тоа што секој ден ќе поминуваш некое време на сонце, за да може да го искористиш подобро. Плус земам и др таблети АБЦ на Natural Wealth кои содржат бакар и цинк, битен ми е бакарот за подобра кожа. Бидејќи имав покачен естроген земав 2 месеци и Vitex Agnus Castus, таблети на растителна база кои се користат за регулирање на циклус, неплодност, главоболки од ПМС, и тоа ми помогна. Овие таблети ги регулираат хормоните, а не се на хормонска база. За оревчињата имам читано овде, ама никогаш не сум користела. А од друга страна знам дека оревите може да се гоитрогени, па не сакав да долевам масло на огнот. Е сега, можеби моето подобрување беше и поради тоа што се откажав од глутен и внимавав што јадам, да не внесувам гоитрогена храна што ќе и одмага на штитната жлезда, никако соја и без храна што содржи јод. Во случај на Хашимото храната која е богата со јод делува инфламаторно. Од сите страни го нападнав Хашимото за да не ме закача повеќе.
Може да ми препорачате некоја приватна ординација (која работи со или без сини картончиња) за ехо на тироидна? И препорачајте ми некој ендокринолог за да ми ги види уште еднаш резултатите, исто приватно, со или без сини картончиња. ПС. Многу ми би значело ако ми одговорите побрзо.
Освен на патофиза, приватно ( но со сини картони и упат ) можеш да одиш во Ендомед во Кисела вода, јас таму идам за ехо и контрола, а лабораторија докторката те праќа во Идадија. Имаше уште некои амбуланти приватно, ама сега не ми текнуваат...
Руби, може да одиш и во Атик кор кај грчка амбасада. Се закажува на тел., ти закажуваат за ден два покасно, приватно е, си имаат своја лабараторија, сега малце скапичко е.
Дали некој од вас има слушнато или ги има користено желатинските капсули Тироси (Thyrosea)? Ги видов во списанието на зегин. На рекламата го има сл. опис: 30 меки желатински капсули 150 мг чист јод се пие една капсула дневно се користат при: - јоден дефицит - јоден спулемент кај бремени жени - додаток при хроничен третман на хипотироидизам со јоден дефицит
Здраво девојки, не знам дали сте слушнале за кокосово масло за орална употреба? Колешка ми кажа дека е добро за тироидната жлезда и ај си реков да го купам. Некаде околу 400 денари е во Зегин и прво нешто што пишува во упатството е дека помага за регулирање на работата на тироидната жлезда, понатаму за регулирање на телесна тежина, нивото на холестерол и уште нешто што сега не и текнува Како и да е , кога си имаш мака се ќе пробаш и искрено се надевам дека ќе даде добри резултати. Инаку кокосовото масло, очекував да биде баш ,,масло,, ама всушност е тврдо како свинска маст, а ако го оставиш на топло се растопува и станува ликвидно, нормално. Вчера почнав да го пијам/јадам на празен стомак, па после направените контроли за две недели ќе ви пишам.
Kaj Хашимото не се препорачува додавање на јод, затоа што делува инфлaматорно. Ова го имам прочитано многу пати на интернет, а и осетено на своја кожа, кога купив таблети со КЕЛП, природен јод од морски алги. Не само што не ми помогна, туку ми ги засили симптомите и полошо се чувствував. Добро штом можеш да го пиеш. Јас земав кокосово млеко, ама испадна ептен масно ( и тврдо, хаха) и си викам налет што ќе ми помогне да стопам некој килограм, кога гледам дека е претерано калорично. Пиши каков ќе биде ефектот.
Не знам дали само јас имам приметено, ама сестрава што работи во Ендомед е многу некултурна, се дигнала во облаци, мисли министер за здравство дека е. Многу е непристојна и го крева тонот без потреба, со пациенти се понаша како со објекти и како едвај чека да заврши со нивно заведување и сака да и се тргнат од пред маса, не смее никој ништо да прочита, да праша,дома ќе читаш А докторката до сега ми изгледа фина, стручна, иако е малку повеќе сериозна,до сега немам замерки. Тироидните хормони ми беа во ред, сега треба да проверам поширок хормонален статус.
Abeja, и јас го имам приметено истото во Ендомед. Пртетходната сестра беше супер, ептен љубезна и фина, културна, оваа како на нива да се наоѓа Кажи ми, за колку време ти закажаа преглед?
Јас не ја знам претходната, а оваа не знам од кога е, ама мислам дека ако сака да има задоволни пациенти, докторкава под итно треба да ја смени сестрата, зашто нејзината услужливост е многу битна при избор на доктор од страна на пациент. Мене ме иритираат такви луѓе, и неколку пати се воздржував да не и вратам како што треба, но сега ми текна, па има кутија за пофалби, критики и такви работи во самиот ходник, само треба да начекаш кога не е тука сестрата и да пикнеш едно писменце За закажувањето се разбравме преку лп.
Ова што јас го земав не е кокосово млеко туку масло за конзумирање (така го викаат во аптека). Кога го купив беше тврдо како свинска маст, се кршеше кога ќе сакаш да земеш со лажичката, но ако постои на собна температура се отпшта и станува течно. Е сега малце е гадничко ама ќе продолжам да го конзумирам наутро по една лажичка. За две недели сум на контрола, па ќе ви кажам за резултатите. само да напоменам дека си ја пијам и терапијата еутирокс 50
Девојки знам дека Д-р Бранкица Крстевска во амбуланта е во вторник, но мене ми треба информацијата кој ден е во амбуланта за трудници, па оние кои се запознаени ве молам да ми одговорат. И дали би примила пациентка (која не е трудна) во овој термин. Во вторник никако не е возможно па затоа.
Сум слушнала дека влијае добро на хипо, ја потткнува функцијата и растење на коса, можеш да земеш кокосово млеко и да праиш секакви рецепти со него, да го ставаш во торти и сл. а и кокосот да го наросуваш врз слатки колачи итн. Најкорисно во овој период дека се наоѓа лесно е да зимаш кокос свеж го има во сите големи супермаркети и да го пиеш млеккото од внатре... Нивоата на пролактин многу често варираат и невероватно лесно се зголемуваат. Ке звучи смешно но после мал стрес, мала нервоза и после оргазам скока нивото на пролактин, не е чудно што пролактинот е во најнормални граници во текот на бременоста кога жената не треба да има односи од x причини иако тогаш хормоните работат во обратна насока (да ја потткинуваат на сексуална активност) Кога испитувате пролактин тоа треба да е во некоја „мирен’ период кога не сте нервозни кога не сте имале полови односи и слично за да се добијат точи резулати. Се знае дека ако пролактинот е у тие големи износи од 300/500 тогаш е нешто посериозно во прашање но да отидете у лабораторија и да ви кажат дека ви е 80 и да испаничите не е во ред зошто можеби сте го поттикнале со некој друг фактор, а вие можете да помислите дека сте болни.
Значи јас се вбројувам во оние кои имаат проблем со тироидеата. Првите симптоми ми беа нагло слабеење, опаѓање на косата, замор, кршливи нокти, сува кожа по лицето а најмногу јазол кој што се повеке ми смета со големина од 2,5см. бев на клиника за патофизика каде пункцијата ми беше в ред и испадна дека имам хашимото тиреоидитис и преодна фаза на хипер. Сега ме интересира дали со таблети ке с енормализира и нема да премине во хипо или без разлика на примање на терапија тоа ке се случува не верѕвам дека би можела д аподнесам и др ефекти контра овие моментално..
Здраво на сите,постар член сум на форумов но досега не сум пишувала само ги читав постовите,но дојде ред и јас да пишам. Значи вака да прашам нешто ако може да ми одговорите,минатиот месец во Октомври ми открија дека имам намалена функција на тироидната жлезда или хипотироидизам и ми дадоа да пијам еутирокс 25 и сеуште ги пијам и ми закажаа прва контрола за во почетокот на Декември. Е сега прашањето ми е ова, дали со еутироксот ке ми се врати во нормала или ке треба цел живот да си ги пијам? позз до сите.
ивана к, колку што знам јас еуториоксот не се прекинува и се пие цел живот, чим си почнал да го пиеш. Но, ние тука не сме доктори па може нашите одговори и да не бидат точни, нели. Затоа прашај со го докторот на следниот преглед.
Ивана-к Еутироксот се пие цел живот наутро, јас до сега не сум слушнала некоја да се излекувала или пак да го прекинала пиењето на еутироксот. Со внесувањето на еутирокс се нормализира работата на тироидната жлезда и немаш никакви проблеми.