Јас имам повеќе, различни големини се. Мислам дека големината не кажува многу за нивната природа, затоа веројатно ти препорачале пункција или снимање. Пункција немам правено, снимање со контраст да, ништо страшно не е.
Дали ти растат? Јас две имам и споро ама растат.. особено поголемкото. Тоа топче правилно беше (овално), а сега на последната снимка има сменето и форма. Дојам, најверојатно и не би смеела да се снимам додека дојам...
Од последната контрола пред 3 месеци немав промени, ама кај мене се многу јазли така да не ни можат да се пратат сите. Ти пишав во лп.
Може, мене ми беше над 2 може и накај 4 со терапија,а антителата ми беа над 1300 и по втор обид успеа
Да, со тоа што за време на бременоста одев на почести контроли и малку ми ја покачија дозата еутирокс, од 50 на 75. Инаку антителата беа во нормала за време на бременост, потоа пак си рипнаа у плафон. Никој нема објаснување за ова (од тројца доктори што имам прашувано)
Zdravo,ispituvav Anti Tg ke moze li da mi kazete dali mi se ok rezultative dodeka ja cekam dr da mi kaze
Дали може да има варијација во резултатот ако на пример ми земат крв, не сум од Ск, во Авицена ги праќаат резултатите. За некој ден има резултати. Или да си седам мирна и да си одам во Ск како и досега во Авицена. На мисла ми е што во Авицена одма таму е лабораторија се, знам дека некои испитувања не трпат така, и не даваат точни резултати. Доколку се точни и тука би си испитувала затоа што Ск и не ми е баш близу.
Здраво, имам јазол од 33мм чекам да ме викнат за пункција од клиника за патофизија. Тироидни хормони во нормала ама сум преплашена каков ќе биде резултатот од пункцијата а воедно Др ми препорача и операција бидејќи го притиска душникот и со тек на време може да ми прави проблем на дишењето. Ве молам дали некој има слично искуство, како се одвива пункцијата, дали е болна и дали правел некој операција?
Болна е пункцијата и непријатна бидејќи е сепак на грлото, но еве една споредба како за утеха, помалце боли од поправање расипан заб без анестезија. Операцијата е под потполна анестезија, така што ќе си заспиеш и кога ќе станеш ќе биде готово. После тоа малку боли раната и не можеш баш да мрдаш со главата, но не е страшно стварно. Ќе одмараш и ќе помине. Понапорно додека ги пројдеш испитувањата пред операцијата отколку тоа.
Ти благодарам за информацијата, откако дознав за ова само читам по интернетов и паники ме фаќаат . Каде правеше операција и кај кој доктор? и дали ти извадија дел од тироидната или цела? Ме плаши и фактот дека може да се изгуби гласот после операција а мене професијата ми е со многу зборење .
Јас оперирав циста, но беше веќе видлива од надвор и се зголемуваше. Потоа докторот ми кажа дека имало и неколку мали и ги отстранил. Не ми ја оперираа тироидната. Но ако имаш подбрадок ќе ти се намали видливо ако ти е погоре Бев кај др. Недим на максилофацијална хирургија на државна клиника. А пункцијата ја правев на приватно бидејќи на државно требаше долго да се чека за резултати. И мене ми е професијата со постојано зборење и не го изгубив гласот, но осеќам замор после подолго време зборење и се подзакашлувам. Но може и нема врска со ова.
По препорака беше кај тој доктор? Јас се мислам дали на клиника или во Систина, со неколку луѓе што правев муабет нивни блиски во Систина правеле.
Матичната ми го препорача и онака само закажав без да истражам. А после тоа се изначитав многу позитивни коментари на форуми и јас искрено сум многу задоволна од целиот третман. Нормално собите не се фенси и храната е мех, но тоа се два-три дена, ништо страшно не е. Битно беше чисто и сите од персоналот беа фини.