Како бе ок? Ехо правеше?? Кој доктор те гледаше ендоктинолог, специјалист на нуклеарна или интернист? Ова не е баш ок, не е алармантно ама барај второ мислење.
Антителата ти се покачени, најверојатно ќе ти дадат витамини Д и селен. За исхрана исфрли глутен и млечни производи. Повеќе овошје и зеленчук. Не се многу покачени затоа на време си промени исхраната.
Vi blagodaram najmnogu. I jas sakam preku ishrana da probam da sredam, ke go zemam vo predvid i Vashiot sovet.
Препорака за ехо на тироидна од каде сте задоволни? Идев со години кај Богоев,сакам да го сменам да отидам кај друг ендокринолог.
Колку ти беше пулсот? Мене ми паѓа до 47 во спиење, во мирување денски е нормален од 60 до 70 ама знае и во мирување да падне од 55 до 57. Одам на интернист ама вели се ок он кога ќе измери. Не сум сретнала низок пулс да е поврзан со тероидна затоа не сум побарала испитување.
Како се испитува тироидна? Матичната ми кажа дека можно е да иам проблем со неа, и сега за два дена иам термин за испитување, па да си знам дали да ги оставам децата дома или може да ги зеам со мене ако не е долга процедурата.
Боцкање за земање крв,проверка на хормони и антитела. Ехо,не би требало да трае подолго од 10тина минути. Со консултација заедно максимум 20 минути да се задржиш.
Мене на 43 паѓаше, а кога сум на доктор или екг нормално чука и од возбуда и страв ќе чукаше по нивно нормално, а да кога штитната ќе се разболи нормално кажано од хипо метаболизмот ослабува како на мене што се деси Имам на срце нешто ИАС мала септална аневризма незнам што е тоа, ми го открија на ехо
А сега откако примаш терапија се нормализираше ли? Мене паралелно ми беше малку повисок притисокот и ми смени терапија за притисок , тој ми е од бременост останат ми го прекина бипресо иако пиев многу минимална доза и сега само во спиење до 56-7 ми паѓа фазла не.Што е пак под 60. И јас ќе побарам да се испита тероидната за секој случај.
Резултати од крај на Мај 2024. Дали да одам на ехо и дали треба дополнителни испитувања на тироидни хормони? Матичната ми рече дека само овие требало да се проверат. А јас осеќам како притисок во грлото некогаш. Ми е страв.... Крв имам испитано, пред месец ден на ниска граница ми беше хемоглобинот а железото исто. Не ми даде ништо матичната. Сега сакам да си праам мед, таан и сусам, гледам убо било за крвна слика особено за железо и се друго.
Дали може да ми е покачено тсх ако го имам она непријатно чувство, јадам и во моментот сум најадена, за 10 мин мислам мртва гладна сум? Чувствувате вакво нешто?
Феминки ве молам за мислење за терапија со Еутирокс, дали доколку се почне пред бременост може да се прекине по породување и кој е начинот за истото?? Претпоставувам не се прима доживотно. Исто така кои се негативните страни од конзумирање на овој лек и да ми дадете мислење дали има навистина резултати и помага при одржување на посакувано тсх пред обид за бременост.
Претпоставувам за ТСХ само ти дадоа пред бременост да го пиеш? Колку ти е ТСХ? Како ти се другите хормони? Прекинување само со консултација на доктор, на своја рака не.
Сега испитував само тсх и фт4 и тсх ми е 4,74 а фт4 1.20. Иначе да ова ми е за пред бременост но ме интересира како се конзумира, се надевам не е доживотна терапија и ме интересира кои се негативните страни и дали може функцијата никогаш да не биде како пред почнување со терапијата??
Колку долго ќе пиеш е зависно од причината поради која ти препишале Еутирокс. Ако немаш траен проблем со функцијата на тироидната како хипотироидизам, тогаш нема да е доживотна терапија. Како и да е, терапијата нема никакво негативно влијание. Ама има ако престанеш без консултација со лекар! Затоа престанување на своја рака никако.
Дали знаете што значи фт4 да е под долна граница? TSH ми е 1.5...матичниот гинеколог ми рече да си барам упат за на специјалист ама дури стигнам до него ме интересира дали е нешто загрижувачки
Здраво на сите, Неколку месеци пробуваме за бебе и решив да направам испитувања на тироидната жлезда за да го исклучам тоа како потенцијален проблем. Направив ехо и се беше во ред, но за секој случај докторот ми рече да испитам и хормони. Во прилог ги испраќам и резултатите. Прв пат правам испитување на хормони, и имам неколку прашања: 1. Прочитав дека нормален TSH за бременост треба да биде окулу 2.5. Во мојот случај е приближно и е 2.58, претпоставувам дека е во ред. 2. Не ги разбирам референтните вредности на резултатот за Free T4, односно мене ми е 1.23 со тоа што ако се водам по Normal вредностите (0.80 - 1.90) би требало да се во ред. Но, ме бунат hyperthyr вредностите (1.20 - 6.00), што би значело дека мојот резултат и овде може да припаѓа. 3. Во однос на Anti-TPO кои се <10.0 исто така прочитав дека треба да се ниски. Дали е тоа така, или претставува проблем? 4. Исто така, дали е потребно да направам испитување на Free T3, или тој хормон се испитува доколку нешто не е во ред? Претпоставувам како за прв пат доволно е ова што го имам досега испитано, или има потреба од дополнителни испитувања?