По протокол е 30 дена, секако влијание има и дозата. Меѓутоа некои луѓе после првата недела полека полека почнуваат контакт со други. Тетка ми после 3 недели мораше да оди на пат и на граница свирела поради радиоактивниот јод
Здраво. Пред еден месец проверив тироидна жлезда ехо и хормони. Хормоните се ок, но на ехо докторот виде чворче и по големина намалена тироидната жлезда. Ми рече тогаш дека поради тоа неможам да ослабам, поради тоа сум нон стоп уморна, нервоза, ми опаѓа косата. Ми даде повторно да ги испитам хормоните во друга лабораторија,поради второ мислење. И, таму хормоните ок. А, ми имаше на претходен извештај напишано: Dgn:Hypothyreosis. Денес ми рече дека немам проблем со тироидната и ми даде таблети да купам на природна база за нервниот систем. Јас навистина незнам што да правам?
Здраво феминки, и ја се приклучувам во групата хашимото. Одамна ми беше дијагностицирано преку антитела, но досега хормоните беа во нормала па не му се замарав воопшто. Сега за прв пат тсх почна да надминува 5 а антителата беа >1300 и бидејќи сакам да затруднам докторот ми препиша еутирох за почеток од 0.25 мг. Во моментов некако тешко ми паѓа психички да прифатам дека откако ке започнам со терапија ќе треба да ја терам цел живот. Еве веќе 10 тина дена поминаа од рецептата ја сеуште не сум почнала да пијам синтетички хормон делумно можеби и затоа што сеуште не ми е толку „очајна“ состојбата. Наутро кога се будам се чуствувам одлично. Веќе од 14.00 часот па натака почнува да ме фаќа умор и после работа чуствувам екстремен умор некое време и косата ми паѓа повеќе од порано. Други симптоми немам освен кога ќе се изнервирам ми пулсира многу вратот. Исто така забележувам дека кога вежбам нешто после чуствувам екстремен умор. Прашањето ми е како да се подготвам психички за да почнам со терапија? Се си мислам дека мора да има друг начин да ми се подобри состојбата. Почнав сега со селен. Но никогаш не сум пробала безглутенска исхрана. Тоа ми се гледа многу комплицирано за мојот брз начин на живот, а и бездруго докоторот не верува дека тоа нешто би можело да помогне. Нешто во форумов прочитав и Ашваганда помагало. Дали има некој повеќе искуство со тоа да сподели?
Исто така имам приметено дека во последно време социјалните дружби ги имам сведено на минимум што досега не било својствено за мене...
I da okolu temperaturata na teloto, od sabajle mi e toplo duri i prijatno bez razlika na vremeto, dodeka popladne mi e premnogu ladno. Dali nekoj drug gi osekal ovie simptomi koi gi nabrojuvam? Dali toa shto ve citav deka TSH od sabajle poveke raboti i stimulira pa zatoa generalno se osekam podobro, dodeka e drasticna razlikata popladne... Moze li nekoj da spodeli podetalno simptomi koi gi osekal od bolesta, i simptomi od eutirox terapijata?
Мене стварно не ми е јасно зошто толку трагично ја сфаќате терапијата ете и ти и многу други членки. Да цел живот се пие ама не е нешто бог знае што, хормон кој телото не ти го произведува природно и го пиеш за да функционираш како што треба. Така и си го сфатиш тоа, дека се ќе биде подобро откако ќе почнеш со терапија и дека сите тегоби скоро ќе исчезнат. Друг начин нема, освен да пробаш некое време безглутенска исхрана и селен па да видиш дали ќе ти биде добро. Јас пијам терапија веќе 7 год, ама баба ми пие 50 и повеќе, ете 80 ќе наполни скоро и никаков проблем немала со тероидна или со здравјето ради терапијата. Не сфаќате толку трагично, не пиете кој знае какви лекови.
А дали некоја од вас осетила некое подобрување од некој тип на исхрана? На пример лук, мед или куркума (читам дека помага при автоимуни болести). Знаеме докторите што ни кажуваат, но ако може и една група за подршка да си направиме, да споделиме на кој што му помага за да си ги олесни симптомите (надвор од официјалната терапија).
Ништо нема да ти ги олесни симптомите ако не примаш терапија, мислам кај тебе може ќе ги олесни додека ти е волку ниско Тсх ама кај некој со 15 пример како што бев јас ништо не олеснува. Јас до 7тсх не примав терапија, не јадев глутен и бев посветена на поздрав начин на живот, ама што ако кога пак стигнав до 15, се издував целата, имав страшни тахикардии, анксиозност, запек, несоница, умор…и видов не видов си зедов терапија. Автоимуните болести може можат донекаде да се контролираат со исхрана и смалување на стрес, здрав начин на живот итн, всушност за повеќето и нема лек, само лекување на симптоми, ама кај тироидната и хашимото не верувам дека овој начин помага оти сепак на телото му треба функционална тироидна за да работи правилно. Ништо нема да шкоди ако се храниш здраво и ако пробаш да не конзумираш она кое ти прави флерап, кај некој е глутен, кај друг млечно(зависи на што си нетолерантна) Ако веќе планираш бременост терапијата е пожелна(мене во бременоста без зголемување на доза хормоните ми беа идеални и антителата ми се намалија скроз, веројатно организмот прави се што е потребно да имаш здрава бременост не знам. Ама без терапија не верувам дека ќе зачнев од прва.
го прочитав речиси целиот чат на форумов и луѓето премногу се фокусирани да скратат од некоја храна: пример глутен, благо, лактоза. Речиси никој не спомна за некоја храна која му прија. Ете на интернет читам дека мед, лук, куркума помагаат при автоимуни заболувања. Прашањето ми е дали некој пробал нешто од нив. ја бездруго сум приметила дека лукот и медот навистина ми пријаат. Ако ништо друго барем против запек....
Тоа скратувањето е за да се елиминираат тригери на автоимуна реакција.Во принцип било каков детокс. После зависи од дијагнозата, хипер или хипо, автоимуно или не, па што би било корисно. Универзален рецепт нема, принцип на обиди и (не)успеси. Куркума на пример има ефект на разредување крв, па баш не оди со некои лекови кои на пример ги користиш за други состојби, лукот исто така. За мед контраиндикации не знам.
Некој поискусен да ми ги протолкува резултатите? Знам дека се во границите, но некако FT4 ми е на долна граница?
И ја чекам јахајај прв пат испитував Ама нешо слабо активни. Ја глеам иам хипертироидизам по интернетов
На 3 ден од менструација секогаш сум испитувала, така и ми кажувале др. Мислам дека не дава релевантни резултати за сите хормони, сепак консултирај се со доктор.
упм значи. 5 епрувети ми земаа, чекам и за хелико и за интолеранција. Матичната ми е ужас. Ја уше од Охрид коа дојдов ѝ реков ако може од фецес за хелико (овде читав дека е поверодостојно) рече не мора. И ми дае за денес за фецес, ама не ми идеше
Преку фецес е поверодостојно да, вака може и погрешни резултати да даде. За хормони така ми кажувале, така и сум правела..