За регулирање на хормоните ако не се многу високи од 100 до 200 единици, зависи доктор како ќе препорача. Ако се многу високи треба терапија. Докторката мене ми кажа по 100, 6 месеци па пауза. Не треба да се претерува.
Во еден збор- ова мене ми личи на постковид ршум. После муабет со врвен имунолог денес, само тоа можам да кажам. Варирање на тсх од 32 до 7 во рок од една недела. Нема терапија за антитела, колку што ми е мене познато.
Почната ми е постапката со ин витро. Дали е нормално да имам многу покачени антитела? Вашето мислење ќе ми значи.
Ако прашуваш дали сега ти се покачиле од постапката, веројатно и претходно биле покачени. Што ти кажаа за покачени антитела, колку што знам антитела во бременост не се пречка, освен хормоните, посебно ТСХ. Кај тебе колку многу покачени? Можеби ќе ти дадат Д вит и селен, и да смениш исхрана, тоа се препорачува за антитела. Доктор што ти рече?
Па ни ендокринолози немаат одговор, затоа пола година се мафтам и споделувам стручно мислење од денес. Ќе видиме за некое време што друго ќе кажат резултатите. Ако разбрав добро, прво те лечеле од хипер, сега демек од хипо ќе те лечат? А фт4 е стално во нормала?
Има една година како по малу варираат хормоните, не ми даваше лекарства, па добив температура која траеше месец и пол,и болки во вратот, дијагноза субакутен тиреодит,тогаш ми даде тирозол бев и со воспалена и зголемена жлезда,сега е жлездата во нормала ама тсх многу се качи, па еден месец не пиев тирозол, на последнава контрола фт 4 беше добар, а тсх од 65 се спуштил на 16, и ми даде Еутирокс 25 мг и контрола за три месеци
Си имала воспалителна фаза, сега се стабилизира. Ќе бидеш добра. И по еден месец да напраиш контрола ќе бидеш добра.
Јас вакви пиев по препорака од ендокринолог, ми варираше тсх 0.24, 2.58, 2.24, 2.93, не ми даде некоја терапија, само олигогал селен, Елова, да јадам бразилски орев, лосос. По 3 месеци бев на контрола со тироиден статус, се ми беше ок, и немам антитела, олигогал 3 месеци пиев и ми кажа да ги прекинам. Контрола по потреба, и ако пред ивф процес тсх ми е над 2-2.5 да одам да ми препише терапија. Ако ми било неуспешно ивф да испитам огтт со гликемија и инсулименија.
За сите што мислите дека антитела не се симнуваат, јас сум жив пример дека не е точно. Денес пак испитував немам покачени антитела, се ми е во граници на нормала. Бев само на витамини и храна без глутен, повеќе овошје и зеленчук, цедени сокови. Млечни производи на минимум, а тоа минимум кај мене е пола литро јогурт во месец. Сакав да и пратам резултатите на докторката која ме убедуваше дека не се симнуваат ама ајде, битно ќе си терам како и до сега.
Најчесто тироидната не работи како резултат на токсини во организмот, цедени сокови, смути се многу добри и другарка ги имаше намалено антителата од 800 на 38 со еден рецепт кој содржи ѓумбир, мада некои викаат дека не бил добар за тироидната, неа многу и помогна ако сака некој ќе го споделам
Што знаат па докториве ги заболе за нас, дури еднаш една ми рече, ај иди испитај тоа не туку прашувај само, не си ми сестра, наместо да ти кажат позитивно не можело хаха напредна медицина а се не може, демотиватори.чест на исклучоци
Сами ако не читаме и се трудиме, не велам дека не знаат ама многу од нив не се замараат. И тоа на приватно а на државно кај некои е страшно. Веќе секаде е хаос уствари.
Ke ve zamolam ako nekoj znae dobar hirurg po privatnive kliniki vo Skopje neka bise bidejki moram sto pobrzo da ja izvadam tiroidnata zlezda
Баш. Ејј испитувам сеа брзо, и тсх под 3 беше, после идам за ден два да доиспитам и други хормони за кои немаа реагенси и пак ми стаила тсх и овојпат 5, ок покачен е малце, а знаеме дека знае вака да варира. Притоа тироксинот, т3 и антитела секогаш се во нормални граници и на ехо структурата е нормална и ми вика хипотиреоза, а не ме става на терапија.. Се мисли дали сум или не сум, што сакаме понатаму, стварно бе врска немаат..
Матичната ми даде суплементи за имунитет Имуникс, во нив има и селен, јас имам само покачен тсх, антителата се во нормала, дали е лошо ако примам селен, јас во болести на тироидна ништо не се разбирам
Не е проблем, за покачен ТСХ секако се користи селен, зависи колку ти е висок, за многу висок даваат терапија. Селен што е во комбинација со други витамини е минимално. Не се грижи не е страшно.
https://twitter.com/FWRhys/status/1753039894862078237 Девојки поздрав, за сите со проблеми со тироидна, метаболизам, гојазност иако конзумирате мал број на калории, констипација и ниска телесна температура ве молам да погледнете Реј Пит - Ray Peat насоки за диета. Проблеми со тироидната се појавуваат бидејќи желудникот е под постојана инфламација па наместо Т3/Т4 хормони тироидната лачи сератонин - ензим за стрес. Проблемот се лечи преку суплементирање на Т3/Т4 хормони и се избегнуваат да се јадат работи кои го предизвикуваат инфламација на желудникот а не со намалување на исхрана на под 1500 и помалце калории кои само го успоруваат дополнително метаболизмот и предизвикуваат стрес. Главна цел е да се ослободи желудникот од стрес и високи нивоа на сератонин. Кога се внесуваат ПУФА/PUFA масти(сончогледово масло, чипсови итн) и житарици/леб/ориз кои желудникот не може да ги свари и предизвикуваат инфламација и Тироидната наместо Т3/Т4 наместо лачи СЕРАТОНИН со цел телото да се бори против СТРЕСОТ предизвикан од инфмалацијата. Затоа не е доволна само сиплементација битно е да нема инфламација над желудникот и со тоа Тироидната да се врати да произведува Т3/Т4. Обавезно да замените сончогледово масло, кечапи, ориз, леќи, житарици, банани, пасти и ред други работи со сезонско овошје (прост шеќер), џигер, компири со (мед, млеко, путер), мед (прост шеќер), сладоледи без конзервативи (без ПУФА само целосни масти), кокосово уље, природно млеко или со низок процент на масти. Исто пробајте после ручек пар саати салата од моркови со малку маслиново или кокосово уље - најубаво исечени како листови. Морковите помагаат со чистење на желудникот и исфрлање на натрупаното во него. Во најпрост термин се што е лесно сварливо и вади најмногу енергија е ок. Материјалите се на англиски ама може да ги преведете со гоогле транслејт. https://archive.org/details/NutritionForWomen/page/n9/mode/2up Исто има консултанти онине како девојчето погоре или Андреа доле, кои помагаат на многу да им се врати системот во нормала. Ray Peat на youtube. https://twitter.com/BioavailableNd
Zdravo zenski, dali nekoj znae dali nekade eutirox gi davaat na privatno? Ke nemam za vikend a maticniot bil prva smena pa nemoze da mi gi pusti a imam uste edno apce a kasno mi tekna