1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тироидна жлезда

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 1 декември 2009.

  1. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Не,само хормони ми испитува интернистот
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    IMG_3454.jpeg Ова е правено 26.10
    Денес бев на ехо на тироидната, рече топ е. Само да направам за месец дена од овој резултат за да проверам/да следам ситуација.
    Шо да праам?
     
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Да кулираш:D
     
    На gjoker4e и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Palepale113

    Palepale113 Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите. Ве молам за ваше мислење затоа шо више полудувам! Ве молам кажете ми дали наведените симптоми може да бидат знак за болест на тероидна или грешам.
    Значи вака, пред 7-8 недели случајно приметив отечена лимфна жлезда на вратот (со големина на едно поголемо зрно грозје да речеме). Штом ја приметив, како и сите, така и јас веднаш отворив на Google што може тоа да биде и во главно пишуваше дека може да биде од инфекција, вирус итн, и дека поминува само од себе после 2-3 недели. Јас навистина почекав 3 недели мислејќи дека ке помине само од себе, но не, сеуште е тука.
    Се јавив кај матичен и ми закажа дури после 10 дена, пошо имале одмор (живеам во Германија). Додека чекав да дојде денот кога треба да идам на преглед, нон-стоп читав по интернет што тоа може да биде и се преплашив (дека ми стои многу долго време). Да напоменам дека стварно во скоро време не сум била настината, ниту пак нешто друго. И така додека си чекав за преглед. ми се појави и симптом на треска. Луѓе немам температура, но секој ден ми се случува по 5-6 пати на ден да се наежам, како да ми студи, ладни морници, се надевам ме разбирате, но температура НЕМАМ. Еден ден се разбудив со болки во зглобовите, но тоа ми помина и веќе немам болки. Ми се појавија и благи болки во грлото.
    Отидов на доктор и докторот ја напипа отечената лимфна жлезда, ми кажа дека е подвижна и да не се секирам, сигурно било инфекција. Му кажав дека две недели секој ден чувствувам студ и треска, ми рече треба повеке да јадиш и буквално ме откачи. Менструацијата ми доцни, често се потам во текот на денот, често ми студи а докторот ништо не сакаше детално да ме прегледа. Луѓе, јас умирам од страв, не знам што да мислам, дали е можеби проблем со тероидната (предходните две години сум изложена на голем стрес), да не имам рак, леукемија и нема што да направам. Дали дека се преплашив, па е се тоа само анксиозност или не знам. Инаку заборавив да напоменам дека не чувствувам замор, нормално си функционирам, и да, имам нормален, можеби малку зголемен апетит, а на тежина ништо не качувам, дури намалив малку, но пак по цел ден мислам само на тоа, по цел ден разгледувам да не имам добиено модринки по телото, ептен сум за никаде психички.
    Ги прочитав 100x симптомите на леукемија и рак на лимфна жлезда и се ептен слични, а сега читав и за теориднава и таму скоро исти симптоми.
    Уште еднаш да напоменам дека замор не чувствувам, по цел ден си функционирам нормално.
    Затоа и пишувам во оваа тема, за да слушнам мислење од вас, што имате здраствени проблеми со тероидната и искуство, дали наведените симптоми може да укажуваат на проблем со истата.
    И да не заборавам, од време на време осеќам гушење во грлото, и ми се случува да имам многу скратен здив, баш напорно.
     
    Последна измена: 18 ноември 2024
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Побарај крвна слика да ти напраат, вклучително вредности на тироида. И мачкај рицинусово масло на вратот, не знам дали помага, ама нема да одмогне.
     
  6. botherme

    botherme Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Здраво девојки, неодамна испитував антитела за тироидна и резулататот кажуваше дека имам повеќе од 700.
    Ендокринологот само ми кажа, имаш хашимото, без да ми објасни ништо, и ми рече дека нема што да се направи бидејќи другите хормони се во границите на нормала (иако тсх ми е на горната граница) и да не се лажам со суплементи.

    Како тоа ништо? Нели ако ги намалам антителата и средам витамините ќе ми се подобри функцијата на тироидната? Барем според тоа што го прочитав и истражив сама, докторката ништо не ми објасни само ми го кажа зборот хашимото.

    Дали некој има искуство со намалување на антитела?
     
    На Biljarkata и TarantulaA им се допаѓа ова.
  7. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    22.174
    Пол:
    Женски
    Јас ги држам под контрола антителата преку безглутенска исхрана.Пробај така
     
    На kozuf, Biljarkata, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  8. botherme

    botherme Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Баш читав за ова, ќе пробам.. и онака нема што да изгубам до следна контрола
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    1.850
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Немам искуство до сега ми рекоа да испитам тироидна на трети ден од циклус, но тој ден ќе биде сабота. Дали е веродостојно ако одам во понеделник 5ти ден од циклус?
     
    Последна измена: 28 ноември 2024
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    ТироиднИ хормони немаат многу врска со циклус.
     
    На botherme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. botherme

    botherme Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2024
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Секогаш кога ќе испитувам ми кажуваат од 3-5ти ден дека можам, ама за тироидни хормони мислам дека нема толку врска. А и провери за секој случај, некаде работат и за викенди
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    44.916
    Пол:
    Женски
    Имам јазли на тироидната, треба да одам на контрола повторно, ехо и хормони проверка, но сакам да одам приватно. Ве молам за препорака каде.
    Филип Втори сум била, не би пак.
    Можеби Систина? Д-р Црцарева? Гледам она е во Нуклеарна одделот, има врска тоа?
    И ако знаете цените како одат би било супер.
     
  13. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    55
    Дали за испитување на хормони на тироидна треба да си гладен?Имам за утре закажено во 11 а заборавив па јадев сега последно во 23:50 ако резултатите ми се навалидни поради тоа што нема да имаам поминато ни 12 да сум гладна ич да не одам.
     
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    7.461
    Пол:
    Женски
    Не. Јади си што сакаш. Нема врска со храна ова.

    Погоре прашуваа, нема врска ни со циклус.
     
    На Biljarkata и Кита им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    34.433
    Пол:
    Женски
    Тироидни хормони немаат врска со циклус, може било кога да испиташ.
    Инаку да си знаеш работат за хормони на Клиника и викенди и празници.
    @Кита за тироидни хормони нема врска дали си гладна или најадена.
     
    На Кита му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Црцарева е одличен доктор.
    Порано работеше во државна, на Патофиза.
     
    На Luminary и flower30 им се допаѓа ова.
  17. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    550
    Дали приметуваш разлика и во симптомите така? Сакам да пробам ама многу тешко ќе ми биде со мало дете и дојам, ама ако вреди трудот се ќе направи човек..
     
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Дали вие што имате јазли,а нормални хормони,ви паѓа косата?
     
    На Bebe3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Romantic

    Romantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    214
    Здраво на сите,
    Сакам да споделам мое искуство со хашимото и хипотироидизам.
    Ми се појавија после пораѓај од есктремен стрес, анксиозност и депресија. До пред пораѓај немав апсолутно никаков проблем со тироидната. Почнав да се осеќам уморна и поспана, случајно направив ехо на интернист кој виде некои промени, проверив хормони и толку беше. Одма ми препишаа еутирокс од 25мг, ама не почнав одма со терапија зашто ми збореа дека цел живот ќе бидам на терапија итн, а и за воља на вистината докторката што го дијагностицирше ова не ми објасни ништо, ни збор (д-р Лидија, Асклепиос). Ја сменив и појдов кај Жанета во Ендомед оти и претходно имав одено кај неа. Ми објасни се детално, и ми кажа дека нема цврст научен доказ дека безглутенска и/или безлактозна исхрана ќе ја излечи тироидната или дека драстично нешто ќе се смени, но секако се препорачува здрава исхрана. Ова ми го кажаа уште 4 други специјалисти (псхијатар, гинеколог и уште други двајца интернисти).

    Да напоменам дека отсекогаш сум била слаба и не сум имала проблем со тежината, активна сум, вежбам со тежина двапати во недела и последните неколку месеци значително имам намалено внес на бели теста, бели рафинирани шеќери исто така. Хормоните на почетокот ги проверував на три месеци, сега на шест.

    Од пред некое време на ФБ ми излегоа видеа од некоја Бекамедика и д-р Марија кајшто кажува дека треба да се проверуваат и антителата, исто како и хормоните, иако Жанета еднаш ми рече дека еднаш покачени антитела, се засекогаш покачени и нема што да се проверуваат. Една медицинска сестра еднаш ми рече дека успеала некако да ги симне антителата, не знам како, не прашав, но ете сепак може има начини.

    Ќе стапам сега во контакт со таа д-р Марија од Бекамедика да видам што нуди нејзиниот програм за хашимото но ако тоа подразбира безглутенска исхрана мислам дека нема да прифатам. И прво сакам да ги испитам антителата па да одлучам што ќе правам.
    Исто така да нагласам дека состојбата ми се подобри откако почнав со терапија, не одеднаш, туку постепено. Тој замор беше ужасен, посебно со бебе бев тогаш и мислев дека ми е од неспиењето навечер и преку ден бев кома, кога спиеше бебето и јас спиев со неа и никогаш не ми беше доволно.

    И трета работа, веќе месец дека како пијам од оние т.е. шотови со ѓумбир, куркума, мед, лимон и црн пипер, се тоа измештано во нутрибулет и на екс. Дали нешто и тоа придонесува, не знам, се надевам дека да оти има антивоспалителни својства, па сигурно не е на одмет, ви препорачувам на сите да си пиете една чаша на ден.

    Се надевам ова ќе помогне некому. Со лесно на сите.:*
     
    На mmaleficentt, xxx-ba, Чанта и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bebe3

    Bebe3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Мене да