Така е. А поготово не е за терапија циста под 5мм, доколку хормонскиот статус на тироидата е во ред. Треба само да се следи во тој случај.
Од искуство кажувам од пациенти со мали цисти. Мали цисти се лекуваат со терпија, со еутирокс поточно за тие што се хипо.А ти треба и да знаеш дека откако ќе се направи пункцијата и ќе се извлече течноста цистата за некое време поново се полни со течност и тоа не го решава проблемот. цистите што се големи се ваѓаат со операција но не секогаш, ако не прават проблем на ФУНКЦИЈАТА на жлездата не се ваѓаат и остануваат таму каде што за да се следат на одреден период. Познавам возрасна жена која што цели 13 години ја следи цистата на тироидна жлезда и прави пункции понекогаш два пати годишно понекогаш еднаш во година, затоа што и се полни одново и одново. Цистите мора да се истретираат дури се малечки ако имаат шанси да растат со времето,тоа се испитува со биопсијата (за каква циста се работи) ако е функцијата добра како што кажав цистите не се чепкаат, затоа тироидните хормони треба да се испитуваат нон стоп
Денес за прв пат бев во Ендомед и верувајте ова ќе биде и последен. Никаква услуга. Мислам дека мене не ни ме прегледуваше докторката. Таа што ми го вршеше прегледот претпоставувам дека беше сестрата бидејќи кај неа пред недела дена си закажав. Беше една висока со црна коса, многу нељубезна. Влегов во ординацијата и ми постави некои општи прашања и само мислам дека ми направи ехо на вратот (како и да се вика тоа). И тоа само, ништо не ни ми објасни. И плус јас со мене и ги однесов хормонските резултати а таа не ни ги погледна. И спомнав да ги види и да ме советува што-како а таа неможам тоа јас, не ги разбирам, еве ти напишав упат и ќе си одиш таму и пак ќе дојдеш овде! Чекај бе алооо ти си нешто како докторка, кажи нешто, бекни нешто барем. Советувај! А не за пет минути таа си лапна 60 денари за ништо!!! Не се могу пари Али зашто бе да и ги давам кога јас таков обичен упат можев да земам и од мојата матична за ниту еден денар. Абе ајде. Никогаш нема да и стапнам повеќе. Ја оцрнува нејзината професија. Никогаш немојте да се зафркнете да одете кај неа. За џабе потрошено време.
Јас одев кај неа. Не е сестрата црната, туку таа е докторката сестрата е плава и е уште понекултурна од неа. Затоа што долго време јас одам кај Жанета, веќе ја имам научено, и на секој преглед јас и останувам по уште пола саат со дополнителни прашања, и тоа претходно напишани на ливче. нема трте мрте, сакам се да ми објасни, сепак се работи за моето здравје. Многу луѓе се разочарани од неа. Порано, пред едно 5 години, не беше таква, не беше толку тмурна, беше насмеана и расположена и еден преглед по пола саат/саат траеше. Ама сето тоа додека не собере доволно пациенти, па сега не се ни замара.
ти од искуство на други,а јас од лично искуство+ професија(медицина).тироидни хормони се испитуваат при секое пореметување на штитната жлезда,па и при откривање на формации во самата жлезда(цисти,јазли итн).доколку има отстапувања во хормоните(хипо или хипер) се применува терапија со споменатите лекови без разлика дали има циста или нема,исто и обратно. ти во твојот пост си пишала дека цистата се лечи со еутирокс или тирозол,затоа ти пишав.јас ти тврдам дека не е така.не е во ред да пишуваме нешто за што сме начуле ама не сме дочуле.сепак е здравје во прашање.
Може, ама може да биде предизвикано и поради нешто друго. Мене буквално ме болеше тироидата, ме притискаше, се додека јадев несоодветна храна. Која ја сменив исхраната, за месец-два болките исчезнаа, а хормоните и антителата се нормализираа.
[/quote] ти од искуство на други,а јас од лично искуство+ професија(медицина).тироидни хормони се испитуваат при секое пореметување на штитната жлезда,па и при откривање на формации во самата жлезда(цисти,јазли итн).доколку има отстапувања во хормоните(хипо или хипер) се применува терапија со споменатите лекови без разлика дали има циста или нема,исто и обратно. ти во твојот пост си пишала дека цистата се лечи со еутирокс или тирозол,затоа ти пишав.јас ти тврдам дека не е така.не е во ред да пишуваме нешто за што сме начуле ама не сме дочуле.сепак е здравје во прашање. [/quote] Не ме свати, и јас имам лично искуство со штитна жлезда и многу познавања од медицина. А исто така знам и доктори кои немаат абер од нивната професија, дипломата ниту искуството не те прават добар лекар. Има искусни доктори кои грешат терапија на слепо па уште работат и убиваат луѓе, нема врска дали си прочитал повише у книга или поинаку си ги добивал податоците но лекувањето на мала циста со терпија е нечие туѓо ама сигурно искуство, тоа не е измислено, тоа е нечие среќно искуство на кое треба да се радуваме а да не спориме беспотреба некои и така си ја имаат скратено маката и треба да сме среќни за нив затоа кажувам МАЛИ цисти оти се лечат на тој начин а големи, не е за радување ако имаш искуство со штитна жлезда како да имаме болест за да се фалиме
Dali znaete da mi kazete dali za pregled na tiroidna zlezda mora predhodno da imam ispitano hormoni, i kade bi mi preporacale da odam za pregled na tiroidna..fala ..
мора да имаш испитано тироидни хормони никако не е можно без нив да ја прегледуваш жлездата, а во зависност од твојата досегашна здраствена состојба и други хормони
Dali nekoj znae sto znaci namalen Anti-TPO? Pravev ispituvanje za tiroidnata i TSH i T4 mi se ok,vo granici na normala,a kaj anti TPO stoi <10, a treba da se dvizi od 10-35. Sto znaci ova?
Дали некој на форумов има проблем со тироидна жлезда, односно прима терапија а во исто време да е во блажена состојба. Прашањето ми е дали терапијата, во случајов еутирокс 25, влијае негативно на плодот? Ако има некој искуство нека го сподели. Фала
Ме интересира за во бременост, дали покачениот пулс може да е знак за некое заболување на тироидната жлезда, мислам на покачени или намалени хормони.
Не влијае негативно на плодот, а ако си останала бремена мораш одма да одиш на контрола бидејќи може ќе треба да ти ја промени дозата, затоа одма на лекар.
Фала ти многу за одговорот, но не се работи за мене, за блиска особа е Фала во секој случај, ќе пренесам
imam bolka od desnata strana od liceto odma pod vilicata i mie kako topce dali e mozno da e tiroidna zlezda zosto taka nekoi mi vikaa deka taka se pojavuvala???
Како се ублажува овој проблем? Во случајов се работи за намалена функција на жлездата - хипотироидизам ?
Не е за мене,па беше личноста и дадоа некоја терапија одамна,после тоа беше на контрола и во 2012 и рекоа дека има подобрување и следната контрола беше во јануари 2013,сега повторно изгледа се влоши,имаше нагло дебелеење и тоа доста е дебела како трудна,сериозно.Оди уште на некои испитувања,јас пишав ете сакав да видам како се справувате,која е причината зашто повторно се влоши? Што да се прави? Некоја храна што позитивно влијае можеби,нешто ... ?